Женско сум, многу добро знам. Се гледа и по коментари во темава и на многу други места. Да не се правиме слепи. Јас сакам на мене да се гледа како на човечко битие, а не ходајуча вагина. И сакам на сите жени да се гледа така. Чудно како не си ја приметил реалноста, ми личиш на добар глумец со коментарите.
Малечок е, уште мисли дека сѐ што лета се јаде. Ќе види кога ќе порасне. Сега омилено му е да се фали дека бил со 19 девојки, ама не, не биле гледани жените како сексуални објекти.
Една од причините што на оваа тема нема машки ислење е токму ова? 5-6 дена тука се препирате и тоа само жени секој нормално си го брани својот став и едно машко напиша и одма оп напад на него со етикетирање а демек се борите против секакво етикетирање . Очигледно е дека не ни сакате да слушните машки став, мислење, расудување на нештата бидејќи она што го имате во главата е конечно без разлика што ќе се напише и каже. Нормално одма следува напад како едно пишуваш а друго мислиш или пак ако се совпадне ќе биде’’ ете такви сте сите ’’ И одма неизбежното ама за среќа мојот не е таков ..... Затоа иако мислев да напишам мое размислување зошто воопшто постои тоа етикетирање се си мислам за џабе е
Lovestoneddd те праша на каков начин се гледани, повели одговори, и мене еве ме интересира. Ама штом избегна одговор, јасно.
Јас не велам дека би ја етикетирал како лесна туку ако веќе од нечија страна и дојде до тоа би претпоставил зошто е така. А напротив ти лично и битерсвит ги етикетирате сите мажи дека на жените гледаат како сексуални објекти.(и нормално ова сите мажи не се однесува на дечкот ти, брат ти ако го имаш и други кои тебе ти се блиски така? )
Па не, никој не рече ни сите мажи ни сите жени, само дека не постои етикета лесно машко, што ете и ти самиот го докажа Може јас да претпоставам дека си сељак?
Битерсвит пиша дека најчесто се така гледани. Тоа значи од мнозинството, не од сите. Фала Богу, мора и нормални машки да има. Инаку да, и од дечко така сум била гледана, и од други блиски личности.
Точно е дека жените се гледани од многу мажи на тој начин како сексуален објект.За мене е несфатливо тоа ама, секакви не има..
А мене па не ми е ништо чудно оти така не гледаат на прв поглед. па ние како ги гледаме мажите додека не ги запознаеме убаво, мислам што душа и срце има??? не разбирам па што има грешно ако не гледале така....
Се си мислам, дека намерно лупнуваш ваква глупост, за да ти се нафрлат со цитирања и да бидеш центар пажња. Ми нема логика, возрасна жена да размислува како тебе. Фуј.
Можеш да. И сето тоа да биде како резултат од претходни постапки мои кои се исти или слични со дефиницијата за сељак, така? Ама ако некоја жена се облечи слично како што се облекуваат сексуалните работнички или спонзорушите тогаш нормално е некој да помисли дека и таа жена е таква. Правам муабет кога некој не го знаеш и го гледаш прв пат.
Објасни ми зошто нема логика..и како сакаш да те гледа некој маж(праф маж) на улица...да ти скенира мозок и да види што имаш во таа тиква твоја???? мене не ми пречи да ме гледаат така и тоа е мое мислење, а ти избори се за тебе да те гледаат поинаку....