Гледаш дека не сакаш да слушниш мислење и си тераш по свое.Го пишуваш само она што ти одговара. Го прочита педер а не жиголо. И да секој што печали со сесуалните атрибути а не со паметот за мене е лесен. Тоа што во минатото па и денес повеќето од таквите се жени не се мажите криви. јас не ги измислив проститутките, спонзорушите(без разлика машки или женски), дами и мажи за придружба. Како да ги наречеме нив, работливи домаќини и домаќинки? А за последното пак што си го напишала не ни заслужуваш одговор. Вообичаено оној каков што е мисли дека се и сите такви, оној што е добар мисли дека сите се добри, оној што е апаш мисли дека сите крадат, оној што изневерува мисли дека сите изневеруваат.
@nena2010 No offense, но тука не се согласувам за тоа дека само одредена таргетирана група се подложни на исвиркување и малтретирање од мажите. Јас, мои блиски, другарки и сите, сите сме доживеале, да чекаш автобус или едноставно ништо да не правиш, висиш некаде, одиш најнормално, а си облечен во тренерки или општо никаква комбинација и пак те исвиркуваат, те малтретираат. А не пак да се дотераш малку повеќе. Едноставно немаме таква слобода како мажите и сигурност и комфорност и ништо не е оправдување за нивното однесување, дали носи една жена тренерка или мини сукња, тоа е нејзино право, а не негова оправдана причина да се однесува пештерски.
Не, ти немаш право да дадеш етикета на женско и да кажеш дека е лесна. Те прашав дали некогаш си рекол за машко дека е жиголо или само го стави за да ти изгледа пошироко мислењето, и одеднаш нема одговор. Со оглед на тоа што повеќето силувачи се мажи (и во минатото и денес, не се за тоа жените криви) и силувачите по физички изглед не се разликуваат од другите мажи, може ли да ја искористам истата твоја логика да претпоставам дека сите мажи се силувачи, па и ти? Или логиката твоја само еднонасочно работи.
Одговорив погоре. Или скратено, ги гледам со почит. Но пошто сум слободен дечко и искрен (а не глумец), некои ги гледам и како потенцијална партнерка. Поискрено од ова амин
Ако сме објективни до крај, у претходните постови жени лепеа етикети за жени,што за мене е пострашно, па не скокна у одбрана ко сега. Објективност мај диар, само тоа.
Па и мене ми залепија етикета, никој не ме одбрани. Сакаш пак да се навраќаме на тоа? Оди ајде, продолжи си со "фин дечко" приказните на форумот, а од друга страна пак коментирај "каква сексоча е некоја" кога сме кај објективноста веќе
А што ако некој е секси и ти го речеш тоа те прави помалку фин? А за тебе, ти многу добро знаеш сама да се одбраниш, само си субјективна тоа е проблемот еве ја ќе ти кажам ако другите не смеат.
Ами кога нема профил како изгледа силувач нормално и дека не можеш да споредуваш со нешто што не постои. И од кај се уфрли и силувањето во целиот муабет . Силувањето нема врска со тоа дали една жена ќе биде оквалификувана како лесна или не. Никој не мисли дека ако една жена е лесна дека е спремна со секој да легне. Тоа се само ваши перцепции за тоа како мажите размислуваат, јас ти кажувам еве јас како размислувам и повеќето мажи со кого сум разговарал, се дружам.
И, што заклучивме на крајот? По коментариве, само жена што е до грло закопчана и гледа во земја дур оди по улица е чесна и поштена. А, ако носи тесен фустан кој и ги оцртува облините на телото, ако има големи гради а носи потесна маичка, ако носи минич или од маицата и ѕиркаат дискретно градите, ако носи тесни фармерки на кои се оцртува задникот е лесна и сака да легне со првиот што ќе и се најде на пат. Жално!
Не те прави помалку фин, треба за бидеш фин за да може нешто да те направи помалку. Да зборуваш за форумски ликови дека се "секси", "јебозовни" и остали ствари и да збориш против објектификација е крајно лицемерно, била јас субјективна или не. Посебно затоа што не сум приметила никаде на форумот да има тема "секси календар на форумџики" и во сите теми кај што се ставаат слики е строго нагласено дека коментирање на физичкиот изглед е забрането. А лесна женска има профил? Пак не кажа дали си рекол за некое машко дека е жиголо. 1, 2, 3 пати изигнорирано, можам значи да претпоставам дека не си
Ами мене ми е јасно тоа, тие не сакаат да слушнат мислење од маж туку им треба мислење по кого ќе можат да удрат бидејќи е напишано од маж. Си помислив да направам копи-паст од постот на Ребека или Херера да видам како ќе реагираат на ист пост а напишано од различен пол ама се откажав.
од кај ги вадиш дефиницииве жити се..праф маж бе душичко, значи да не е педер...Ама па тебе ич не ти текнуело..или можеби сакаш нова тема да почнеме
Ами јас во живо не сум видел ни проститутка па затоа и не сум ја нарекол неа лесна. А не сум рекол ни за некоја дека е лесна. Јас уште во првиот пост реков дека не сум нарекол -етикетирал некоја како лесна поради облеката само реков можам да објаснам зошто помислил некој кој бил со мене. Ти се запна како слеп за стап дали јас сум видел и етикетирал некој маж како лесен. И перцепцијата како изгледа една проститутка или спонзоруша не е измислена од мене, еве некој си направил и спотче
Ти ги сексуализираш жените.. Може јас не сакам полуголи докторки а ти одиш специјално кај такви. Како си ти подобар од мене? Патем се замолуваат членките кои во сдк уста не затвараа против голотија да не мудруваат овде. Не само што е смешно туку е и трагично.
Јас сум човек. И бирам битки кои ќе ги водам. Знам да размислам разумно и да одлучам Никогаш нема да правам исклучиво нешто само за да изгледам добро во нечии очи, а зад грб да му зборувам друго. звучи познато? Од друга страна пак, ниту сум од тие што постојано пишуваат како треба да се облекуваат жените и против голотија во други теми, па на крај доаѓаат во оваа да кажат колку одвратни се сите. Тоа дволичност е или пореметување на личноста? Темата е полна контроверзии, вие се фативте за зошто не сум нападнала некого, само типичен доказ дека битките ги водите против личностите, а не против мислењата. Ок, ова е сѐ што треба да знаеме за тебе. Уште не кажа машка спонзоруша како изгледа? И како ќе си најдеш девојка без скршен денар ако сите се спонзоруши?