Ама како не гледаш дека сте на исто Он иде кај 'полуголи ' докторки заради тоа што се 'полуголи ', а ти не идеш пошто се 'полуголи ' и се сомневаш во нивната стручност. Сексизам at its finest.
Не реков дека идам кај полуголи докторки, примерот беше еден за младата забарка и мојата фобија од забари, ништо поише и ништо помалку. Е па тогаш јас имам право да кажам дека нешто не ми се свиѓа. Те почитувам и со скоро сите твои мислења се слагам али еве ова ми фати око, сум стекнал мислење за тебе дека си реална а ова отскокна од твојот стил.
Не напиша она такво нешто, пишувам според тоа што она го соопшти во темава. И да, морам да се согласам со Џон или кој и да беше. Пристрасна си премногу. Нејзините изјави беа 10 пати по дискриминирачки и осудувачки отколку на момците од погоре, а немаше ни збор од тебе упатен према неа. Да беше Баба Рада или друг, ќе ја разпневте до сега. Малце реално, молам.
Па убаво пишав не е ништо поразличен. Ама изгледа ти не сфати па повторуваш. Џон и еден пример е доволен..
Напиша, само вие прочитавте само тоа што вам ви одговараше. Воопшто не сум пристрасна, ако бев пристрасна нели ќе беше пологично да сум на твоја страна, пошо и онака сме истата личност? Нормално дека избрав да не учествувам во диригиран напад чија цел беше огромно извртување на сите кажани мислења. Затоа што ти рече: 1. Во ред е да речеш дека некој е "невкусно" облечен 2. Темата не се однесува на нешто што им се препишува и на мажите и на жените, немојте да мешате професионални осуди врз однос на облеката, друга е темата И еве сме пак назад, мешаш професионални со сексуални осуди затоа што дозволуваш да те владеат личните чувства. И двете изричито рекоа "Не сум окарактеризирала никогаш женско како лесна, секое женско може да биде наречено лесна" и без разлика на нивните натамошни мислења кои не беа поврзани со темата, ти дојде до заклучок дека тоа е полошо од "сфаќам зошто некои девојки ги нарекуваат лесни". Јавете ми се кога ќе престанете да водите борби врз основа на тоа кој е авторот на мислењето, а ќе почнете врз основа на мислењето. Да, не ги нападнав ни еднаш, и немаше да ги нападнам колку и да ми се разликуваше мислењето од една единствена причина. Не сакав да го извртите моето мислење во лична навреда или нешто што не сум го мислела, затоа што тоа употребувавте завчера, лични навреди.
95% од времето жени со жени овде збориме, чат пат по некој маж сте. Така што, којА сака нека пише, не е важно. Да ти кажам само нешто за силувањето и зошто има врска. Лесна е (и сама си го бара) е буквално МОТИВ за силување и ПРЕЧЕСТО користен израз кога е некоја девојка силувана. А реалноста е дека силувачот ќе силува, без оглед на однесување или облека. Ајде да прашам, како изгледа силувач? Како да знам од кого да бегам? ... никако. Така и вие не знаете “каква“ е жената на улица, без оглед на облеката и однесувањето. Секс може да бара и сака само ако сама експлицитно каже. Сѐ останато е ваша бујна (или оскудна) фантазија.
Не бе, ајде додека тука мажите пишуваат дека скоро сите жени биле спонзоруши, додека викаат дека силување во врска и во брак не постоело, додека негираат дека постои полова дискриминација на работното место ние ќе се караме зошто не сме се испокарале и исповреѓале меѓу себе.
Ама не гледаш ли дека постојано нешто си додавате во конотација дека е искажано од маж, дека е тоа размислување на маж односно на поголемиот процент на мажи. Не дека ќе нема никој што ќе рече дека ’’сама си го барала’’ ама тие сигурно многу помалкубројни од оние кои ќе го осудат чинот на силување. Па ниту дека ако некоја е етикетирана како ’’лесна’’ дека на секој ќе му даде. Пак ќе кажам според мене лесни се сите кои печалат со сексуалните-еротски атрибути кои ги поседуваат:проститутките,спозорушите и дамите за пратња. Нивната облека секако е повеќе што покажува бидејќи тие тело продаваат а не мозок.
Ама како јас тоа да го знам гледајќи било кој маж на улица? Дали е од оние кои ќе речат “сама си го бараше“ или од оние што не се говеда? Така и ти (и било кој) немаш поима ако ме видиш во минич дали сум сексуална работничка или стилот ми е таков
Поголем доказ дека вас ви требаше машко мислење само за да можите да нападнете и да лепите етикети од ракав здравје.
Јас не мислам дека им е лесно. Ниту дека има нешто лошо во тоа поштено да си ја работиш работата, без разлика дали тие е професија проститутка или ескорт.
Па и во суштина не ни треба, освен ако веруваме во концептот на лесни и тешки девојки, и ако баш сакаме мажите да имаат фино мислење за нас. Повеќето овде како што гледам ич не им е гајле, еве за себе да кажам, ич не ми е гајле како ме гледаат. А тие што веруваат во концепт на лесни и тешки девојки, што користат зборови како курва, уличарка, ороспија, радодајка итн. за да опишат било која жена, вклучително и сексуална работничка, не се доволно вредни за да го земам во предвид нивното мислење. Просто сметам дека не ми се ниво на свест за нивното мислење било како да влијае на мојот живот. Мажи или жени.
Жената која стапува во интимни односи кога сака, со кој сака и со колку сака се нарекува човек. А не лесна. Човек што најнормално си ги задоволува потребите и сопствените желби, без притоа никому да штети. Исто и личната волја да си се облекува како што сака. Сите кои мислат поинаку, мажи или жени, возот назад за во 8-ми век слушнав бил во 17 часот.
Што така го свртевте муабетот од дрес код и фактот дека гради и газ повикувале на секс накај тоа која стварно била лесна која не? Или требаше истото машки член да го каже можеби?
Не знам и не навлегувам во реален живот како се однесуваш и обраќаш, ама од тукашните постови не личи така. Што ни е нам испод части според твоја логика, на декан да се обраќаме? Препрочитај се уште еднаш. Јас пред да почне расправија прва ставив слика која подеднакво ги исмева осудувањата кон жените според облека било да е разголеност, било да е закопчана до грло. Не можеш моите сопствени ставови да ми ги објаснуваш низ твој филтер. Ти Лили си конзервативец, хомофоб, имаш скандалозни ставови кон психички проблеми и не почитуваш помлади дискутанти. Нѐ имаш навредувано и оговарано индиректно за обични лајкови од пред сто години. Со сигурност знам кој тука треба да порасне. Тоа е реалноста од склоп на твои куп мислења, па колку сака нека те навредува. Да де, маж мора или да ги сексуализира жените и да не му е гајле што имаат во "тиквата", или да е геј. Доказ колку сте токсични ваквите ликови и за (стрејт) мажите.
И секогаш кога се спомнеше "закопчана до грло" одговорот беше "ама не е за тоа темата" Сакаш да кажеш дека целата дискусија беше извадена од контекст и требаше некој навистина да навреди цел женски род за да ја врати? Апсолутно се согласувам.