Па реков, апсолутно се согласувам. Не знам зошто се обидувате да ја вратите на стариот колосек кога конечно сме он топик. Или оф-топикот повеќе ви се допаѓаше?
Не гледам цел на темава реално ни јас. Како треба да изгледаат жените за да не бидат етикетирани како лесни? А, како тоа КАКО? според кого оценуваме? Има некаде кодекс? правилник? Македонско - балкански - кодекс за лесни жени? Или средно - европски кодекс за лесни жени? Или демократско - амерички?! Како оди ова? Токму предрасудите го креираат самото прашање во насловов на темата. А кога сме кај нив, тука на нашиве простори, сеуште ги има и тоа како. За све и свашта. И глупаво е реално и да искажеме мислење за темава, кога очигледно има сеуште многумина што ќе нападнат со аргумент дека Жената е пристојна ако е облечена во што позатворена облека, ако не се смее гласно, ако зборува помалку, ако го слуша машкото, ако одбива секс, и уствари нејке секс, туку има секс само како средство за репродукција - читај ( мажот мора да ја земе невина по можност, или барем со еден партнер максимум, толку се толерирало сеа по ново тука ( локални норми и кодекси член. 26) и да го сака сексот максимум 3,4 пати , чисто колку да се има обид за деца, пошто мора да е пристојна. . инаку ќе е лесна. Желба, иницијатива за секс, или фетиши, тоа спаѓа веќе во 9ти круг на пеколот типката... Па да прејдеме после на изгледот... тетоважи, експерименти со стил, изразување креативно преку облека или изглед, фризура, пирсинзи, хулахопки мрежести, и секој др детаљ што можеби девојката сака да го има на себе од пуста желба за облекување што си ја има секоја девојка, се тоа спаѓа во ѓаволштини што смее само на порно да ги гледаат мажите и да се палат, а ако ги видат во живо на жена, тогаш е лесна... И мислам дека ако продолжам ќе треба на протести да излеземе, ЈЕР зошто сеуште побогу се зборува за ЖЕНА САМО? ништо не ја прави ЛЕСНА! Предрасудите и ставовите наметнати уште од мали нозе со тоа дека мажите и жените уживаат различни права во секој поглед, се тие што предизвикуваат воопшто било како да етикетира некој одредена жена како лесна, врз основа на физички изглед, облека, стил, однесување, и тн. А не самата жена. Фрлете ја во канта темава, и аман веќе почнете да отварате паметот и видиците.
А дали леснотијата/тешкотијата се мери во зависност од тоа кој период од месецот е? Пошто има денови кај што се осеќам преубаво, ми доаѓа да се облечам, тип топ да се скоцкам, да покажам кожа. Сукња, штикла, малку поинтензивна шминка. И не го правам тоа за да ми свиркаат на улица и за да се полнат нечии усти, туку ете оти така секси се осеќам тој ден. Има денови кај што сум како од поплава исфрлена, едноставно има денови кај што сакам да не излезам од кревет и цел ден да го поминам во пижами. Тогаш на човек не личам, а камоли на девојче. Кога сум лесна, кога сум тешка, кога сум appropriate а кога inappropriate?
И мажот и жената можат потполно да носат што сакаат само во приватната,а само делумно во јавната сфера. Никој нема право да им кажува каква облека треба да носат дома или до маркет,а и меѓу пријателите. На некои членови не им се допаѓа муабетот за почитување на дрес код,но во реалноста тоа е нешто што постои и мора да се почитува онаму каде што е назначено. Да,покажувањето на малку гола кожа не треба да ја означува жената како лесна. Сепак... Стереотипите се пренесуваат низ генерациите и скоро сите подлегнуваат на нив како да им е нешто вродено. Но,има и луѓе кои не обрнуваат многу внимание на стереотипите,а пак можат да формираат негативно мислење за другите врз основа на она што го гледаат. Едноставно,нешто е во ред,а нешто не е. Бидете реални,не е во ред да се носи мини здолниште или големо деколте пред мали деца и уште да се открие дел од телото при неправилно седење. Некој човек ќе рече едно,а друг друго. И да не помислат дека жената е лесна,ќе помислат дека е некултурна и неинформирана. Истото важи и за мажите. И јас не сум често закопчана до врат,но секогаш внимавам да не ја преминам границата.Не е поради тоа што ќе помислат другите,туку поради сопствениот осет. Јас лично не етикетирам луѓе според нивната облека.Се трудам да разберам повеќе за нив и да ги запознаам,па потоа формирам мислења за нив. За да се намали влијанието на стереотипите и за да исчезнат истите,треба да се смени менталитетот на народот,но тоа е невозможна мисија во време кога на никој не му се мрда со прст.
Не е проблем што мислиш, туку однесувањето на општеството кон различни лица. Зошто "дамата" да добие поповолни услови од "вулгарната"? Дали навистина поседува повеќе квалитети? Дали манирите прават некого подобра личност, поспособна? Вистината е... не, не прават. Само индивидуалните мислења, кога ќе се соберат во група, создаваат нереални и неправедни стандарди. А невистината, неправедноста, нееднаквоста, се исти, дали еден, или милион да се согласат. Тука ми текна на муабетот со маж ти оти мислел дека си кардиолог. Не знам во која смисла го кажа тоа, ама јас лично како комплимент не би го сфатила. Како изгледа кардиолог, а како "нешто" друго? Оти, мозокот па и не е баш видлив, знаењата не ни се во ноктите, униформата...
Самиот факт дека пристојно е облечена кажува дека самата себе се цени. Не сака да е експонирана, да привлекува внимание кое добро знаеме како се привлекува. Ги спомнав и манирите. И тоа игра огромна улога. Сакале или не, провокативно облекување повикува кон нешто кај машкиот пол, а кај повеќето од од жените не јавува баш пријатно чуство. Мене лично (а и 99% од жените што ги познавам) ми делува како да не се цени доволно и има потреба да го покаже своето тело повеќе од што треба. Менталитет, конзервативност, како сакаш наречи го. Едноставно така делува. Може тебе не, ок, не може сите исто да мислиме. Тоа што го спомнав за маж ми не важи само за него туку за грото луѓе. Јас освен на форумов на друго место никаде немам чуено - како тоа ти смееш така да размислуваш. Мислам... Боже мој, седиме со другарки дискутираме и не се слагам во некои работи но никој не излага повреден од тоа. Овде на клада, готово. А глумење либерте за сите пари. Мислиш ги плаќаат.. Каде јас навредив некој зошто не размислува како мене? Реков ќе видите, не е така ко што мислат. И навистина не е. Сама знаеш, во исто води сме. А точен одговор зошто маж ми така мислел може утре да ти дадам, сега е дубок сон јас лично, го сфатив како комплимент, со оглед дека сега сум му жена верувам лошо не мислел ... Одам да спијам и ја
Абе има тема "колку се почитува дрес кодот" или така нешто, и таму магично сите се за строго почитување на дрес кодови и ептен им смета непочитување на истите, па има муабети за колешката што оди во проѕирни хеланки на факултет и за онаа што оди во минич и деколте на работа. И таму на сите им смета оти темата е така поставена, да си дама и префинета нешто као, или кој знае каков професионалец, ако ти смета кога некој е несоодветно облечен. Тука истите тие на клада ставаат личности оти го кажале истиот муабет од другата тема. Таму се изназборевте за физички изглед и за облеката на другите девојки, тука кажувате не било во ред ни да помислиш дека не е соодветно облечена за позицијата. Ок, вие си знаете, само некако ептен лицемерно е.
Тој рече дека оди кај убави докторки, не кај полуголи и ако некој дискриминира според начин на облекување, и не му изгледа стручна докторка по високи чизми, еве тој фаворизира по естетика на тело и лице, ама вели бара и квалитетна услуга како клиент. Не знаеме дали ќе ја посетува сеуште ако пломби често паѓаат. Исто е или не е исто?
Прво проститутка некаде е законски регулирана професија која има фиксни тарифи и плаќа данок. Некаде е нерегулирана злоупотреба, која е во сржта на трговија и малтретирање жени. Проститутката не глуми дека те сака за твоите пари, "спонзорушата" иако и ова ми е гнасен израз-да. Али ако некој сака да им плаќа , со свои пари,на едните или другите, негов избор. Се дури ме им гази на другите врз нозе. Плус и Адријана Лима и Жизел заработуват со своите телесни атрибути и носење танги и мини , па не верувам дека некој ги смета за "лесни" Или разликата е во "пари" и "многу пари"?
Сега може да се правите не знам колку либерални па тука да расправаме дали проституцијата е професија и дека го одобрувате тоа а милион жени да прашаме дали сакаат некогаш нивните деца да бидат проститутки, одговорот же биде кај сите -не. И не е муабетот дали е нивни проблем или не туку што ќе мислат другите за нив, а мислењето нели не е забрането. Не знам за другите ама за мене лично секоја жена што има професија каде го користи мозокот а не телото за да заработи ќе ја почитувам повеќе.
Значи не почитуваш келнерки, работнички во фабрики, чистачки, собарки, готвачки, жени што работат земјоделие, сточарство, производство итн.
Многу сакаш да извртиш некој збор така, тука јас не можам да ти помогнам ако треба да разглабам на што мислам јас кога викам дека некоја жена печали со телото а не со мозокот. Мислам дека не заслужуваш воопшто и да ти реплицира човек.
Додека легално си го печали лебот, тебе никој нити ќе те праша што да работи, нити ќе бара твое одобрување.
Јас ги разбирам. Ако не можат со мозокот или се несигурни во себе бидејќи се помалку способни одат на варијанта-настегам се, цицка, минич, деколте, кило нападна шминка, избањата во парфем. Додека онаа која е сигурна во себе и во закопчана кошула со руска крагна и со сукња до колена ќе биде паметна, секси и ќе шармира. И треба да има дрес код во секоја фирма, институција. Како што докторот, келнерот, цајканот, пожарникарот, готвачот, инжињерот и тн имаат работна униформа, тогаш и во администрација, банки, адвокатски друштва итн треба да имаат дрес код. А не се настегала во издрпани фармерки од кои висат парчиња, деколте со полуголи цицки, уста дуплирана со дреч кармин и на шалтер. @DAngel навистина му го изврте муабетот на @Milan93 , тој не кажа дека не ги почитува готвачките, келнерките и тн. туку рече дека повеќе ги почитува оние кои го користат мозокот наместо телото за да успеат, а келнерките, чистачките, готвачките и тн..не би рекла дека не користат мозок, и таа работа не е лесна, може не се научници ама не значи дека работат без мозок. Ако гледаме така на работата, повеќе ги навреди ти со твојата неоснована критика кон него, дека не користеле мозок.
Па види, додека поштено и легално си го заработува лебот, мене не ми е гајле како стигнала до него. Ниту пак него некој ќе го прашува за дозвола. Зошто мислиш дека сексуалните работнички не користат мозок? Професијата е некогаш избор, некогаш среќа. Ако нејзе и е ок да го работи тоа што го работи, ти можеш само да збориш по форуми.
Пак се враќаш на тоа дека не ти е гајле како стигнала до лебот, што не ми беше поентата тоа. Нема врска дека сексуалните работнички не користат мозок, ама сакаше да се направи некоја разлика дека тие повеќе користат други атрибути. И никој не го оспори начинот на тоа како си го вадат лебот. Нивна работа. Ама нема врска. Правете си муабет.
А дали сте виделе сексуална работничка, проститутка, курва..како сакате наречете ја, кога е на работното место, на пр. кај нас пред МТВ дали се облечени со ролки и сукњи до глужд? Ете и они имааат дрес код
Конзервативно и нереално и неточно ќе го наречам, оти тоа е твое мислење, кое не е аргументирано, ама секако си имаш право на истото. Не на форум, секаде ќе го кажам ова, не знам зошто не би? За другите, пак да повторам, не можам да зборувам во нивно име, само во свое. Им рече патем “не е така како што мислите“ и малку им кажа дека се дечишта што ништо не виделе, а тоа не е во ред Лили, просто не е. Ако сакаш да доловиш смисла, треба да ја аргументираш. А не “ќе видите“. И мене ми викаа дека ќе видам, еве ме, 10 години подоцна, уште не сум видела ништо што ќе ме убеди дека треба да конформирам со останатите кои почитуваат и практикуваат вредности и норми со кои јас не се согласувам. Како тече времето, отпорот не само што не ми се намалува, туку ми се зголемува, оти ако порано мислев, сега башка и сведочам на премногу неправди за да се правам слепа. На крајот, не станува збор тука за Лили и нејзиното мислење, ниту Камелија и нејзиното мислење. Нашето мислење е скроз небитно. Битно е дали тие кои нас не ни се допаѓаат добиваат ист третман од општеството како и ние. Дали добиваат полош, или пак подобар? Ако е да, на било кое од овие, има проблем. Ако е не, тогаш... може да си збориме до бескрај, небитно е.