Користат и пејачките, танчерките (и оние на шипка, и оние кај што деца запишуваат на денсање) и фитнес тренерите, и актерките, и водителките, и манекенките... и секако, сите овие се без мозок, таман работа. Колку ограничено, језивко дури малце.
Што е ограничено и "језивко" ? Не знам дали правите разлика од мојот коментар и коментарот на муабетот на Дангел и Милан93, не ми е јасно стварно. Професиите кои си ги набројала не знам со која намера ти беше, јас само спомнав дека се вади од контекст кажаното на Милан93 и погрешно му се додаваат зборови кои тој не ги кажа а сигурна сум дека и не ги мислеше во таа смисла како што вие сега ги "разглабате"
Насловот нема смисла. Надворешниот изглед на страна ставете го, нема апсолутно никаква врска со етикераните туку се зависи од тие што етикетираат.
Зошто мислите дека танчерките, келнерките, хостесите....се лесни жени ? Зошто према професијата се етикетираат девојките и жените? Зошто сите мислат дека жена во костим и на шалтер неможе да биде лесна жена?
За жал, повеќето од мажите, да ги прашаш што е лесна жена, би ти дале погрешен одговор. Тие не знаат дефиниција за лесна жена.
Епа според твојот одговор, треба некои кои етикетираат да се запрашаат каде спаѓаат тие !? А и изразот ,,лесна жена,, за мене е дискутабилен. Еве зошто.... Ако лесна жена значи дека со два реда муабет можете да ја однесете бо кревет, зошто сте сигурни дека вие не сте лесен маж?Можеби тоа и било целта !! Сексот е заедничко задоволство на мажот и на жената, па можно е и жената да го носи мажот во кревет.
Според мене, да тежат 30 килограми со сѐ креветот . Во таква ситуација и мажи и жени се лесни ( можеш да си ги земеш во раце и да бегаш ) . Се шегувам само . Не може да се одреди која жена е " лесна " според професија, облека и сл . Сум видела девојки закопчани до врат , па легнуваат со дечко на прв состанок . И речиси голи , па не легнуваат со дечко и по десети состанок . Така да , нема мерило за тоа .
Реално ко ќе престанат жените да обрнуваат внимание на тие што им стават етикети за лесни, а едни од тие се лузерите шо дома имаат жена и деца ама се рецкат по биртии. Мислам дека кога жената ќе си има свој став и кога ќе си верува себе си, ќе знајт која е и нема да и е гајле за некој лузер каква етикета и ставал.