1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како треба да изгледаат жените за да не бидат етикетирани како лесни?

Дискусија во 'Сингл' започната од si.exs, 30 декември 2011.

  1. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Машки
    Од физички изглед и облека,мојот радар ги детектира следниве работи:

    Коса-прамени со премногу дречливи бои создаваат кај мене чувство дека девојката е малце пробламaтична.Пр.на плава коса 4-5 големи зелени прамени,или на црна коса розеви прамени.
    Не знам,не делува женствено и делува лесно.

    Шминка-не претерано,значи умерено.Колку помала површина е зафатена со шминкањето толку подобро.

    Тетоважи-околу тетоважите кај девојка сум неутрален.Доколку има тетовирано костур на левото рамо,кукаст крст на десното и револвер на стомакот,тогаш добивам впечаток на прв поглед дека се работи за моторџиски тип на девојка со национал-фашистички тенденции. :D
    Уште ако седи со раширени нозе со пиво пред неа,бегам.Таа комбинација може да помине само ако револверот покажува надолу. :D Од друга страна,доколку од естетски аспект има некоја фина тетоважа независно дали е пеперутка,Бог,некој интересен симбол или нејзин музички идол тогаш е ОК.
    Ако има ептен безвезе тетоважи како оние тетоважите од ЈНА на времето тогаш пиши пропало.

    Девојка без пирс ценам повеќе од девојка со пирс,ова само врз основа на овој критериум.Тоа не значи дека генералното мислење за девојка која носи пирс не може да биде подобро од девојка која не носи пирс.

    Провокативното облекување е ОК се додека се внимава да не се претера.Јас лично не сакам цела дискотека да зјапа у гаќичките на некоја девојка.Значи проѕирни варијанти не.Повеќе ценам девојка облечена у гаќички од девојка облечена у танга.Облечена прилично кратко но без притоа да и се гледаат гаќичките у дискотека,но е доволено кратко за да во изолиран и дискретен амбиент само на момент флертува откривајќи ми дел од своите бисери. :D

    Околу градниот дел,не е вкусно да покажуваш 95% од површината на твојата цицка,а само да ги криеш брадавиците.Не е фер. :D Или извади ја цела,или облекувај се малце попристојно,а тоа би рекло можеш да откриеш околу 50-60% од површината на градите.

    Околу девојка у ролка и фармерки vs девојка у минич,мислам се отиде у екстреми.Мислам главната поента на машките е не дека не можеме да се затрескаме у девојка со ролка,туку дека на старт посилна визуелна стимулација ни предизвикува девојка која е попровокативно облечена.Да речеме на скала, девојка со ролка добива 3-4 поени,девојка која е провокативно облечена добива 5-6 поени,и толку.

    Нормално,девојката треба да има и добар карактер и еден куп други работи кои беа кажани у други постови.Некој интересен микс од сериозност и сексипилност.Не можеш постојано за секс да ми зборуваш а од друга страна не можеш постојано да мрчиш.Најди си го сопствениот баланс.Тука би го додал и однесувањето у јавност.Главно,немам некое високо мислење за девојки кои во период од 30 минути,20 минути ги поминуваат у правење на гримаси,и неконтролирани изливи на хи-хи-хи,ха-ха-ха.
    Што знам,не е тоа држење и однесување кај девојка за сериозна врска.Значи не претерано опуштено у тра-ла-ла фазон,ама не и претерано сериозно како да излегуваат од комеморација. :D
     
    На Antonija123, Butterfly15 и Massimo им се допаѓа ова.
  2. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Фино и коректно прашање и ќе добиеш фин и коректен одговор. Сепак ова е мое лично мислење и не земам на себе дека е став и на други машки.

    Јас сум визуелен тип и физичкиот изглед ми е битен, да те лажам дека не ми е нема смисол. Така да немам намера да се преправам дека само памет и карактер ми се битни.

    Во контекст на твоето прашање. Изгледот барем 50% и машките и женските го правиме ради спротивниот пол, да не се лажеме дека е само ради сопствен ќеиф. Вие не се шминкате за сами себе да си се дивите во огледало ниту ние одржуваме линија и имаме стомачни само ради себе, нема шанси :D. Изгледот голем дел е и да се привлече внимание на спротивниот пол свесно или несвесно ама еден и една нема на која комплимент од типот колку си згодна денес не и значи и ќе и биде сеедно :D.

    Јасно е дека една девојка која е СИНГЛ и сака да најде дечко бара начини како да зголеми шанса да најде примерок од машки пол по нејзин терк. Затоа некоја ќе се облече провокативно за да биде приметена, друга ќе проба со хумор, трета ќе му збори за заеднички интереси, секоја наоѓа метода со која смета дека ќе биде најмногу успешна. При тоа привлекување машки погледи некои девојки знаат да покажат и деколте и минич до пич (долги нозе) итн итн итн. Секоја има свој стил нели. Некоја ќе си оди со ролка а некоја со деколте ама да не се лажеме дека таа со ролката не би сакала да и пријде привлечно машко и да и рече колку си само згодна вечерва :D

    Но ако веќе е во врска, значи има дечко таа веќе нема потреба да привлекува нови потенцијални удварачи и затоа веќе нема потреба од (пре)многу провокативно облекување односно покажување на физичките атрубути, тоа веќе не е императив и затоа што немам намера искачањето да го претварам во бокс меч и да ги бркам сите кои добиле впечаток дека е сеуште отоворена за нови пуштања одредена корекција на стилот на облакање ќе има и нема тука ништо спорно. Не ми е ништо чудно она да смени нешто кај себе ради мене (ако неа не и штети) исто како што и мене не би ми сметало јас да се сменам ради неа (ако не ми штети). Уште поубаво ако од неа имам корист и научам или добијам искуство кое мене ми подобрува квалитет на живот, тоа би била ептен супер врска надвор од обичното те сакам ме сакаш и сексот не и е убав.

    Кај моите ќе оди соодветно облечена на ситуацијата, не одиме во диско и секако нема да и се гледат цицките или нешто друго, сепак не збориме за глупача туку за девојка со мозок, кокошки во човечки облик не не интересираат и не ни се тема на муабет :).
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Во физички изглед:

    -прво и основно се истакнува или нога или деколте, двете наеднаш?- етикетата ти е залепена па ти биди си мајка Тереза ако сакаш.
    -пренападна шминка во комбинација со првото- :x

    Во однесување:

    -прекумерно зборување за секс, дрти токс, сочно пцуење..
    -прљаво играње со машко во смисла триење на газот од неговиот патент КхНнмМм.. :!:


    Заклучок: Немора да бидеш светица и замотана од глава до пети во облека и чевли без штикла. Ако имаш добра цицка, покажи деколте ама немој и минич до пич. Имаш долга, добра нога на која ненормално многу добро стои висока штикла?- Стави 12 сантима висока штикла и минич, ама немој деколте :!: Сакаш машко за една вечер, секс без обврски?- Истриј му се од патентот, покажи и цицка и газ во исто време, кажи му која ти е омилената секс поза и терај со него.Секако нема да ти пријде некој кој сака да биде за озбилно со тебе. Сакаш дечко за озбилно?- Привлекувај со насмевка и прави културен муабет. И после се жалат по форуми, добил дечкото што сака и не и се јавувал пак, епа така ти си се поставила сестро! Запоменете колку повеке кожа ке покажеш, толку поголеми се шансите никогаш повторно да не ти се јави, дечкото видел веке што сакаше. Оставете нешто на фантазијата. :)

    И секако да не ги заборавиме чесните исклучоци на ороспијски облечени со супер карактер, за кои се кружат муабети во град измислени од некои си таму љубоморни кучки и се почесто облечените како калугерки кои цел град ги поминал и за фините измислуваат глупости.

    Исцрпен и збунувачки пост кој разбра разбра, и заклучок од заклучокот е дека нема погодија. :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Ако постои нешто полошо од девојка замотана со мало крпче сатен и со ајлајнер развлечен до слепоочниците, тоа се ваквиот тип на девојки! Ваквото однесување за мене е едно од најголемите злосторства на простата раја. Паметна девојка не сум сретнала да го прави овоа, барем не сеуште.

    Во врска со тој dirty talk, Црешичке не се баш согласувам. Точно дека ако некоја зборува валкано ( :D ) со сите и се разбацува со некои си такви муабети, човек ќе се запраша што е работата со неа. Но со дечкото со кој бевме заедно цела година, знаеш ли како започнавме? Со разговор за книги, музика, филм и многу, многу, многу dirty talks :) Па секогаш ме почитувал, еве и сега кога не сме повеќе заедно знаеме да се слушнеме и да зборуваме за тоа како ни оди во животот, што правиме моментално итн итн.

    И ако е провокативно не значи дека е невкусно, вулгарно и кич :)
     
    На anuskaNESTLE, HardSex и creshicka им се допаѓа ова.
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Не не, Магнолија мене ми беше зборот за такви кои само што се запознале со некој значи уште првата вечер дрти ток, не зборувам за во врски, во врски тоа е оправдано ама со некој кој само што си го запознал... тоа некако не е нормално. :D
     
  6. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Фала ти XMaN на искрениот одговорот многу добро ми одговори на прашањето.

    Е сега бидејки јас сум си љубопитна и не са страмам да прашувам има уште едно нешто што не ми е јасно.
    Оваа што го напиша HardSex ->
    Нели пепертутки порано ставале проститутките/курвите наместо да ѓи жиглосуваат (или како и да се нарекуваше тоа :D ).Така значи ѓи етикетирале.И сега зарем сакате девојка со таков знак :^)
    Може и да сум грешка да било некој друг знак но се мислам дека не сум :) Штета што тоа многу малку го знаат особено ние младите...
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Massimo

    Massimo Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    11
    Темава е како треба да изгледа за на прв поглед да не помислам на .... ? Ако е само изгледот јас би рекој вака: Koса со еден збор средена и без некоја неон плава боја, надградби и локни до нозе. Шминка исто со еден збор незабележлива. (значи кога ја гледам да не приметувам колку и се мачкани очите, колку многу пудра има, исто да нема огромни нокти ми е битно или накит кој свети со бои и "дијаманти" од километар) Мене искрено девојката ми е поубава без црвен кармин или 989870976 бои околу очите. Облеката со еден збор (исто :D ) да биде пристојна, може дискретно деколкте ама не заедно со мини минич па да не знаеш кај да гледаш попрво :D Штиклите се веќе мода и за седмооделенки па за тоа не би дискутирал (само да не се во боја и комбинирани со стајлингот погоре). Има тука и една обратна ситуација кога изгледаат сосем ок но начинот на изразување и комуникацијата ги издаваат дека уствари се лесни. Ама ако е за изгледот тоа погоре би било по мое.
     
    На Antonija123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Машки
    @Hiii

    Јас лично,немам ништо против пеперутката. :D Се додека е фино изработена тетоважата,ОК е.Кога ги пишував опциите за тетоважа воопшто ни на крај памет не ми падна ова ти што го пишуваш.
    За мене пеперутката е нежно,чувствително и ретко суштество кое тешко успева во средина со загаден
    воздух како овој нашиов. :D

    Инаку некоја девојка може да има тетоважа со некоја јапонска девојка,затоа што да речеме ја почитува јапонската култура.Секогаш постои можност некој од страна да се јави и да ја прогласи за македонска гејша.Лично мене ако ме прашуваш јас би немал ништо против тетоважа на јапонска девојка кај цурата.
     
  9. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    јас за да етикирам некоја девојка како лесна мислам дека не ми е пресуден изгледот (што носи)туку СТАВОТ(како го носи) на девојката...доколку си скромен и гол да шеташ ке бидеш невидлив добро не баш невидлив мислем... никој нема да помисли дека сакаш да си го покажуваш телото туку сите ке помислат дека или нешто лошо ти се случило или немаш што да облечеш- во глобала ке те сожалуваат
    е сега ако ти излезеш и парадираш (се галиш со раце по тело-облините,ги влажниш усните со јазикот на секои 5сек) со телото, кокетираш со секој човек па и три бунди да носиш на себе џабе ти е..
    еве на пр. иста гардероба а различен став
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На si.exs му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Па реков јас дека ние младите многу работи не знаеме и верувам дека 80% од луѓето не слушнале за оваа и затоа им е се едно и нормално, исто како и целовкупно за сите тетоважи...Но знам дека сега темата не е тетоважи и ако речам нешто сигурно ќе бидам погрешно сватена.
     
  11. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Не прави будала од себе, следи го златното правило за разголување, не биди глупа и не се понашај ко да не знаеш да завртиш два основни муабети освен за шминка, накит и коса.
     
  12. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Се извинувам што упаѓам вака во вашите муабети, но морам да кажам што мислам.
    Се согласувам со мислењата дека ние женските сами себе си се етикетираме, односно, една со друга. Кога ќе видиме некоја девојка облечена премногу провокативна, веднаш ja дефинираме како лесна(барем јас). Лично јас, се облекувам провокативно точно и сакам да сум привлечна, зошто да не? Но никогаш не претерувам со тоа.

    Е сега има разлика од изгледот кај жената.
    Секоја жена си има различен стил, различно мислење и различен став. Можат две жени да облечат исти фустан, а сепак да изгледаат различно.




    Се зависи до карактерот. Јас можам да облечам краток фустан, да изгледам провокативно, но внимавај, изгледам провокативно, а не лесно. Да дојде некое момче кај мене, да ми каже ајде да одиме некаде на само, сигурно дека нема да го прифатам! :!:
    До некаде оценуваме според изгледот, но кога поубаво ќе ја запознаеме личноста и најпровокативно да е облечена, ќе дознаеме дали и колку е лесна.
    Секоја жена сака да изгледа убаво. Секоја жена сака да ја гледаат, да зборуваат колку е убава, колку е згодна и слично. Жената затоа е родена, за да биде убава!
     

    Прикачени фајлови:

    На srcekrsacka, lovely91 и Danilela им се допаѓа ова.
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Треба да мириса на самодоверба.
    Се додека се поставуваат вакви прашања, самите си лепиме етикети.
     
  14. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Повеќето гардероба ми е попровокативна, но не претерано. Сакам да носам облека која ме оцртува, добро ми стои, но не е нешто претерано вулгарно. Е сеа имам и таква понепристојна облека и понекогаш ми е кеиф така да си излезам навечер со другарките.... тогаш знам дека ако некој ми пријде што очекува од мене и кај му е паметот, кај што му се очите, па не очекувам нешто, не ни имам нешто, ги одбивам дечките и тоа малце ги збунува бидејки си мислат дека штом сум така облечена мора да сум по давањето... Ми се случило некои што сум ги одбила од лутина после да збореле дека имале нешто со мене , што е многу простачки ...
    Кога бев во врска со бившиот секогаш кога ќе се облечев поразголено од идење накај центар вртеше назад кај него во стан :lol: така да, после почнав и поприбрано да се носам...
    На почетокот и на работа одев провокативно облечена, ама откако почнаа будали да ми се врткаат тука, сама си се прибрав . Е сега веќе се облекувам попристојно, не носам деколктиња, и сл. но сепак делувам секси и во ролка и фармерки. Се нервирав како ми приоѓаат се битанги, но всушност и јас сигурно со изгледот сум придонела. А прошлово лето забележав нешто што ме зачуди еден ден излегов од дома најнормално во фармерки и една маица која не е деколтирана и не е многу тесна ама убаво се познава ( гради , струк) многу пристојна што ми ја купи мајка ми , а јас искрено такви '' озбилни '' маички немам и викав нема да ја облечам, но кога прошетав јас така пристојна освен комплиментите од бившиот кој си сака разголено, забележав дека ме загледуваат еден друг тип на мажи ( онакви поозбилни што делуваат и да не претерувам во описот, типови кои не се вртат по женски ,а се самите топ ) така да заклучив дека со моето разголено појавување нема да привлечам таков маж каков што сакам за себе ... а потоа кога веќе ќе бидам со него нормално дека ќе си дозволам и повеќе да го провоцирам , но сепак ... за почеток би избрала секси а прикриено со денешниов памет :!:
     
  15. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Машко што потрчува по најблиската мини сукња е заглавен у основно-средно прелаз, без исклучок до сега така се покажало, во моето опкружување. Маж, од друга страна, е умерен, смирен, има вкус, самоконтрола и квалитетен мозок, и најбитното - го користи. Секој напален мајмун има очи за да забележи цицка, поентата е да одолее на обична глетка и побара нешто подлабоко, и не, не мислам на деколте тука. Со голење и понашање -ја сум главна и најубава тука- се привлекува сељак без некои високи очекувања ниту преголеми критериуми во поглед на интелект. И немојте со тоа нека е гола битно да има памет, да има памет нема да е гола. Сите жени кои ги познавам и сметам за особено интелигентни и посебни, во животот ги немам видено да изгледаат евтино, од роднини до професорки. Многу е просто уствари, жена која изгледа вкусно и префинето делува како жена во вистинска смисла, паинер фуфица не му е интересна на прав маж.

    А кога женско коментира за женско, не само што се осеќа загрозено, него ѝ пропаѓа цела вечер. Па ако е таа со деколте, оваа вади слоеви алишта дури да стигне на исто рамниште па да се мери. Кој сака бе таква? Колку има во умот и колку се поштува себеси чим си дозволува такво спуштање? Жена која се сака себе и ужива во сопственото ОБЛЕЧЕНО тело нема ни да ја примети таквата, ќе си тера свој филм и ќе си пројде лудо и незаборавно без оглед на морето миничи во локалот. Што воопшто има да перцепира лесни околу па и да си одзема од вредноста наспроти нив, одма знаеш дека е глупа. Вака ќе знае дека тој што ѝ се закачил на неа, ѝ се закачил заради неа и зашто видел нешто повеќе од цицки на тацна. Самодовербата привлекува. Токму таа во кошула со самодоверба до плафон е попривлечна од полугола која си компензира за комплексите. Па и двете да се облечени, пак таа која е позадоволна со себеси ќе е попривлечна од таа што е можда поубава на лик. И нема мерна единица, тоа се гледа на фацата.
     
    На srcekrsacka, Rose96, drugarka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.500
    Допаѓања:
    1.581
    [​IMG]Вака сигурно не :wasntme:
     
    На mims-89, Rose96 и Li0ness им се допаѓа ова.
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Со кујнска престилка врзана во 5 чвора.

    Ги читав мислењава нагоре и искрено малку повеќе ме збунија оние на феминките. Од мое искуство, имало муабети и за лесни женски кои буквално од панталони немаат излезено. Корелацијата краток фустан, лесна женска не ми држи вода. Постапките го дефинираат човекот а не гардеробата. На некој идиот и во вреќа од компири да им отидеш и да му кажеш Ај дој до ВЦ да ми го пернеш, да не ќе ти каже не?

    Факт е дека секое женско кое сака да се почувствува како женско се дотерува. Кој не сака да биде забележан? Кој не се радува на комплименти? Ако јас се чувствувам удобно во минич ќе го носам, затоа што тоа сум јас. Но сигурно дека ако мене не ми е пријатно нема да опнам деколте до пупак само за да ми се налепам 150 машки. Па нема ни да можам муабет да им направам цела вечер, на деколтето ќе мислам само и тоа како ми стои, дали се подместило, се ли е на место....
     
    На srcekrsacka, mims-89, Mistery и 2 други им се допаѓа ова.
  18. rebeca

    rebeca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    30
    Tigerlady- баш со престилка врзана во 5 чвора си вистинска женска- љубовта кај мажите е токму преку стомакот, секој маж сака жена што добро готви и е домаќинка. На улица можеби му се допаѓаат секакви, но кога ќе си дојде дома сака убаво зготвено јадењеи секако средена жена. Инаку се сложувам и со Ashling треба да имаме самодоверба, доколку немаме самите си лепиме етикети.....
     
    На srcekrsacka и Cence им се допаѓа ова.
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Прво многу лошо почнавте дека секоја лесна жена е глупа.
    А и џабе фурате филмови постапките биле ова било кога сите тука жени абре сечам глава дека сте рекле за многу жени дека се лесни само по еден поглед фрлен врз нив. А исто и мажите.
    Се кладам.
    А воедно разликувајте деколте минимално, мини со хулахопка, краток шорц во лето со обична маица... со провокативна облека, која сама кажува ПРОВОЦИРА!
    А видиш женска у минич, цицки на мегдан, кило шминка и одма ете ја лесна, курва да не речам да ми извините на термин! Па сакала пиела вода таа вечер и гледала у земја, сакала играла на шипка.
    Али што да мислам за неа? Да и дадам тенџере у кафич и да и речам ај ма зготви јајца на око? Ако знае не е лесна?
    Секогаш се гледа надворешното прво.

    Ама не сваќам зашто се облекуваш апла провокативно? Зашто се даваш на мегдан да те гледаат? Зашто облакаш деколте до пупак и зошто гаќите ти се гледаат? Зошто? И зошто притоа кажуваш дека не си лесна и кажуваш имаш 3 мувачи у живот, не дај боже да речеш невина си (со исклучок на 50те љубовници во анал кои те работат), а кога со облеката апла кажуваш "соблечи ме, ми се е*e!"

    Ја гледаш навечер у фустан од 15 сантими пие и игра по маси, а преку ден калуѓерка у ролка книгите у рака и проповеда дома дека е светица? И што светица е?

    И за крај тоа што е лесна девојка и се сака и се секса со секој не значи дека не е паметна.
    Лесните девојки не ги класифицирајте секогаш у глупачи, многу од нив може преку ден да ги видиш во деловна облека, актовка, по состаноци, плата јака. Ама навечер сака да се опушти, опуштањето по дифолт подразбира облека по кратка зш толку побрзо може и да се соблече и да најде момак за опуштање у кревет. Едноствано приватниот живот им е несреден, за разлика од деловниот.

    Не критикувам, секој сам одлучува како ќе се облекува и како ќе постапува и никој нема право да му суди, сакаш имаш еден ебач во животот, сакаш имај 100. Твој проблем.
    НО ако носиш апла провокативно тогаш биди спремен и за тие муабети и за потенцијален влез во друштвото на лесни.
    И за крај мразам глумење на светици и проповедање на невиност, а се сексаат на велико. А тоа се повеќе не опкружува. Биди си искрен. Бар на форум кај има анонимност, кажи си сакам провокативна облека сакам да ме гледаат, сакам машки да ми се пуштаат, сакам да ме частат и крај на муабетот.
     
    На Neytiri, mysterious, Antonija123 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Морам да искоментирам и јас на темата,ги прочитав мислењата и заклучив дека
    1.Не ја знаете границата измеѓу провоцирачко и курвинско...Мистери е во право во врска со тоа дека некоја можи да изгледа провоцирачки и ако е облечена во хеланки.Значи никој не спомна дека се провоцира само кога се носат подвезици или пак премногу кратки суќни /фустани. :) Мислам има разлика од ова до ова :wasntme:
    Всушност ако е толку нечесно да се облекуваме провоцирачки,тогаш зошто се облекуваат така голем број (да не речам сите :wasntme: )познати ѕвезди?Демек и тие се "лесни" или пак немаат самодоверба? :D
    2. Се согласувам со тоа дека има многу голема врска и разлика со самиот став,т.е со тоа како се носи облеката.Се гледа разликата и на сликите кои ги имаше постирано некоја феминка погоре,а да не коментирам дека разликата е уште поголема во живо ,по самиот од,однесувањето и слично.. :!:
    3.Ова конкретно ќе и одговорам на росонерка ,бидејќи мислам дека постот ми го посвети мене,акцентрирајќи го бројот на мувачи. :D
    Епа вака...Немам никаква потреба да ти се правдам или да те терам да ми веруваш,ниту пак имам потреба да лажам и да се преправам на форумот како чесна личност ,кога всушност и немам цел од такво нешто :) .
    И да,секако дека постојат невини девојки кои се облекуваат провоцирачки,а не практикуваат ниту анален ни орален секс.
    4.Има девојки кои сакаат да изгледаат убаво ,а воедно и да привлекуваат внимание..Всушност затоа и се облекуваат провоцирачки.Не мора да значи дека секоја е со цел да се исекса таа вечер. ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.