Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како треба да изгледаат жените за да не бидат етикетирани како лесни?

Дискусија во 'Сингл' започната од si.exs, 30 декември 2011.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.073
    Допаѓања:
    12.815
    Сама за себе велиш дека си чесна. Тоа е субјективен став и како таков не е релевантен. Чесна работа е едно, мора да работиш чесно ако си обичен смртник во Македонија, а чесен човек е нешто поопшто, поширок поим е тоа. Велиш така ве доживуваат... Јас некои луѓе сум ги доживеала лошо, па не сум им рекла, сами го бираме кругот на луѓето, селектираме итн. Ако на некој од култура му се однесуваш ок не значи дека го цениш и го преципираш за многу чесен. Чесни луѓе во Македонија има на прсти да ги броиш. Реткост се на денешницата, а и крадците себеси се сметаат за чесни, зошто да не, субјективно е тоа.
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  2. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm зошто мене да ме носат кога јас си имав свој сопствен стан, кој сум си го заработила од свои сопствени пари, од дипломата. И што ти е гајле тебе дали некоја била со колега. Предрасудиве само за жени ти се, изгледа.
    Ти имаш право да се понашаш како сакаш со себеси и не смееш за други да кажуваш дали се чесни или нечесни, според нивниот сексуален живот. Што сега, ако не си била со ниеден колега, таа што била има право да зборува за тебе дека си фригидна, асексуална или лезбејка? За себе се лутите, а за други јазик до коленици имате.
     
    На baby-star, Regina.Phalange, noteforself и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.073
    Допаѓања:
    12.815
    Знам и други кои имаат сопствен стан, па ете од некои причини не сакаат да носат мажи, туку сакаат мажите да ги носат нив. Ете, и тоа сега не е ок, според тебе?

    Oвде зборевме за облеката, и дали таа покажува дека жената е лесна. На сите на кои ништо не ви е гајле, не читајте форуми, оти има работи за кои ви е гајле само кога ви одговара, тоест не дискутирате, туку напаѓате. Па значи 95% колешките ми беа фригидни оти не легнуваа со мажи од работа. Браво за проценката.

    Ако јас не смеам да кажа дали некој е чесен или не, зошто ти смееш? Ти самата себеси се нарече дека си чесна. Јас не реков дека сум чесна, реков дека имам правило да не мешам работа и љубов. Ако некогаш тоа се случи, може да биде со еден човек од работа, не со 5 во рок од 5 месеци пример.

    Кои предрасуди? Еве јас за себе кажав дека сум носела високо, тесни фармерки, маици со тенки прекорамки. Имам предрасуди кон самата себе? Кога не знаете што да кажете одма оопп имаш предрасуди. Во конкретниот случај со ролките, не останало само да мислам дека таа нешто имала, туку се покажало дека навистина имало. Значи не се работело за предрасуда, туку за факт.
     
    Последна измена: 17 август 2020
    На marija305 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. arabella_

    arabella_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2020
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    Реално како и да изгледаме некој сељак ќе си умисли дека сме лесни . Јеби га .
     
    На Stark, Panda girl, raww и 5 други им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.703
    Пол:
    Женски
    Која како сака нека се облекува. Ако јас не носам кратко, не значи дека и друга не треба да носи. Очигледно маживе повеќе ги пали разголена женска отколку некоја наоблечена....како мене :D
     
    На Regina.Phalange, candy.cane, edna_malecka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Вистинскиот маж го палиш и со недепилирани нозе :D па за наоблечена било проблем :D .
     
    На edna_malecka и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.703
    Пол:
    Женски
    А кој маж не сака мевце? :D

    А како треба да изгледаат жените?Секој различно го дефинира поимот лесно. За некои лесна женска е онаа што носи кратко. За некој онаа во хеланки. Можеби треба жените да бидат забулени. :wasntme:
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Па , не е дека и ние жените не сакаме мевце :P реално:D . Е сега , некои ќе се задоволат со партнерот само , некои си шврљаат и настрана :D . Како и да е секој со својот избор :) . Само искрени да бидеме со партнерот , за тоа колку партнери сме имале пред него , бидејќи бракот се гради врз доверба и искреност, а на лагата кратки и се нозете :D .
     
    На SummerGirl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.755
    Малце глупа тема а? :) и еден тон уште поглупи коментари :)) секогаш сум носела сѐ што ќе сум посакала. Ми се можело и уште ми се може. Ученик за пример у млади дани, дипломирана, магистрирана, наскоро PhD, реализирана. (Не дека е ова релевантно, ама ете, да побијам неколку апсурдни предрасуди низ темава). Нечија перцепција за мене кажува многу за него/неа, ама не кажува апсолутно ништо за мене. Има огромна разлика меѓу репутација и лична свест/совест. А совест и свест се мноогу субјективни ствари, и е страшно глупо да им се пристапува универзално. А да, и ја бев од тие што “носеа” партнери дома :) каде бе луѓе со вакви размислувања да ми е да знам...си читкам и многу се смеам жими сѐ:D
     
    На Regina.Phalange, Mishela, Lella и 7 други им се допаѓа ова.
  10. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.755
    А шо му е гајле на партнерот колку сме имале пред него? И зашто уопште да постојат вакви теми у брак?
     
    На Mishela, Lella, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  11. arabella_

    arabella_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2020
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    Има лимит за жени немој така . :D
     
    На candy.cane и TashSefton им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.703
    Пол:
    Женски
    Затоа што уште има мажи затупавени во мозоците кои мислат дека на жената треба да и бидат први. И ако жената имала некој пред нив, газот многу и шетал. (facepalm)
     
    На Elf, raww, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Не дека им е гајле , но секогаш може да дојде до таа тема уз муабет :) . И не само на мажите , понекогаш и нас жените не интересира колку девојки имал дечкото пред нас ( не мора да е вклучен и секс , нели може и само врска да биде ) . Колку сфаќате примитивно божее (facepalm) . Никаде не реков дека мора да ги интересира , дека тоа мора да е само од страна на мажите , дека ние треба да си ставиме железна гаќа со катанци и ланци до брак (facepalm) . Едноставно може да дојде до таа тема , и тогаш е важно да бидеш искрен . Толку .
     
    На Annora и Tanjamm им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.073
    Допаѓања:
    12.815
    Во право си вака или така доаѓа до тој муабет. Порано имаше досадни машки кои другарките ги прашуваа директно. Сум имала партнер, и секако зборуваш за секс, полови болести, и тој си кажува дека не мора да е прв нели, секој има минато, ама па и да немала девојката многу партнери, и тоа му пречи и не би сакал да ризикува пред се поради болести.

    Не мора да ги интересира, ама искрено па и ги интересира.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Во денешно време , бројот на партнери на една жена не е табу тема веќе , не гледам зошто некои се најдоа навредени . И дека нема да кажеш точна бројка со колку си имала секс што ќе постигнеш ? Ништо . Сигурно нема да добиеш златен медал ако излажеш . За разлика од тоа , кога си искрена , ќе добиеш доверба од страна на партнерот . Ќе знае дека си искрена и дека може да ти верува . Не рекле за џабе , довербата тешко се стекнува , но лесно се губи . Еднаш ќе те фати во лага и толку , отиде довербата во воздух . А без доверба , врската тешко да опстои . Воопшто немав намера да посочам одредени групи на мажи и жени како " лесни " , затоа и потенцирав дека секој си бира за себе . Ако некој не е задоволен со еден партнер , има милион мажи и жени на планетава , нека оди со колку сака , ако сака со пет лица нека има секс во еден ден , тоа не дефинира една личност како " лесна " . Ниту пак облеката е доказ дека некоја девојка е " лесна ".
     
    На Annora и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.073
    Допаѓања:
    12.815
    Точно довербата тешко се гради, а лесно се руши. Некогаш една лага, една погрешна постапка може да ја прелее чашата и да ја уништи врската.

    Ние сме мала средина, така што многу работи порано или подоцна се дознаваат и нема потреба од лажење.
     
  17. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.755
    Очигледно не сум сфатена добро :) никој не спомна дека треба да се лаже за сексуални партнери :) само сметам дека тоа не е тема што би требала да биде од интерес помеѓу двајца партнери (било да се во брак или не). Сопругот никогаш не ме прашал такво нешто, ниту па мене некогаш ме интересирала неговата бројка. А доколку некогаш ме праша, се разбира дека ќе му кажам. Немам никаков проблем со тоа. (А знам дека нема никогаш да ме праша :) ), џентлмен е, максимално почитува приватност и довербата ни е максимална обострано. И не му треба валидација базирана на моето минато, за да ми верува. Стабилноста се постигнува и без да душкаш у нечија приватност. Така да, само зашто сметам дека е тоа глупо прашање и непотребно брцање у приватност, не значи дека би ја криела бројката, и не, воопшто не се најдов навредена од твојот став, немаше никаква потреба од таква инсинуација :)
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Женсите да не бидат етиκетирани κаκо лесни пред се треба да бидат женсκи. Да имаат привлечни манири и да се потрудат да привлечат внимание со убави манири. Неκоја што е харизматична, ќе ја освои спротивната страна со својата харизма. Неκоја што не е харизматична, ќе освои си духот, трета со појавата, четврта со убавината итн.

    Нежноста е женсκа особина и упалува κај сеκого. На сеκое живо суштество му се потребни љубов и внимание па, таκа имајќи ги овие κараκтеристиκи, женсκата личност ќе си добие позитивни повратни информации.

    Ниκој не саκа да биде грубо третиран. Или паκ саκа? Се тоа останува на вештината на жената да се справи со предизвиците на κои наидува. Неκоја е повешта, неκоја не. Се се учи и сеκој ден носи нова леκција со себе.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    5.913
    И за тебе ова е лесна жена?
     
    На black-angel и Sahlene им се допаѓа ова.
  20. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    5.913
    Како може облеката да покажува дали човек е лесен или не. Секој си има различен стил... Може да ми покаже само дали некој има стил или не.
    Порано за лесни жени ги мислев оние кои за брзо ќе легнат/излезат со некои. Сега не, може да кажам за некои наивни дека се, но сепак секои си прави како што сака. Оваа етиќета заглавена во 15век треба да престане.
     
    На black-angel, noteforself, Elf и 4 други им се допаѓа ова.