Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како треба да изгледаат жените за да не бидат етикетирани како лесни?

Дискусија во 'Сингл' започната од si.exs, 30 декември 2011.

  1. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    5.913
    @Tanjamm и што има врска ова со темава?
    И што ако спиела со директорот па тој ако не сакал немало да се случи тоа. Ама секогаш женското е криво нели она се пикнала. Ако го направил тоа со неа со секоја втора ќе го прави. И да не знам зошто озборуваш и се замараш и што ако колегите зборувале? Тој што си има живот не се замара со останатите не знам која ти е потребава да се објаснуваш со нешто што и не е поврзано со темава... или сакаше да ни кажеш дека е лесна жена оти спиела со директорот?
     
    На candy.cane, black-angel, Elf и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.774
    Допаѓања:
    19.593
    Пол:
    Машки
    Најопшто земено да припазуваат со кого и како разговараат. Не може за курој пички да ми разговара девојка со секое второ машко шо се вика.

    Алиштата и онака за време на секс се потспуштени или слечени, без разлика дали е ролка или маица.
     
    На Tanjamm и Sahlene им се допаѓа ова.
  3. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам, κаκо поинаκу?!
     
  4. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    5.913
    Директорот е лесен оти спиел со неа
     
    На candy.cane, black-angel, TashSefton и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Ако ти е девојка можеш да замериш за начинот на комуникација со машко,ако е флерт а вака... извини ама кога вие мажите припазувате и се етикитирате , вие светци сте, браво, јас па се мислев што била работата :rofl::rofl::rofl:
     
  6. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.774
    Допаѓања:
    19.593
    Пол:
    Машки

    Ако се најде овде прозвана не знам твој проблем, јас си кажувам само што би ми сметало за таквите девојки. Јас сеуште би се зезал, али ако е често таква и да се речи со скоро секое машко, не би ја сметал за сериозна врска. Познавајќи се себе си не би го толерирал тоа, а и не сакам да си стварам дополнителни нервози и расправии во животот.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    3.132
    Пол:
    Машки
    Сите се лесни (и мажи и жени) ако им го притиснеш вистинското копче...
     
    На dankee му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.774
    Допаѓања:
    19.593
    Пол:
    Машки

    Ако ти паѓаш на искушение, јас не.

    Ќе ти доловам една ситуација. Имав девојка, а во меѓувреме бев договорен со другар да излезиме, но испадна и неговата братучеда да иди со нас. Убаво облечена женска, кратка коса баш каква што сакам јас, имаше убава тетоважа итн да не набројувам. Почнавме да си го имаме муабетот итн, почна да се интересира за мене, насетив позитивни вајбс како шо си иди редот, на крајот доаѓаше мојата девојка со нас, и кажав еве ја мојата девојка итн. И така после девојка ми ми вели, абе онаа ме измери од глава до пети, само ме гледаше, шо сум и згрешила... Јас се изнасмеав и и реков, ме бендиса изгледа. xD


    Инаку можеш суптилно да си го продолжам муабетот и на фејсбук со дотичната и да продолжам комуникација, па откај знаеш што носи иднината, јас не ни ја аднав.

    Можеш да ме наречиш глупав или било што, али сум имал вакви прилики па никому ништо, а за тоа што беше сексапилна на прв поглед беше, али си го ценам тоа што го имам/имав. :D
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    3.132
    Пол:
    Машки
    Не мислам дека си глупав. Не ги гледам луѓето како „глупави“ и „паметни“... Но, веројатно не ја разбра мојата поента. За некој да ти го притисне вистинското копче треба да биде и „вистинска“ личност (за тебе), и тоа да го направи во соодветно време. Тоа дека секој има свое копче значи дека секогаш кај секој ќе има нешто за што е „лесен“ (за некој друг), па така, прашањето „Како некој треба да е облечен за да не бидат етикетиран лесно“ е ирелевантно...
     
    На candy.cane и dankee им се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.774
    Допаѓања:
    19.593
    Пол:
    Машки

    Јас се водам на мотото да си ценам тоа што сум имал и одбрал и да не сонувам по туѓо.
     
    На Tanjamm и Vikktorr им се допаѓа ова.
  11. Panda girl

    Panda girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Океј ти е мотото, ама тоа е веќе друга тема
     
    На Elf и dankee им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.774
    Допаѓања:
    19.593
    Пол:
    Машки
    Си кажав првично што ме тера да мислам дека нешто ги прави лесни девојките, само што се развлече темава во друг правец.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.433
    Допаѓања:
    60.572
    Пол:
    Женски
    Ја одбегнувам темава оти притисоците ми се спојуваат кога ќе ја отворам, ама едноставно не можам на некои работи имуна да останам, па што сака нека е.

    Ако директорското место припаѓало на жена, а се швалерисувала со некој кој е ете на најнизок ранг по хиерархија пак истиве муабети ќе ги вртевте, како расипана грамофонска плоча. Таа ќе беше крива што искористувала вработени, курва, а тој ќе беше маж што само си искористил понуда.

    Сигурно од неа ќе се барало отказ, како што впроочем и треба да биде од двете страни, затоа што е неетички и непрофесионално. Маж кога се швалерисува со рандом вработена не се смета за скандал, не му штети на репутација и освен три хехенце муабети не го тангира ниту на професионално, ниту на лично ниво. Секако дека нема да даде отказ е ради таков менталитет што е всаден во државава.

    Делумна причина поради која се вака работите во Август, 2020 година е што постојат вакви теми, ние овде се убедуваме која жена е лесна а која жена не е, како треба да бидеме облечени и како треба да се однесуваме. Додека за такви директорчиња дискусијата се сведува на директор е, не е обичен вработен, си искористил и сл. Епа се дури ги олабавувате и не ги притискате да си сносат одговорност сите жени мораат да поминат низ огромен скрининг процес кога се успешни, затоа што се верува по инерција дека со секс стигнале до таму кај што се.

    Не ги правдам двајцата во никој случај, ама како и да ја вртите топката, кој и да е на врв а кој на дно на пирамида, секогаш жената го јаде стапот, односно разрешувањето е само еднострано. Плус жигови од особи кои уште осудуваат во темава а и општо во вакви ситуации.

    И ми доаѓа да се пукам во колено зошто уште ги објаснувам овие работи и зошто уште се нервирам за работи кои треба да се останати во претходен милениум.
     
    На baby-star, warrior, FVP и 9 други им се допаѓа ова.
  14. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    5.913
    И треба да си пукаш уште кога ќе видиш дека и машко мисли дека лесна жена е онаа која зборувала безобразни работи
     
    На candy.cane, TashSefton, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  15. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Бравоооооооооооооооооооооооо !!!! Особено за болдираново, жално е што има многу припаднички на женскиот пол што размислуваат како мажите и им даваат дополнителен повод за вакво однесување.
     
    На candy.cane, Srckata28, Elf и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.073
    Допаѓања:
    12.815
    Можеби тој и извршил притисок да си оди, од каде да знаеме? Сопругата му работеше кај нас во фирма, така што ќе имаше скандал ако таа не си одеше. Ова е Македонија, место каде на помоќните не им се може ништо. Плус, девојката си замина со цв во кое има и швалерска афера како багаж, нешто што може да биде пречка на идното работно место да трпи мобинг. Мала е средината, сите директори се знаат меѓу себе во Скопје. Самиот може да разнесе пошта, ако му се сака, и пак нема да му може ништо. Лесна може не е, ама била „лесна“ во обид да постигне напредок во кариерата преку ред. Јас последна дознав во фирмата и шефот кој ми кажа му велат „можеби било така“, ми вели „не можеби, се случило, и затоа си отиде одеднаш“. Велам ама што ќе постигне со тоа, ми враќа „еехх, ти така велиш, сакала да си го реши статусот, да има повисока плата“.

    Инаку, директорот делуваше ок, не сме виделе ни да мерка некоја, не па да се пушта.

    Ова за мене е расипаност од двете страни. Пак ќе кажам, дали ние овде коментираме или не, тоа постоело и ќе постои. Фактичката состојба е таа. Во Македонија кај што има сила нема правдина, а и која правдина кога таа не е силувана, не е мобирана, туку се забавувала свесно со цел интерес. Затоа велам НЕННЕЕЕ за врски на работа. И што помалку откривање на приватни работи за било што, затоа што се злоупотребува.
     
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.433
    Допаѓања:
    60.572
    Пол:
    Женски
    Леле мори мајко мила во кој свет живеам јас. Работиш во фирма каде тој јавно си кажува дека направил прекршок ама дека не се чувствува одговорен затоа што не е негова грешка тоа, таа погрешила со тоа што сакала повисока плата да има, па само таа треба да си ги сноси последиците. Значи шефот може што сака да прави дури е маж на позиција, а работникот кој впроочем е жена ги сноси сите последици.

    Според мене директорот треба да ги сноси најголемите последици затоа што со самото тоа што претставува врв на фирмата треба да служи како пример и како репер за сите вас преостанати. Тоа што е директор не му дава имунитет да прави глупости, туку баш напротив неговата одговорност како главно лице е најголема. Ама живееме во македонистан каде што светов е однопаку превртен.

    А ова е коренот, гнездото на све што е гнило во општествово за оваа тема. Не знам како не сфаќате дека едно е човек пред луѓе, сосема друго е кога е сам со некој. На сите насилници, силувачи, манијаци не им пишува на чело дека се такви, немаат рогови. Кога некоја ќе каже ама не изгледа таков човек тој ми се снеарнува жими се најмило.

    Пак ќе ти повторам во што е проблемот. Проблемот е што ние се убедуваме цело време, што лице во лице, што на форуми, што на дебати зошто и како жените грешат, како треба да се облекуваат, како треба да се однесуваат, како треба да говорат а на мажите им се дава пропусница да можат да се однесуваат како сакаат и при тоа ако се случи ваков скандал пак да се зборува за жената. Двајцата си се криви во случајов нема што да морализираме и релативизираме.

    Фактичката состојба во Македонија, кај што има сила нема правдина и слични изговори кои си ги даваме самите на себеси се лично заради нас, заради ваквите муабети, ради ваквиот менталитет и ради тоа што ние како луѓе не придонесуваме ништо за тоа. Можам и јас да речам ајјј види ја оваа спиела со шефот, а можам и да речам види ги двајцата направиле кикс. Како ги форумулираш речениците, како ги воспитуваш своите деца и како сакаш да се движи светот е на тебе.

    Најлесно е да речеш епа така е што да правиме. Не е ни толку тешко да се направи нешто, не релативизирај и не морализирај кај мажи кои ја злоупотребуваат својата моќ и верувај за тебе доволно е. Затоа што ради вакви муабети и теми сме стигнати до ова дереџе.

    Јас би ја заклучила темава и би ја пратила во вечните ловишта исто како што би испратила некои размислувања од некои луѓе.
     
    На CameliaMiller, candy.cane, TashSefton и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    @KateKane Во право си и затоа ич не ја ни читај темава. Мислам, што очекуваш за народ чиј јазик содржи фраза "цицки на изволте", па уште и жени тука ја користат. Џизс.
     
    На CameliaMiller, candy.cane, TashSefton и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.657
    Допаѓања:
    39.469
    Пол:
    Женски
    За директорот : хехехе му се може, директор е, што има врска, важен човек е тој.
    За вработената: курва, за ништо не служи , нека ја оговара цел град.

    Стоп малку, или осудувај ги двајцата или оправдувај ги двајцата, не селектирај за нешто што заедно го прават.
    Она е непрофесионална а он што спие со вработената е скроз на место и никако лош збор за него.Логика??
    Уште малку ќе испадне таа го силувала, само за едниот да ја сноси одговорноста.
     
    На CameliaMiller, candy.cane, KateKane и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.073
    Допаѓања:
    12.815
    Не си го сфатила постот. Шеф и директор не е исто. Шефот ми кажа што се случило, после долго време откако сите знаеле, не дека директорот се фалел дека спиел со некоја.

    Ќе го подобриме металитетот ако на работа сме професионални, а не да легнуваме со шефови. За нив нема зима, за работникот има зима. Што требаше да направиме? Со транспренти да одиме пред канцеларијата на директорот, а жена му што е изневерувана и што исто е тука? И за неа ли да мислиме? Секој треба да си мисли за своите постапки.