Криви се, ама поентата ми е дека послабиот завршува лошо. Ако останеше се пресметала дека сопругата ќе ја открие пред сите, и грижа на совест проработела.
Хехенце директорчето е многу мирно маже ок е не е он крив, она му се пикнала сТрамота орос*ија, ама директорчето на мравка не гази а не па да погледне друга жена.
Епа да додека никој не се буни и го оговара послабиот нормално дека тој ќе страда. Но кога вие ќе застанете на страната на вработениот и ќе побарате еднаков третман за директорот а тоа е злоупотреба на работна позиција ќе видиме дали вака ќе биде. Но не секогаш е полесно послабиот да одговара, и еве кажи ми како знаеш и дека вработената не била наведена на тоа од кај знаеш дека не и било закането со губење на работно место?? Ама да само директорот е во право он што ќе каже тоа е закон.
Епа баш тој што е послаб е поподложен на манипулации, уцени и сл. , не зборам што како се случило зашто не знам ама имај го ова предвид пред туку така да осудиш една страна а другата не смее да биде пипната.
Швалерај засега не е кривично дело, и за што да одговара? Таа не одговара, туку си оди оти знае дека ќе дознаат сите. Подобро да се стави крај додека знаат 20 луѓе, отколку да си оди кога ќе дознаат сите 228. Сопругата на директорот исто беше влијателна во фирмата, и отказ немаше да и гине, плус навреди пред сите можеше да добие. Кого да браниме? Ќе се занимаваме со нечиј швалерај? Јас дознав по многууу време, кога сите знаеја веќе. Со директорот бев на едно здраво, и толку. На работа луѓе одат да земат плата и да вратат кредити, градат куќи, купуваат станови, таман работа ако си ставаат здрава нога во трн за нечии егзибиции.
Сум приметила дека лесните девојки за повеќето машки се попривлечни (ваљда логично)? Ја сум толку тешка за освајање тоа е чудо дури еден дечко со кој што се свиѓавме ми посвети песна од Битлси She is so Heavy пошто се смувавме после 2 години флерт.
Мажите не знам како ги означуваат кои се лесни, ама жените затоа што сум во нивно друштво 90 %, за жена лесна е онаа која е секогаш средена и скоцкана. За таква жена секогаш ако е мажена го ,, изневерува сопругот, ако има деца најверојатно ручек не им готви, средена жена не знае да готви, ах да и средена жена нема прочитано ниту една книга, таа не се замара со читање затоа само знае да се шминка и нокти да прави, а ако има и кариера сигурно е швалерка на директорот " Вака се означени сите,, лесни" жени кај нас од страна на жените. А за да биде права жена, домаќинка, само треба да клима на мажот, дечкото, свекрва и свекор и до седмо колено на маж да почитува. Се знае маж и свекрва се пречекува на нога, ринташ како за 10 души по дома и свечена заклетва дава дека свекрвата ќе ја вика мамо, нагалено мајче. За ваква жена за сва времена, се чека у ред!
Треба да изгледа онака како што таа сака, но се е џабе кога дури и во Америка забрануваат кратки панталони и здолништа во некои средни училишта.
Ова што го пиша е дрес код за во училиште, како што го има и во институции и други места, и да, со право треба забрана на здолништа и кратки панталони во училишта. нека изгледа како сака во слободно време, прошетки, излети, патувања, забави…
Ако има дрес код зошто на машките им е дозволено во шорцеви? Прифаќам униформи, прифаќам и дрес код ама ако важи за сите. Јас во средно се облекував пристојно, немав некој посебен стил на облекување. Но имаше панкери, рапери, металци и што уште не. Не ми пречеше кој како е облечен, ми пречеше што еднаш ми пререкоа за искинати фармерки, кои не беа воопшто вулгарни, на женско не личело така.
Ама мешаш поими, панкери, рокери, металци е стил на облекување повеќе застапен кај машките кои најчесто се носат во темни бои со апликации од бендови и нема голотија. иначе и кај нас се сеќавам имаше случај соученик беше избркан од час поради шорц и веќе не се повтори.
Не мешам се е тоа стил на облекување. Ако има кодекс и тоа значи ПРИСТОЈНО ОБЛЕКУВАЊЕ треба да важи за сите.
Мило ми е што те насмеав Јас не го избркав бре, професор го избрка, денес знам со сигурност истиов професор ќотек би изел