Ова би важело само доколку не живеевме во изопачен свет, инаку.. Пошо нормален маж со здраво размислување да се најде е исто ко у сено игла да бараш
Девојка ти треба да е пресреќна што има дечко како тебе! (Не и покажувај што пишуваш овде на форумов, сигурен сум ќе почне редовно да ти го проверува инбоксот да не пробуваат да те украдат форумџикиве)
Ќе се помачите малку гледате човекот нема да ве пипне ни голи ако му се соблечете и го закључите во некоја соба!
Јас мислам дека повеќето 90% би рекла од мажите не би ожениле некоја што се облекува провокативно цело време. Ај да се средиш навечер повеќе од вообичаено ама да е со вкус и граница.
Хахахах ај мажите. Ами и мајките нивни нема да дадат. Имаше една таква случка кај мојата тетка, имаа несудена "снашка" верена за синот нејзин, живееше со нив. Он работеше Германија, се враќаше на секои три месеци по малце, некои десетина дена,ама затоа "снашката" живееше со тета, т.е. со идните свекор и свекрва. Да не должам, си го мавташе она опашот, ама тетка ми ја посматраше, иако либето во туѓина она истегана во миничи, кожни панталони, кратки фустанчиња со деколте итн. се по клубови, дискотеки. И тета памтам кога објаснуваше: "леле уште кога ја гледав на огледало како се спрема и каков циркус си прави од лицето, знаев дека нејќе она брак и дом." (мислеше на премногу јака шминка). Не бидна ништо, ја раскинаа веридбата. Стара мома е сега. Јас бев тогаш многу мала, ама ја паметам дека беше згодна и со убаво лице. Вака опуштено кога седевме кога не беше којзнае како дотерана беше премногу привлечна. А со тие деколтеа, тесни и оцртувачки облеки ми изгледаше многу бедно и ефтино. Како Дара Бубамара кога ќе ги извади цицките на маса. Фуј.
Се спаси тета. само го изеде срамот затоа што и дојде на врата жената на швалерот што го нашла "снашката".
Живееше, ама откако се дозна тоа си замина. Живееше таму, а колата паркирана на друга локација. Ама нормално домашните последни дознаа.
Многу нелогичности, викаш дека откако се дознало тоа си заминала, па викаш дека домашните последни дознале а дознале од жената на швалерот, а викаш и дека она не живеела таму кога дошла жената. Како и да е, сите сте се спасиле еден од друг.
Па се дозна дека има швалер и нормално замина. За колата не знаеја. Тоа дознаа од жената на швалерот. Дури и мајката нејзина не знаеше дека имала кола. Ја паркирала кај другарка. Домашните последни дознаа бидејќи она се шетала со швалерот и на јавни места и по хотели, се оговарало на големо. Траело повеќе време, домашните еден период насетувале, по провокативната облека, по дотерување, излегување и недостапна со саати, ама ништо не знаеле за сигурно, ниту виделе ниту слушнале.
За облекувањето баш вчера пишав во друга тема, а овде би рекла дека дали е некоја лесна или тешка, тоа се гледа по однесувањето. Се гледа по тоа колку лесно некој може да ја заведе. По тоа колку лесно паѓа на машките зборови. Има и такви кои се до грло закопчани, а лесни во паметот. Стилот на облекување си говори по нешто, а дали е лесна, за тоа прво треба да видиш однесување и да направиш неколку реда муабет, а не само да ја видиш како појава.
Тоа де. Имаш забулени како калуѓерки ама бесни упм. Е сеа тешко дека некоја со цицки надвор и минич има друга намера. Првенствено е заводничка намера. Или во најмала рака желба за внимание. Ама јас не сум психолог имаме тоа на форумов нека објаснат што нарушување е тоа кога жена е желна за внимание, мислам некоја траума од детството е.
Никогаш не сфатив што значи тоа „лесна“ Зошто всушност би етикетирала некого според тоа како се облекува?
Облеката не ја определува нечија моралност. Жената не е ‘лесна’ затоа што носи пократка облека, тоа е само стил, не карактер. Почитта е многу поважна од предрасудите. И некој и мене нека ми објасни што подразбира под зборот 'лесна'. Или пак во превод 'лесни' се жените кои ѓи одбиваат мажите за секс.