Не ги оценувам жените според тоа дали се "лесни" ( инаку, машка навреда). Колку сака нека си е мераклика она, ако спрема мене е ок, и јас спрема неа ќе бидам ок. Шо ми менува тоа мене дали некоја е лесна? А богами и на вас? Ај жити се, кажете.
Јас не етикетирам по начин на облекување. Но од тоа што сум забележала кај други коментирам. Мажите имаат такво мислење. Лесна е жена (според нив) која вложува труд да изгледа провокативно за да добие нивно внимание. Во смисла дека лесно ќе падне секс, чим она се спремила и покажала се што има уште пред запознавање. Машки другари кога ги имам слушано листаат по инстаграм девојки, сликани напучени, разголени, меѓу нив си зборуваат: "оваа јака добра, ама не е материјал за врска". Во смисла дека штом сето тоа е достапно да го гледа секој, а не само партнер, не вреди. Не дека 100% се согласувам со тоа. Меѓутоа има вистина.
Дека па ако е закопчан/а до грло е материјал за врска или брак... изгледот лаже, уште не се научивте? Не е до облеката, до човекот е. Инаку, генерално треба да се облекуваме за себе, не за другите. Ако некоја се осеќа убаво поразголена, не значи дека сака секс или не е материјал за врска. Едноставно така убаво се чувствува. Факт е дека има дрес код за одредени ситуации и места и тоа треба да се почитува според мене, ама пак секој нека си се облекува како сака во слободно време и тоа не им дава за право на другите да го осудуваат или ценат според тоа. А тоа што попровокативната облека е некако автоматски поврзана со секс и неморал е одлика на општеството со векови наназад, не е од сега, и не се искоренило, никогаш и нема, бидејќи ние луѓето сакаме да осудуваме.
Да ама голем број од тие што коментираат во стилот 'оваа не е материјал за врска' најбрзо од тие што се 'за материјал за врска се наебани'. Многу те од нив 'лесно' проценуваат преку слика. Јас се имам донесено во таква ситуација, со таква етикета поради тоа што цел живот си носев кратко, отворено, провокативно и секогаш кога одбивав за секс бев етикетирана како лесна жена, ама боли ме уво, си се носев за себе, не за глупите мажи што излегуваа вечерта да ебнат нешто. Затоа кажав, мажите многу лесно етикетираат жени најмногу со тоа кога женската ќе ги одбие. Оф топик сум, ама ете до ден денеска се носам така, мм дури се лути ако не носам нешто отворено, кратко или провокативно. Во глобала, женско може да се облекува и од глава до пети затворено па да си шета со опашката, така да нашиот менталитет и застарените мислења го носи тоа. Џабе се објаснуваме, тоа ќе си остане така.
Жената и да е спремна лесно да се даде, мажот може да ја одбие инаку и тој е лесен. Но, тој нема да добие негативни критики или ќе добие помалку од таа.
И зошто уште се дискутира за женска сексуалност на ваков начин, со давање, земање, почит дрн дрн мислев дека останаа муабетиве во 2011
Многу се замараат со тоа мажите шо мислат . Маж да има акл за себе ќе си мисли а не за некој друг каков е.
Лесна жена е жена од која извира вулгарност. Вулгарен, нападен и одвратен стил, со кој сака да привлече внимание. Не се цени вистински самата себе, смета дека сѐ е во изгледот и во телото, па после не знам зашто кука како тоа мажиштана ја доживуваат само како парче месо, кое ништо друго не нуди, освен секс. Дрољи од секад си постоеле, ко шо постојат курваришта. Постои кратко, но одмерено и со стил, што дури може толку кјут да изгледа, или пак елегантно и дамски, зависи што облека е, како е искомбинирано, како ѝ прилега на жената, како го носи парчето, дали е или не е за неа.. Прајте разлика помеѓу секси, дамско секси и евтино курвинско секси. Па оттука, не можеме да кажеме дека облеката никако не го дефинира човекот. Пошо баш стилот, без разлика дали за облекување, еве за музика нека е, за уредување, животен стил... што и да е, и те како многу зборува за нас.
Носат било каква облека и со големи букви пишува на неа ЛАЕСНА ЖЕНА. Искрено денес лесни жени и нема, никоја толко лесно не паѓа за секс 1 во 100 може. Ама лесни мажи и тоа како има секој втор е само едно ЕЈ пиши му на инста што сакаш после можеш да му правиш, всушност не ни мора да му пишеш додади го само сам ќе ти влета во пп.
Нормално треба да изгледаат.. како сите нормални луѓе.. без тракатанци и керефеки..во денешново време машкиве почнаа да глумат лудило..
Има разлика како што рекоа погоре од разголено и вулгарно. Кога ги гледате тие на онли фенс на што ве асоцираат ? За што всушност постои онли фенс ?
Секако дека има и мислам дека се многу и јас припаѓам во таа група. Нај просто ќе го пишам дека ние девојките сме многу лесни додека имаме партнер, се отвараат многу повеќе врати и сакаш да пробаш се и изневеруваш човек кој го сакаш. Знам по себе и по моите другарки кога некоја е сингл неможе баш така лесно да даде на дечко што не го познава добро или барем сме искочиле на 10-15 дејта. Додека имаме партнер даваме на секој кој ќе не погледне. И не зборете дека нема лесни жени тоа е моментот кога сите сме исти иако знаеме дека повредуваме некого упорно го правиме.
Не сите, можеш да зборуваш само за тебе! Ако си ти таква не сме сите. Како ќе ти биде тебе тој дечко со секоја што ќе ја сретне да те изневери? Ти сакаш дечко да имаш да седи тој дома ти да го контролираш, па уште и да одиш и да го изневеруваш со сите.
Се уклучив во темава поради тоа што гледам дека многу се манипулира има и многу машки што читаат и ви веруваат јас решив да ја зборам вистината зошто за прв пат ме здоболи многу тоа што изневерив. Сето тоа се случува поради нас жените кој меѓусебно се подржуваме во злото. Напишав за совет во друга тема како да ја нормализирам врската и во лични пораки ми пишаа многу девојки и ме охрабруваат да продолжам така зошто мажите го заслужуваат тоа... Ми се гади и од мене и од се веќе
Да ова е членот/членката што сметаше дека партнерот не треба да оди на работа.Освен манипулатор сега е и лесна женска