Било кој надрдан маж може да ја нарече жената лесна во многу прилики. Или биле во врска, па ја прекинала, и завршила со него. Кога не е заинтересирана исто може да биде лесна, ама он кутриот не може да ја добие па е унервозен. Ако е самостојна, не се вклопува во нечиј облик на мислење и начин на живот обично примитивен и затуцан пак е лесна. Облеката е најмалце битна.
Ако си ти лесна, не ги ставај сите во ист кош. Ако ти се отвараат повеќе врати не ни стапувај во врска. Ако ти се ебе со секој, не ја мачи другата твоја половина ако не си спремна за врска. (исто важи и за мажите) Мислиш додека имаш партнер ТИ си се ебеш со сите, не сите. А у остало и мене ми изгледа дека е маж (pusssy) па што коментира дека сите жени изневеруваат.
Не сум сретнал такви личности до сега, но ако навистина постојат тогаш тоа мора да е пореметување кое бара медицински (психијатриски) третман.
Јас би очекувала жена да го пиши она горе, ама најчесто жена со поинаков морален компас и со holier than thou однесување. Во овај контекст као „ugh заслужвам зошто сите жени сме вакви изневерувачки“, или ко шо имаше претходно „ugh ми треба маж да ми кажва шо да прам оти јас сум жена и не можам“ - вришти на маж шо пробва да докажи поента на жена, ама не знај како. А, сигурна сум дека не знај ни која поента сака да ја докажи. Само шо јас не можам да го докажам ова, па решавам вакви испадни генереално да игнорирам. Spoiler: don't feed the troll Уствари то е мој совет - ако мислиш дека некој трола, ама не можиш да го докажиш, игнорирај. Don't feed the troll пошто така му даваш сила да му е забавно и да продолжи. Тролови „умираат“ од досада, како шо Тинкрбел „умира“ без внимание. Пишам зошто сакав да дам апдејтирано мислење, зошто дете јас шо пишела - ништо не ја сфатив. Само да е здрава и жива се надевам се согласува со мене сега, оти стварно немам фокус да ја читам и разберам. Јака ви душа на сите шо сте ме читале низ годините. Накратко облека и изглед можи да е индикатор за то каков е чоек, ама и не мора да биди. Особено за да окарактеризираме жена како „лесна“. Шо значи то? Сака секс. О не. Кој грев. Буквално никогаш не го сфатив то, сум имала партнер „со минато“ и пак бил добар чоек, кој не ме изневерил (to my knowledge) и не сум се осетила загрозена за мојата способност само зошто имал видено женски полов орган пред мојот. Буквално не е толку deep ако некој има секс и обавува физиолошка потреба. Пошто на крај на ден, поќето од нас (луѓето) се сексуални битија. И негирање на тој дел можи да носи до последици. Се дур тој партнер со мене е во ред, мене не ме изневерва и со мене е коректен - шо ми менва дека бил „лесен“? Следно, колку жени се окарактеризирваат како лесни, кога уствари бараат стабилен партнер ама постојано се лажени, манипулирани и „искористувани“. Ова во наводници зошто сами сме одбрале да имаме секс, ама сме одбрале да имаме секс со некој под поинакви „услови“ (барајќи врска, стабилен партнер, иднина). Уствари шо најмногу лошо седи со мене е фактот дека мажите не се карактеризираат како „лесни“ кога за да имаш „лесни“ жени, мора да има и друга страна со која се лесни. Пошто за секс минимум учесници е двајца. И ми текна на еден рил, рил со кој јас стварно се соживувам. Беше една прејака женска, облечена доста провокативно, да не речам „лесна“. И објаснуваше како колега, или некој маж со кој се знај површно - пробвал да флертова со неа, се напнувал да ја однеси дома, цело време се врткал околу неа. Пошто вика: „свесна сум дека личам како „лесна“ шо и да значи то. И го одбив. И се налути и на сите кажа дека сум курва. А, јас? Јас сум асексуална.“ Од таму, општеството научило одредени карактеристики да ги стави во категорија на „лесен секс“, ама нит значи дека ќе добиеш секс, нит значи дека некоја е лесна ако добиеш секс. Пошто секогаш се збора за облеката на жената, за однесувањето на жената, за то колку секс има жената. Никогаш не се гледа дека некој гледа во та облека, или дека има секс со та жена. На крај на ден секс е, it's not that deep bro. Шо сакам да кажам е, никогаш не се гледа на женската сексуалност како на нешто шо постои и се гледа како на нешто шо го имат само курвите (кон кои сме привлечени, ама ние како мажи не сме лесни де, тие се, провокаторки одвратни), а жените се свети и невини (ама не сме привлечени, имаше еднаш коментар шо велеше: „ме одби маж ми за орален секс откако родив дете зошто сум го бакнувала детето со та уста и сега сум мајка“ - тој маж инаку ја изневери). И ова се лежи во мизогинија и Madonna-whore комплекс ама ај. Да не тупам. На крај на ден сум то, тупаџика. Се осеќам ко да треба да ставам TLDR на сите мои мислења (too long, didn't read), ама тука не можам да извлечам краток заклучок. Пак на долго ќе фатам. Spoiler Тупаџика упм.
Абе треба да има пудра и шминка, но не е морално, но да не биде шлаканици направена како чудовиштето од Ит. Мене изгледот до толку не ми е битен, но не значи дека треба да биде како испукана петарда, туку побитни ми се манирите и карактерот. Што се исплаши ти до толку. Слободно шминкај си се, само не претерувај. Никој не сака кога нешто е претерано и накинџурено. Бидете си свои. Ако некој ве сака, ќе ве сака такви какви што сте вистински.
Во превод - мажите сакаат жена која е доволно сексуализирана, ама да нема доволно самодоверба за да се чувствува удобно и во контрола во својата сексуалност. Жените кои смрдат на мизогинија уживаат да бидат истакнувани како поинакви и поскромни од другите жени и да се само-стерилизираат дека сексот е нешто кое го даваат, а не нешто во кое уживаат, па треба да бидат молени за да го дадат своето тело на користење. Не дека нема жени кои исто така ја користат својата сексуалност за да повторно се истакнат како подобри од другите кои се повеќе повлечени, но тоа не е толку истакнато како првиот случај, ако зборуваме на едно генерално ниво. I mean, исто како тебе прав тупаџија, ќе речам дека it all goes back to тоа како религијата и патријархатот ги поставиле темелите на нашето општество, каде што сексот е грев и се' што произлегува од тоа ќе биде автоматски грешно за секоја жена, за мажите помалку. Овие небиолошки учења толку силно ни се вкоренети во потсвеста што е навистина природно дека не може туку така да се излезе од нив, макар поминале и десетици и стотици години. Има време. Нема ни да речам дека не треба да судиме според изглед бидејќи зборот лесна треба да изгуби секакво значење(и + и - ) и да не му придаваме важност се' додека не означува само физичка маса. Но нешто кое ме загрижува е колку поконзервативни стануваат помладите џен зи, гледајќи ги по интернетов како се навраќаат на идеали кои би биле карактеристични за '50ти години од минатиот век. Така да, секоја жена треба да си носи што сака и да изгледа како сака, без да носи товар на некоја категоризација која има корен во сексистичка догма. Spoiler Оцрнување на стилот прифаќам и практикувам само ако се има лош стил од моден аспект, неестетски, досаден итн.
Или пак мажите сакаат жена му дома да седи домакинка, природна лепотица, а они да си ги дрват на женските со шминка и по секси облечени по социјалните мрежи и на крај да и оди на жена му да и каже жено јас бев со друга, со таа ми е поубаво, ме пали, ваму таму и оп развод. Зошто затоа што нели мажите ги деградираат жените таа била лесна ако е облечена до пиц од неа домакинка нема да биде, а таа е домакинка ако е облечена под колена, ќе меси како мама и баба! Не се жените криви, криви се мажите што не знаат што сакаат и осудуваат според тоа како жената е облечена и кога ќе бидат одбиени за секс одма одат со изрека курва е, лесна е бла бла. Се дури се прави проценка по тоа кој како изгледа, ништо не бива од нас.
Сериозноооооо????? Не ти мења апсолутно нишо, и нишо не ти кажува тоа ако легне со кој стигне? За двата пола важи ова. Онли фенс може си го рачунаат за хоби? Дркаџиите убаво ќе си поминат, задоволени, а тие коишто се нудат си имаат дополнителна заработка. На крајот сите задоволни Ах бе.. Штета, навистина штета, до каде отиде изопаченоста..