Шо треба да ми значи, ако та особа е фер со мене и лојална на мене? Еве, сериознооооооооо ми треба помош да сфатам. Значи зборам за особа шо има "минато", ама со мене е максимално фер и верна. Кој е делот шо треба да ми смета и зошто? Да се едитирам. И натаму темава е за "лесни" жени и како да препознајме (облека, шминка итн). Шо збора ова за нас ко општество? Шо е лесна жена? И како мене лично ме засега некоја ако е сексуално битие?
Одвратни се.. Не знам како не го глеаш тоа. Замисли спиел со 100 жени, зар ова не е ред флег? Не знам како ваков тип може да e верен, лојален и фер. Контрадикторно е баш.
Да се замараше општествово повеќе со тоа дали некој е педофил, убиец или силувач, отколку шо се замара со тоа дали некоја е лесна или некој е педер, ќе цветавме досега
Избори околу секс знат да се црвено знаме. Гледаш дали пример прај импулсивни избори или не. То е едно од нив, дали ги дели жените во ригидни категории ко шо спомнав во иницијалното мислење. Дали има изневерено во то минато кое го има. За мене то е поголем индикатор за то каков е чоек, него колку пати секс имал (башка дали е со иста личност или не) пред мене. Ако изневерил - за мене е црвено знаме, чак имал една врска зад себе. Ако не изневерил, не прај брзи одлуки, импулсивни и не дели светот на добри жени и жени курви (Мадона-курва) - јас и натаму не гледам црвено знаме. Зато пак ќе речам, ако некој со мене е фер и коректен, не ме изневерува ама има "минато", како то ме засега? "Одвратно е" не е аргумент туку субјективно чувство. Шо е океј да го имаш за себе и да одбериш поинаку за себе. Ама на крај на ден пак останва прашањето: шо е лесна жена? Шо е со страната која учествува во тие "лесни" активности? Пошто велиме дека ги држиме мажите и жените на ист пиедестал ама фактите велат дека маж можи да се фали со секс и е воспеван за то, додека жените се осудени дури и да не зборат за своите искуства. И најважното, ако јас се облечам секси и за некој то е повод да напрај одреден чекор кон мене (вклучува ова и сексуално малтретирање/ силување) - зошто пак би ме суделе мене оти се облеков ко шо се облеков за себе, него тој кој извршил непосакуван чин врз мене? Од "ама та е лесна жена" потекнува "сама си го барала". Во сржта на се шо збораме на темава се наоѓа тешка мизогинија, и колку да велиме дека ова осуда опфаќа и мажи - фактите шо можиме да ги набљудуваме го велат спротивното. Велат дека многу поќе простваме на мажи, а многу поќе судиме на жени за се шо инволвира секс и сексуалност. Се се сведва на она шо @Angie1432 го дополна:
Дали е лесна или не жената не ја карактеризира облеката туку нејзиниот став. Имаш жени закопчани до грло а одма скокаат а имаш жена со деколте и минич која има таква енергија да не дозволува секој да и се приближи.
Таман работа.. Ни на крај памет тоа не ми паѓа да го мислам. Баш и реплицирав мислам на членот Лимонко, дека маж, прав маж со вистински вредности, со здрав разум, кој не ни би ни помислил, не па да се осуди да биде наводно испровоциран од некоја жена, за жал стануваат се поретки. Тука се слагаме секако, дека како и да изгледа, што и да носи, не смее тоа да биде повод за некој да има психопатски побуди во себе. Кажав неколку страници наназад јас како ја доживувам таа лесна жена. А и да е лесна, маж не смее никако да си дозволи нешто одвратно да покуша да прави. Не за осуда, него за кастрирање и бесење се, мислам не треба ни да збориме.
Пааааа, Една жена да не биде етикетирана како лесна жена треба да биде-маж Значи, не да биде tomboy (или по нашки- мушкобањаста ), туку баш машко, со онакво меѓу нозе. Не ми е целта на постов да терам феминистички муабет, едноставно- женско си? Во секој момент може некој те окарактеризира дека си фуфа. Носи тренерки? Ааааа намерно облекува широко, сака да сокрие дека се е*ава наоколу. Носи потесно? Ааааааа, гарант се е*бава наоколу. Мислам, секако не можеш да победиш па затоа најпаметно секоја да си се облекува како што сака И вака и така ќе ја зборат дека се е*ава наоколу
Баш. Дури и да не е провокативно, да е дамски со стил, капут, чизма, добар парфем.... опаааа оваа некој ја спонзорира чим така се облекува... Едини начин да не бидете етикетирани како лесни, е да изгледате како бабушкава од сликата. Дури и бабушка да бидете, пак нема да им чинете на мажите, пошо сте 100 кила, згужвани и мирисате на запршка. Затоа жени, облекувајте се како сакате оти на луѓето секако неможете да им ја погодете.
Ако си згодна женска, а он не може да те има, тој за тебе ќе збори дека си лесна. А и ружните женски ќе зборат слично, од завист.
Само ли згодните се сметаат за секси? Еве јас сум од половината надоле плус сајз, немам рамен стомак, имам колкови, не ли треба да се сметам дека сум секси само затоа што сум плус сајз? Нема ружни жени и мажи. Има само различни вкусови. Твоите очи и моите не гледаат исто. Затоа не е пристојно да се коментира зборот ружни.
I don't think so Според сликата во модни си дааааааалеку од плус сајз. И баш згодничка. И да беше плус сајз, нит значи дека не е згодно, секси или атрактивно, воопшто не. За облино ако станува збор нели, за дебелина тоа не важи, и не е исто. Дебелина не нормализираме. Убаво рече, сите очи не гледаат исто, а некои очи се тотално делулу, не се ни свесни кутрите, ниту имаат вкус за да го забележат убавото. Не знам шо се пронајде па ти.. А зборот ружни посебно у овој контекст е баш ружен.
Јас никогаш во животот не сум задоволна од својот изглед. Дали дека од мала па се до 3та година гимназија сум била плус сајз и сум носела 48ца број и некако имам комплекс некој дека сум нон стоп дебела и секогаш се ставам на диета. Инаку фала ти на комплиментот Тука да во право си, потполно те разбирам. Искрено не сакам да ме разберете погрешно, но според мене, екстремно дебелите луѓе се сметаат за не културни луѓе, тргам настрана луѓе кои се дебели од некоја болест. Јас сум против таквите коментари, нема ружни луѓе.
Шо има врска дебелината со културата? Има многу причини шо можи да се кажат против дебелина, ама „култура“ го слушам прв пат. Ме фати неспремна.
Лесна жена народно измислен поим за на некој да му се покаже со прст.. Кој сака без разлика на полот слободно нека си има секс авантури со кој и со колку и да сака , колку тоа го оправдувам јас е друга приказна, ама тие што ќе ги користиш за таа авантура барај ги на соодветно место.. Не да етикираш некој врз основа на изглед за да си задоволиш она што сакаш.. Ова со облеката е само изговор, за да рече "е не сум јас крив". Ако е до облеката и изгледот со што ги привлекуваат кози, кучиња, деца, баби, дедовци.. ? Не е до облеката и до жртвата до насилникот е. А бира да биде само некој послаб од него, да не може да се брани, ништо повеќе..
Може во стриптиз да работи па да не е лесна,како кје биде етикетирана бог да чува тоа и светец/тица да си кје те збори некој или ајде етикетира пример нема совршен човек...
Spoiler Совршено те разбирам, пошо дебела бев, исто 48 конфекциски број Па и сеа сум моментално според некои, може за некои свиња сум, а реално не сум, али знаеш луѓето какви створења се, за изглед поготово на женско еден тон забелешки ќе најдат, зашо нивното огледало е скршено По правило тој шо најмалку треба да коментира, тој коментира, сум го приметила ова. Нема шо да немаш самодоверба ти, стварно си у супер форма. Одржувај си се вака Ја би сакала да поднамалам, али не за луѓето, ја сум си прифатена од него и ваква, ете со вишок некое кило, туку лично за себе, за други небитно ми е. За самодовербата... Тебе ти зборам, а ја неам Само па сеа интересно ми е, коа бев доста послаба е вака ко тебе све мани си наоѓав, сеа и да најдам мана, одма и нешто убаво и секси си наоѓам кај себе, па така самодовербата не се руши толку лесно, се враќа Моментално мислам дека се засакав ваква со облини На одредени места само да ги немаше ама тоа е И да, доколку некој те сака, скроз ќе те прифати, и ќе си му убава секаква Малце забегавме од темава ама ајт. Нека се преместат мислењата доколку може.
Според мое искуство, со тие луѓе што етикетираат по изглед воопшто не вреди да се губи време да се разговара ниту да се даваат 5 пари за нивното мислење.
Фала за одговорите на прашањата. Ама искрено, беа поќе реторички како алатка да доловам поентата на то како се гледа женската сексуалност, и зошто иди до такво гледање, кај е коренот. И дека како општество имаме тенденција да простуваме и попуштаме за исти работи на мажи, за разлика од жени. Поентата ми останва дека во сржта на се шо збораме, на сите прашања и дискусијата - лежи дебел слој мизогинија. Делот со барање некој на соодветно место за секс авантура - кое е то место? Јас би рекла кој и да запознајш му кажваш намерите, а не дека има специјално место. Искрено најмалку битно за дискусијава, само сум љубопитна. Епа ти не мислиш така (супер!) ама undertone на "лесна" жена е ко шо установивме - "достапна" жена. И од таму, жена која си "бара" одредени активности. Јер ако не си бараше, немаше да изгледа вака. Како и да личи вака. Овие работи не се само тесно поврзани, туку испреплетени. Ако јас седнам сега и плукам по "лесни" жени, директно (иако можда не и свесно) учествувам во то дека тие жени се достапни, и ако се достапни нема да речат не. Значи тие сакат секс и нивното "не" е "hard to get", и нивното "не" е само предлог и види ја како личи, значи си го бара. И еве не знам за другите, јас одбивам да учествувам во таква реторика. Башка шо @Nausicaa ептен концизно, со една реченица кажа шо е сржта на темава: Цел круг на она на кое ми реплицираш.
Не зборев за секси јас. Ама да, за жал постои општа перцепција за згодни, просечни, ружни, и жени и мажи. Дебелината (или мршавоста) има удел, но не е пресуден фактор. Нешто е генетика, нешто е начин на тоа како го одгледуваме нашето тело. Кај ви е тоа модни? Дај да ја видам, па да кажам и јас од машка перспектива