Искрено и јас се зачудив прв пат но слушнав од страна на сватовите на братучеда ми од Белград. Се испотепаа се испокараа со сватовите поради тоа што братучеда ми е екстремно дебела, ама нејзиното е од не контролирано јадење. Од таквите ние си патиме, од тоа што комплексите си ги лечат врз друѓи. Иста сум и јас, дури и на игнор веќе со моите искомплексирани коментари. Да знаеш само колку сум се кратела од задоволства да не си апнам, да не си пробам. Ама тоа е тоа, наметнато од страна на општеството. Инаку ми даваш самодоверба сега! Баш гледам дека и облини сега се и модерни. Плус капа им симнувам на тие што се ствано по полни, а пукаат од самодоверба! @EvAngelos Само немој да ме засрамиш ептен.(ова во позитивна смисла го кажувам)
@FlirtBerry , леле, кога те видов на сликата таму во модата, си кажав, види колку е згодна браво. Каква дебела, какви бакрачи. Ама и јас исто мислам за себе. Не сум дебела, а мислам дека сум дебела. Многу ми пречи стомачето после 2 деца. А ни стомак неам. Абе улава. Тоа се ми е трауми од детството, татко ми многу ме малтретираше и вреѓаше дека бев полничка ( далеку од дебела) , тоа продолжи и во тинејџерските години кога ослабев, и 2 кила да се поправев он одма почнуваше со вреѓање. Според него жена треба да биде само коски и кожа, а јас сум била бишка оти на коските иам малку мевце . И то неможам, посилно е од мене некогаш тоа мислење, сите ми викаат дека сум таман ама џабе
Аууу, што е бре со луѓево? Зошо се волку умоболни? И тоа вака најблиските.. Ама не ме чуди ништо. Имам братучетка која е вака ради притисок исто од татко и' за константно да е слаба, мислеше дека све над 50 кила е дебело На лечење би ги пратила сите овие, сериозна им е состојбата И дали знаат бе колку повредуваат други со ова што го прават, колку влијаат на таа самодоверба, е не може секој да се носи со тоа, не секој е толку лабав па да не дозволи никој да му влијае. Гадови од луѓе. Од такт ме вадат муабети коа не си се видел некое време со некои, и одма за изгледот, дали си ослабел или си се здебелил, за тоа се фаќаат Уште се повредувам коа јадат гомна, неубаво ми е, имаат моќ да ме растажат, после сфаќам колку ова е све површно, па ми проаѓа.. Гревчиња.
Дај бе кажете каде е тоа „таму во модата“? Или е тоа категорија што бара посебни форумски привилегии?
Уфр кај мене мајка ми правеше исто! Особено кога одевме да пазаруваме знаеше да дојде во соблекувална и да ми каже ʼИзлегувај ништо не ти стои, види се колкава сиʼ. Инаку ние што сме со комплекси така, никогаш нема да сме задоволни од самиот наш изглед. Плус и во основно и средно булинг имав за мојот изглед и 3/4 месеци се ставив на диета, буквално ослабнав 18кг и од тогаш па до денеска варирам, де 5 плус, де 2 минус, де 5 плус де ич минус. Spoiler: СПОЈЛЕР
Исто и јас варирам, плус две три, минус две три. Јас не ни се осмелував пред татко ми да јадам или да седнам. Или ќе ми префрлеше зошто јадам или зошто нозете ми се такви ( сите женски нозе се сплескуваат кога ќе седнеме пошо иаме поголемо body fat на нас ама он тоа не го разбираше). Килажата ми остана голема несигурност во животот, односно тоа како ми изгледа телото. Иам мало стомаче останато шо не се ни познава преку облека а и неможам да го тргнам пошо царски рез ме правеа, и тоа многи несигурност ми прави. Исто и hip dips иам, и заради нив изглеам подебело во половината а не сум, само коските ми се познаваат. Фала бого шо човекот почина пред да раѓам, оти ќе ме уништеше уште толку после пораѓајот.
@Adidas888 Јас затоа побегнав дури во друга држава. Сега ретко ме гледаат, а да ми искоментираат ајде дечки, чаос. Инаку еве јас не сум родител уште, ама така да ги комплексирам моите деца, НЕМА ШАНСА.
Покрипи нешто од ma6 кој води сметка како жените се облекуваат, нема на веков и докажано е дека си влече цел еден затупавувачки мајндсет. И татковци кои им коментираат на ќерки се бизарни. Никој не ги учи тие од другиот пол да НЕ манијачат, важно жените да земат да се покријат.
После празнициве кој ќе остане без споен врат ќе раскажува како. Од маса на маса сме. За мене тие луѓе се во проста категорија. Не ми е јасно каде исчезна слободата на жената во 21век?! Кај нас татко ми збор на мајка и немаше префрлено за начинот на нејзиното облекување, а не па на мене. Цел живот кога излегував со краток фустан до п. збор ми немаше кажано, а не па сега и да си дозволам мм да ми коментира како да се облечам. Цел живот носам или кратко или деколте па боли ме уво дали некој ќе ме етикетира како лесна.
Најверојатно коментираа со намера дека ќе ги заштитат така, ама попаметна опција е синовите да се воспитаат и тие самите како што треба па после да се напаѓаат ќерките.. И најчесто оние кои што имаат потреба од толку голема заштита и се плашат да не им се случи нешто на саканите, се тие што ги етикетираат другите според облеката. Луѓето најмногу се плашат да не им направат другите нешто што тие го прават.
А за дволичноста да не правиме муабет, ќерките и жените пристојно да се облечени а туѓи ќерки и жени пожелно со миничи.
Жените не треба да „изгледаат на одреден начин“ за да не бидат етикетирани како лесни. Етикетирањето не доаѓа од изгледот, туку од предрасуди и двојни стандарди. Така да, проблемот не е во изгледот, туку во општествените предрасуди.
Ама најбисер ми е верувањето дека само мажите биле визуелно привлечени од спротивниот пол, а жените не ги загледуваат луѓето на тој начин. Еден дури го слушнав, мисли дека е невозможно мажот да биде објектификуван, тврдеше дека дури ни хомосексуалците нејќеле да гледаат мажи. Ова ме потсети дека мене ми е дискутабилно и тоа што општеството поттикнува единствено жената да се облекува разголено, како дел од женската мода се наметнува голотија, а не од машката. Како и да ја вртиш, примитивизам и патријархат насекаде. Многу работа треба ова се да се промени.