Женска во бикини на плажа никој не ја етикетира како лесна. Женска облечена во подвезици и минич отидена да купува на пазар, сите ја гледаат како чукната. Ако си сред лето облечена со бунда исто ќе ти реагираат. Затоа е многу битен контекстот и целта на облекувањето. Како што во училиште се носи униформа, а на фитнес тренерки. Облеката е исто statement на духот и расположението, и треба да знаеш да како да се претставиш себеси за така да те доживуваат другите. Сум видела девојки закопчани "до гуша" и скоцкани, ама едноставно зрачат со сексипил, не можеш да не ги забележиш а мажи се вртат по нив како да се голи. Овие девојки едноставно имаат држење, гестови, поглед, имаат нешто во себе што те тера да ги доживуваш како сексипилни, без да мислиш дека се лесни. А има и девојки во фармерки и маичка, што му седнуваат на секој во скут, се клатат како пијани и крештат на глас цела дискотека да ги чуе, на таквите и вреќа на глава да им ставиш пак ќе ги доживуваш како лесни. Затоа ако имаш вкус, стил на облекување и однесување според пригодата никој нема погрешно да те разбере. Сигурно кога ќе одиш да се запознаеш со родителите на дечкото нема да облечеш минич, деколте до папок и да му намигнуваш на маса на идниот ти свекор, ако сакаш пак да се вратиш таму. Затоа не можам да разберам девојки што се облекуваат по девизата "Да бидам забележана" и притоа повеќе соблекуваат од себе, отколку што облекуваат.
Џабе ти бре девојче милитантниот пристап кога целосно си ја утнала поентата што сакав да ја доловам. И во иднина за да немаш сомнежи кога би била оправдано повикана да реплицираш еве вака директно би те цитирала, ама искрено после овој пост изгубив целосно инспирација да го барам твојот претходен поради ,,стимулативниот,, тек на дискусијата . И искрено ај донт гив а коин за тоа како изгледаш или па те доживуваат. Ама мотото со коњот ти е исто утната ,,филозофија,, погледи лепи и расен коњ, ама и оној кој е само - коњ, така да баш на коњот му е најтешко често да разграничи која позиција ја има во туѓата перцепција .
Девојки, ве читам и се повеќе гледам дека вие самите си ставате етиекти и правила која е „лесна“ и „тешка“ . Па ако имала минич никако не смеело да има деколте како и обратно, колку е тоа само блесаво (од машки агол) . Се повеќе се убедувам и дека е тоа најчесто од љубомора и завист кога нема што да се покаже зашто девојка која држи до себе и има изглед и интелигенција нема да се замара дали некоја друга е лесна, тешка, полутешка итн итн итн но кога немаш што да покажеш (или не смееш па ти е криво) сите ти стануваат конкуренција . Дали некоја ставила пет кила пудра и шминка што ви е вас битно, не е за вас ставена шминката туку за нас , ние треба да одредиме дали ни се свиѓа или не, исто и покажување цицка, се знае за кого се вади цицка и нога а тоа секако не е ради вас . Сакам да ве прашам, како да изгледа машко без да го етикетираат дека е лесен? Прашање за милион евра .
Theodora не ме изненадува твојот одговор, јас се дадов себе како пример, а ти иако не те интересира се обиде да ме навредиш што ми е многу смешно , но не се навредив воопшто, и јас можам за тебе да напишам така, да ми значеше тоа нешто , нели, ова е форум, а немам потреба да ти докажувам на тебе дека не си во право... нема потреба понатаму да те коментирам... XMan е горе доле во право...
Грешка, токму за вас не е. Жена се соблекува и тинтра повеќе за други жени него за мажи. Вие и со најдобриот другар со кој сте 20 години другари кога ќе се сретнете, баш ве брига што носи и дали пуштил брада ниту па некогаш ќе ви побара на заем маица за да е облечен во нешто што не го виделе во друштвото. Две најдобри другарки кога ќе се сретнат, па и секој ден да се заедно, одма се скенираат од глава до пети, што на неа е ново, што е од мајка ѝ собрано, дали ѝ е еднаков тенот на суратот, расцветани врвови, излупен врв на нокт, бла бла бла. Жена се средува за да изгледа поубаво од другите жени, разберете. Кога ќе ја легнеш ти неа после 2 саата секако ќе го добиеш целото тело, зошто да ти е на тацна? Демек не се гледа дали е згодна преку алишта, не се приметуваат облини?? Жити се. И целата неа со сите мани и недостатоци ја носиш во кревет, другите жени нема да висат на џам па да запишат у тефтер од кај ѝ се тресе кога рипа, дали има 5 или 50 стрии, ниту како изгледа кога ќе падне шминката. А токму тоа чекаат, најмал недостаток на друга - за да се задоволни со себе демек ух не сум единствена, оваа има уште погрд мал нокт на нога од мене. Верувај дека има голема вистина во тоа. Имам и претходно пишано, се случувало нормално облечена девојка да вади сако и да откопчува кошула пошто на маса до неа седела некоја со блуза до колена отворена. А тоа е многу, многу ниско. Све за конкуренцијата. Па може до утре да се правдаат жените како баш ги боли за опкружувањето, они тоооолку многу се самопоштуваат што не им е гајле за други... Иронија, да им било стварно гајле и да имале самопочит за извоз, не би трошеле саати на спремање. Никој не ме убедува дека кила козметика се за на себе да си бидеш поубав, муда за бубрези. Еве кажи ми, битно ти е тебе колку бои сенка има употребено? Дали се боите ускладени, која боја кај ја турила, познаваш дали има молив, туш, незнамшовеќе ставено? За жените е тоа мала уметност и си се диват на такви глупости. Или нокти, битно ти е дали има сантиметарски пластични со новогодишен принт со светки со машнички со ѕвездички и остали бљувотини, или глеаш нормални негувани нокти со една боја налакирани, и баш ти е гајле. Жена кога ќе види нови нокти на другарката, она одма мора да знае у кој тоа салон и која талентирана мома ги правела.
Пред се да биде своја да не изгледа премногу кичесто и разголено зошто за машкото око не е интересна бидејќи на неа се се гледа и нема ништо интересно за да го привлече, доколку сака да привлече внимание девојката тоа може да го направи на милон начини, но тоа не значи да излезе полу гола како да се нуди, тоа може да го направи и со нејзиното однесување или со некоја гардероба во која таа ќе се чувствува секси и заводливо тоа значи некој дел од телото да се истакне но да не изгледа премногу ефтино туку машкото да се потруди да види што ѕирка под блузата или фустанот. Покрај гардеробата од големо значение и нејзиното однесување од кое може да се заклучи за каква особа станува збор, премногу нападните девојки не се интересни за машките кои премногу зборуваат или зборуваат за нешто што нема врска со темата за која разговара целото друштво туку да се каже нешто за се излезе интересен, може на прв момент се интересни за машките но подоцна тие сваќаат дека сето тоа е безвредно и прозирно, затоа треба да се биде умерен во коментарите и да се има сопствен став.
Со сѐ се слагам освен дека е ради вас, пак е заради МАШКО како главен трофеј а лицкањето и меркањето што ти го напиша да биде поубава од другарката е точно ама и тоа има за крајна цел потенцијалното машко неа да ја примети прва а не другарка и . Ако ова го прифаќаш (а мораш зашто знаеме дека е така ) се што напиша е точно . Да ве ставам 100 девојки на пуст остров и да ви речам ќе се вратам за 10 год, после 3 месеци има сите недепилирани и ненашминкани да идете, ќе ви биде гајле . АМА ако речам секој месец ќе доаѓам да ви носам храна и гардероба има сите да бидете пицнати, епа како да не ве сака чоек коа сте такви . Сепак како и да врткаме два различни света сме и добро е што е така но дека правиме сѐ што можеме (и машки и женски) да му се допаднеме на спротивниот пол е факт и од тоа нема бегање .
Да не и се пушта на секоја втора и да и се закачува на рамо при секој сврзан и несврзан муабет. И да не иде у кревет со секоја, дури и да му се пушта апла оваа. Исклучок претставуваат белосветските, ако некоја ти се свиѓа ептен, ондак може... (ама такви не се наоѓаат секој ден) П.С. трансакционата ти ја праќам по лп
Има и за ова многу што да се збори. Еве ти пример за машко што нема шанси да го етикетираат како лесен Не е заради килажата, на овој гарант да му понудиш биг мек на една и гола женска на друга страна, он ќе го одбере сендвичот. А еве ти пример за лесен дечко На овој и баба да му прошета гола ќе се попали. А ако сакаш подетална анализа па ти отвори нова тема
Ако успееш прво да си изградиш имиџ на озбилна, паметна девојка и добиеш почит од твојата околина-блиска или подалечна, а за тоа да биде мора одреден период да си со ролки и книгата во раце ...после тоа можеш да носиш што сакаш без да добиваш дрски, безобразни погледи и коментари упатени од секакви хоштаплери заради кои ќе добиеш етикета на лесна а и неретко ќе се чувствуваш така... Но ако уште малечко да не речам неиспилено фураш некој ''I'm a sex symbol'' филм и тоа во секоја можна прилика, тогаш не очекувај друго и немој да се жалиш како никој не те сфаќа сериозно...
Многу ми се допадна мислењево . Конкретно пошто јас отсекогаш си се придржував до ''непишаниве'' правила. Имам само да додадам еден исклучок Ко помала баш бев облечена во тексас широки накај sk8 терски панталони и од кола али оно некоја апла бабачко кола имаше дерење од типот: da ti ja e***e devojka ti! dokaz za toa deka oblekata nekad nema veze a, ni lesnotijata. Во такви случаи боље е да си рајка радодајка - поише ти се исплати
И сега сакате да кажете дека Coco е посекси тука зошо и се гледаат цицките па нема потреба да се мачат мажите да замислуваат и да претпоставуаат ? Јас мислам дека облеката многу зборува за човекот, и да не се повторувам со погорните коментари, нормално дека сите некогаш сакаме да излеземе со посекси облека и попровокативно али мислам дека се си има граница. И точно е дека таквите се позабележани али мислам дека никај нема да рече за некоја како оваа дека би била добра девојка, сопруга, па и мајка ако сакате (секоја чест на исклучоците), туку секој би помислил колку е добра у кревет за една вечер. Мое мислиње И унапред извињење за сите шо ке се најдат навредени и повредени
ц ц ц ц ц ц ц Барате искрено машко мислење и згора на тоа се буните....Епа ок, за нас тие што покажуваат деколте и нозе се привлечни, a за вас нека се лесни....Етикетите не се од нас, туку од самите вас....END OF STORY !
Ако една девојка е негувана,згодна,со бесна гардероба,треба да се етикетира како лесна?!Боже,боже! Мислам дека ајде просто да се изразам, ,,леснотијата,, или ,тешкотијата,, на една девојка не може да се процени преку нејзиниот изглед. Напротив,погоре опишаните девојки обично имаат проблем во комуникацијата со спротивниот пол.Мажите се плашат од жени полни со самодоверба.А,за да ги прикријат своите стравови и да го задоволат своето его,најлесно им е истите тие ,,недостижни,, да ги етикетираат како лесни. Јас лично, повеќе се плашам од девојки од типот на министерката Јанкуловска(пример само!).Мислиш во бандера ќе удри,а таа по жица да ти одела!
Реков повеќе нема да коментирам на темава, ама кога веќе гледам дека поназад се даваат и дефиниции за лесни мажи морав. Две категории ми паднаа на памет за лесен маж. А понекогаш и двете ми се испреплетуваат во главава како една . Прва дефиниција е некој кој се фрцка, лицка и чопори во типични вилијамлевовски пози (за кои не знам колку се свесни дека делуваат ептен педерастично ) и тера некој таков претеран метро-имиџ. Втората категорија пак се типични ропаци кои на жалост можат да се сретнат во секоја дискотека Spoiler http://2.bp.blogspot.com/_xNzse6odtgs/SgG_MTohInI/AAAAAAAAD8E/4Qixe0Pmbd4/s400/WilliamLevyN2N.jpg http://t1.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcR0imOpoKn2hWYZ9taPExhZMWlCWoji-vLY7dzh5Gbb_anWxHAy http://i3.squidoocdn.com/resize/squ...631photo_1256902975william-levy-mujeriego.jpg http://t0.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcQr_dRXm-0AdFg5wZtNjIwKdqcvMZqWUdOHGFtYQM20s4QRUJM02i25cR9v Немам ништо против човекот (знам и дека славните од негов калибар би се сликале секако за добра сума и поголема популарност т.е drаwing atention), само негови слики посочив како своја претстава за поимов Знам дека куп жени на светов корнат коси по вакви маЊекени (не ми е јасно што толку ) мислам, СЕКОЈА ЧЕСТ НА ТЕЛОТО ШТО ГО ИМА, КОЈА ЖЕНА НЕ САКА УБАВО ОФОРМЕНО, АТЛЕТСКИ ГРАДЕНО МАШКО ТЕЛО ПОКРАЈ СЕБЕ, ама со онакво геј/би држење и став сето тоа паѓа во вода и мене лично автоматски ми станува одбивен таквиот тип. И без врска ми е што голем дел мажи денес мислат дека тоа е секси и ги пали жените, па се обидуваат да имитираат Spoiler А ова ми е навистина гадно ( самите пози и држењето) И еве нешто мејд ин Hellass Дајте ми кофа... Потребен ли е коментар? Се извинувам за оф, морав . Да не рече после некој само жени изгледале лесно, има и мажи... Лесни со умот пред се. Има уште неколку карактеристики, ама доста е, не е за овде... Вакви кај мене не проаѓаат, па последни на светот нека се. Во ист кош ги ставам ваквите мажи со вулгарно облечените жени. Само штета што секојдневно никнуваат некои вана би... токму ова. Небитно дали е машко или женско. Нека се брише ако ептен заминав од темата.
Најчесто проститутките се облекуваат толку провокативно, миничи, цицки надвор, ова-она, па затоа веројатно и таква ни е претставата за лесна женска. И јас да видам некоја со минич до пич, цицка надвор, прво тоа ќе ми падне на памет. Па каква сака нека и од тешка категорија нека биде, џабе е.
хаха...ми се допадна прашањето...но сепак мислам дека ние жените не ги етикетираме мажите како лесни и тешки (со овие зборови се служиме само кога оговараме за некој слаб и покрупен, да не речам дебел, но не во онаа смисла за која вам-мажите ви служат овие придавки кога станува збор за жените) ние жените во глобала ве етикетираме како ...глуп, туп, мамина маза, досаден, дибек(ова е мојот омилен збор),педерче, без мозок, швалериште, паметен, итар, заводлив, шармантен,, спортски граден итн.... Е сега ако сакам да и напоменам на другарками дека некој тип има спиено со многу жени од кои (кој од која приказна за себе) не викам дека типот е лесен туку цитирам...- што ти е ма тебе (се мисле на другарками), пази да не фатиш некоја болест