Во морал и стил нема да навлегувам, ама од прочитаново на темава, заклучивме дека лесна женска: - Лиже сладолед (и те гледа во очи) - Има силен парфем - Има коса во јака боја - Има тетоважа или пирс - Носи штикли место балетанки Претпоставувам и не носи бројаница или крст на врат па, али што знам... Имаше еден т.н. доктор, ако ви текнува, на ОффНет го вртеа со статија „Како да препознаете дали вашето дете се дрогира?“ Меѓу бисерите беше и: сере долго, слуша метал музика и седи само во соба. Е, ова со лесниве така нешто му иде.
Не знам како ви е океј да објективизирате нечие тело. Етикетирањето кажува многу повеќе за вас, отколку за таа со минич, и деколте, и што и да ви е уствари репер за "провокативна" облека. Тажно.
Одредени го почитуваат кодексот на облекување и повторно изгледаат провокативно. А дека должината на сукњата и длабочината на деколтето прават разлика, морам да признаам дека прават. Барем во мои очи. Преферирам конзервативно облекување. Не може да глумиме дека цицка на изволте не праќа никаква порака.
Многумина сексапилот го мешаат со голотија. За жал. Зошто воопшто би носела длабоко деколте ако не сакам да ме приметат и не сакам да ми ги видат!? Па да мижат ли!? 'еј ме гледа во цицки! - па ако не сакаш што си се соблекла!? - па таков ми е стилот. - ' Трагично е. Не заради друго туку зашто сексапилно може да е од гуша до под Колена затворено само по линија на тело. Ем вкусно ем доликува ем не делува евтино и лесно.
Суптилна облека, манири на место не премногу нападни ама не и да ги нема.... Културни покрети, океј насмевка.... Не знам.... Да не е префорсирано нешто.... Длабоко деколте и висок шлиц и минич и те како бодат очи, бар мене.... А на маживе? се согласувам со @Rebecca_R
Само има еден проблем. Тоа што тебе ти делува тебе вкусно и долично, на некој му е евтино и лесно. Култура, ама не на облекување, туку таа доминантната, во која сите сме израснати, со перцепција дека надворешноста е доволна за да му залепиш на некој етикета. Не станува збор за дали извадила цицки, нога, глужд или лице. Ниеден дел не е некултурен или провокативен. Во различни култури се сведува на исто, а тоа е интертната сексуализација на женското тело. И тажно е да не сме свесни за ова, и уште па да го поддржуваме.
Забулете се сите сосе лице за да не ве зјапаат И вака на плажа на сите мажи да им зјапам јас во алатите, особено на тие понадарените. НевероВатни сте.
Премногу се зборува за ова. Толку не треба да ви е гајле како некој се облекува што не треба ни тема да има. @Rebecca_R Знаеш кој вика дека некој вид облека испраќа некаква порака? Силувачите. @LiliBoz Кој одлучува која е границата меѓу сексапил и вулгарност? Ти? Јас? Трајко? Стојка? Ах бре луѓе, мислев ги поминавме деновите кога облеката на една девојка ќе ни биде предмет за дискусија. Нели помина времето кога стававме критериуми за како треба да изгледа и да се однесува ,,дама"? Кога ќе престанеме да им кажуваме на девојките како да се облекуваат и однесуваат? Зарем сакате вашите ќерки да растат во свет каде луѓе ќе примаат пораки врз основа на тоа колкаво им е деколтето? До кога ќе судиме вака? Немојте да ми кажете после дека не ни требало феминизам. Сè додека должина на сукња се поврзува со сексуалната активност на една девојка не сме направиле никаков прогрес. Не ми кажувајте ни како тоа било ваш вкус, како вам ви е пријатно за око. Ако навистина се сметате себеси за еманципирани слободоумни луѓе не би ви пречеле кратки сукњи и деколтеа кај рандом девојки. Жално е колку ни е интегрирано објектификување на женското тело во општеството. Премногу жално.
Да, скриен силувач сум јас, глумам нормална личност ама уствари намамувам девојки и момци надвор од форумот за да ги силувам. Не, времето никогаш нема да помине, јас никогаш нема да престанам да правам разлика помеѓу дама и личност која се облекува провокативно и се однесува како уличарка. Никогаш нема да ми биде нормално и пријатно за око кога ке видам цицка на изволте и фустанче од кое се гледа линијата каде што почнува газот. Ниту пак, ми е пријатно да гледам мажи кои носат алишта преку кои им се исцртува половиот орган. Вулгарно е и евтино. Јас никаде не реков како девојката треба да се облекува, таман ако сакате голи шетајте по улици, мене ми е сеедно, ама не ми изгледа убаво и тука завршува муабетот. Еве да речеме, не се сметам себе за слободоумна личност, сега океј е да кажам дека голотијата не е нешто 'нормално'? Битно е да нагласам дека јас не правам разлика помеѓу маж и жена, туку во мои очи има разлика меѓу луѓе кои се облекуваат и однесуваат пристојно и оние кои се тотална спротивност на првите.
За маж како сексуално суштество во комбинација со балкански менталитет не постои некоја нелесна За нив само "тешка" е онаа која ја избрале за мајка на нивните деца и тоа преку свет ритуален чин нешто слично на Артур и Екскалибур Нема врска само облеката, туку однесувањето, постапките, говорот на телото. За нив една насмевка по грешка значи зелено светло за Марс да ја нападне Земјата. А понекогаш доволно е само и да дишеш За девојките, особено помалите девојчиња кои се облекуваат многу провокативно и се однесуваат така, би рекла дека треба да сфатат дека треба да бидат свои и тоа навистина да биде нивен личен стил, а не да го прават за минутно машко внимание. Сметам дека повеќе внимание треба да обратиме на оваа појава, девојчињата да знаат да се ценат себе си, отколку да отвараме вакви кои само придонесуваат ја влошуваат истата. Нешто слично како насловите на статиите: Прочитајте на какви особини најмногу паѓаат мажите или што треба да направиш да те засака, носи ја оваа боја да ги привлекуваш итн, се во превод или напишано во насока девојките да се сконцентрираат кон машко внимание. На 21-ви век можеме многу повеќе од ова, јас мислам
Мислам се дискутирало на многу теми ова. Никој не оспорува кодекси на облекување, проблемот е во етикетите околу сексуалноста најчесто упатени кон жените. Кога машко ќе отстапи од дрес-кодот со голотија на некој начин (рамбовки, шорцеви или не знам што друго што го открива телото) - се коментира токму како такво - прекршување на кодексот, плус дека нема вкус, изгледа смешно/кич и сл., и тука завршува. Но, не и со етикети околу неговиот углед, провокативност и сексуален живот. Зборот „лесна“ во овој контекст тешко дека некој го употребува и во машки род, исто како и „к*рва“ што нема машки синоним. (Машките можат да забодат очи во овој менталитет со малку повеќе нега за изгледот и женствена облека, дека можда се „обратни“ - ама тоа е веќе друга тема.) Сте се запрашале ли зошто е така?
Колку и да сум феминист, колку и да сметам дека должината на сукњата не ја претставува сексуалноста на девојката, ова ептен, ама ептен ми забоде очи. Оти интересно е што судењето го осудуваш во контекст во кој ги оправдува работите за кои се залагаш, а во контекст во кој ти одговара целосно го одобруваш, дури и поттикнуваш. Затоа, немојте за судење. Да, ако сакаме да не сфатат сериозно во патријахален свет мора да покажеме дека сме озбилни. Секоја гардероба за приликата. Лесно ќе приметиш дека аргумент на главните десничари дека "жените имаат повеќе права од мажите" е "како може јас да носам одело, а таа да носи минич и да напредуваме паралелно". Дека секоја жена веројатно во период од животот ќе биде етикетирана како лесна, без разлика како се облекува - тоа сигурно. Ама дека не може да се облекуваш како сакаш и каде сакаш - тоа уште повеќе.
Ама никој не оспорува дека има жени со катастрофален осет т.е неосет за мода и кои врска немаат кое парче со што е прикладно и за која пригода е соодветно. Сум ги загледувала, сум ги коментирала, ама.. зборот со кој би ги окарактеризирала никогаш не бил ЛЕСНА. Нема врска епитетов пренесен низ сексуална призма, со нечиј вкус или невкус за мода.
А кај е границата со каде смееш да коментираш? Смееш да прокоментираш ако некој отишол да брани дипломска во кратки панталони?
Пак мешате кодекс со етикетирање Тогаш која е границата до каде треба да се сумњата и деколтето за некоја да биде или не биде лесна?
Лавстоунд го рече тоа што и јас. Дека само невкусот за мода и утнат кодекс нема врска со тоа дали некоја би легнала со 1 или 20, а не дека не треба кодекс да се почитува.
Да, ама почнавте феминизам да мешате и да навредувате луѓе кои се за строго почитување на кодекс, па ми текна дека скоро имаше приказна за една девојка што отишла да брани дипломска во кратки панталони и ѝ приговориле за тоа, па цел интернет се имаше дигнато во нејзина поддршка, дека смеела да носи што сака и немаат право да и кажат што да носи. Од друга страна, кога јас тука побарав совет за најкорнзерваривниот можен дрес код затоа што одев на интервју во институција која го бараше тоа добив куп навреди дека сум се борела за уназадување на женскиот род со тоа што сум се потчинувала на патријахални дрес кодови. Каде е границата? Кој кажува колку смее, а колку не смее да се коментира? Еве, мене помалку ме боли да ми речат дека сум лесна отколку да ми речат дека со моите акции придонесувам за уназадување на женскиот род. И сега, што правиме?