Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како јадете крем бананчиња и ресани?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од theowndemon, 14 август 2022.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.463
    Пол:
    Женски
    :angel:
    И јас сум од "мувачите" :bandit:
    Ретко ги јадам, па нема зошто да не уживам во моментот :mm:
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda и theowndemon им се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.444
    Допаѓања:
    24.944
    И ја коа бев мала така, сеа ме мрзи, а и ретко јадам ресани и крем банани.
    Истото го праев со чоколадине на Дорина (ледена , пунч, и 3тата ја забораив) и чоко бонбончињата со цреша. Прво чоколадото, па тоа внатре.
     
    На cresa-jagoda и theowndemon им се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.814
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Не јадам крем бананчиња затоа што текстурата и вкусот на бананата е одвратна. Не можам да замислам некој посебно да го јаде само делот со бананата.

    Ресани сакам, но никогаш не сум се сетила да ја одделам. Again, би имала проблем со текстурата. Ако сакате чудна комбинација со ресани, многу сакам смоки (Стоби Флипс, не други) и ресани заедно да јадам. Буквално заедно да ги жвакам во уста. Не питајте.

    Единствено нешто што јадам наопаку мислам дека е она фамозното, прво во тањир ставам млеко, па тогаш житарици.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.218
    Допаѓања:
    11.227
    Пол:
    Женски
    :D темава.

    Ресани, ја грицкам одоколу 'бисквитата' да ми остане само центарот и на крај смукам да ми остане во уста само желето. :| In my defense, како мала тоа.

    Крем бананки, не го 'лупам' чоколадото од бананката. Гризам наеднаш, едино така мi e whole experience ова благо.

    Кит кат, секако, делам layer по layer, Само не вака
    Screen_Shot_2018-06-01_at_2.13.46_PM.png
     
    На Espadrila, CameliaMiller, f.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    + 1, без шмукањето само. :D

    Ресаната ја јадам така што прво го гризам делот околу желето. Така во круг ја јадам додека дојдам до желето. Па го одвојувам од бисквитата. Ја јадам бисквитата...ок, тука ја шмукам чоколадата од желето и на крај тоа го јадам. :D

    Инаку и тостови јадам кружно, сендвичи исто некогаш. И пицата обратно ја јадам, од кората. :tmi: :D
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda, Srckata28 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Hecate

    Hecate Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2022
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    947
    Пол:
    Женски
    Крем банани многу сакам но ги јадам секогаш ги ставам во замрзнувач стануваат потврди не замрзнуваат и се 10 пати повкусни, ги гризам цели не ги јадам дел по дел. Ресана не сум фан не се ни сеќавам кога последен пат имам јадено.
     
    На cresa-jagoda, theowndemon и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  7. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Temava u kanta.
    Za sekakvi gluposti se otvaraat novi temi.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Ако сум дома, ставам со лажичка неколку капки вода врз тестото на ресаните да стане помеко ама не па да се цеди вода од нив. Потоа се лапнува целото. Крем банани не јадам, не ми се вкусни.

    Бајадерки
    на Краш понекогаш со цел да го доживеам бадемолешниковиот крем во полната негова слава и сласт го одвојувам од какаото со нож, но претходно ги држам десетина мин. во фриждер да отврднат, така полесно се сече.

    Порано рум плочки ќе ги набутав во кифла или геврек (тестото треба да биде меко) и како сендвич ги јадев.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Ни крем банани, ни ресани не јадам дел по дел, а и двете ми се убави.
    Инаку и јас како @Hecate ритуално секое благо го ставам во фрижидер да биде поладно, така ми е поубаво.
     
    На cresa-jagoda, theowndemon и Hecate им се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Порано ја лупев чоколадната облога од сладоледот на стапче.
    А некни во Рамстор мол земав нивен сутлијаш и купив топка сладолед со ф'стак од кафичот покрај и ја турив во сутлијашот, многу вкусно испадна.
    Греота е храна да се фрла во канта ако е добра.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    1. Ресана
    Прво го грицкам колачето од страна до кај што е желето, после ја вадам бисквитата и ја јадам, и на крај го шмукам желето сосе чоколадото.

    2. Крем бананче или цело наеднаш или го грицкам само чоколадото прво па бананата на крај.

    А смоки како јадете? :D
    Имам две расположенија. Цела рака смоки ќе напикам во уста или внимателно смока по смока ги шмукам.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    1. Ресаната ја јадам со ред
    2. Крем бананка строго дел по дел прецизно
    3. Кроасана прво горниот дел го "лупам" и јадам, потоа тоа од внатре.
    4. Орео прво бисквитите потоа филот
    5. Црно бели чоколадо прво црно потоа бело

    имам симптом на ОЦД ај чао :rofl::rofl:
     
    На cresa-jagoda, theowndemon и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  13. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    43.118
    Пол:
    Женски
    Исто.
    Ресаните ми се опција кога не знам какво благо да јадам, незаменливи. Порано на баба ми цигари ко и' купвав даваше и по 20 денари за ресана. :rofl:

    Крем банани не обожавам, само оние ептен малечки шо се, цело го гризам без делење.

    Најмногу се лигам со чипси, прво ги лижам за зачинот да го изедам и малку да ми омекни, па гризам. (facepalm)
     
    На -црноока-, Bezimenka90 и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.814
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Ставам неколку во уста и не ги жвакам туку ги топам во уста. Ова за стоби флипс пошто таква мека текстура имаат.
     
    На Евроазија, Кена Рис, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  15. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    350
    Како ги јадам, е како да нема утре...
    Немам некој ритуали да двојам, мувам, шмукам...

    А за смоки исто како погоре е и друго омилени ми се со јогурт и буковец мхммм ќе ми се пријаде бре а за спиење се спремив.
    Ај доста е. :D
     
    На Espadrila, CameliaMiller, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.502
    Допаѓања:
    166.043
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека за темава се бунат само луѓе шо грешно јадат и видоја дека се малцинство и сега се осеќат загрозени. I said what I said. :devil:

    А како поинаку? 8-| То е начинот. :D

    Јас сум една по една смока секогаш, само зависи од расположение дали ја грицкам или ја оставам да се топи в уста. Ама со топење само од Витаминка. Други не се топат исто.
     
    На CameliaMiller, Glowy, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    8.876
    Пол:
    Машки
    Сакам да ги исчитам сите коментари ама неам живци пошо премногу сакам да искоментирам.
    Значи цел живот мислев дека сум сам со нечинот на јадење, ама очигледно не сум.

    Па вака,
    Ресани - го одвојувам желето, го јадам бисквитот, потоа го лижам чоколадото од желето, и на крај го јадам желето.

    Крем банани - го грицкам чоколадото од секаде со заби, па го лижам бананчето (звучи непристојно) и на крај го јадам.

    Сладолед на стапче во домашни услови - го одвојувам цело чоколадо, ако сладоледот е поделен на неколку слоја - го двојам и нив, и ги јадам со лажица.

    Сега ќе одам чекор понатаму... :$

    Сникерс - во совршени услови ги двојам сите делови со нож, ако немам, тогаш со заби двојам. Прво се двои чоколади раниот дел и се јаде веднаш. Потоа карамелата се двои, па кикириките. Се јадат по обратен редослед - прво кикириките, па потоа карамелата, на на крај најдолниот сунгерест слој.

    Марс - на ист начин како Сникерс.

    Најлепше жеље со млечно полнење - исто како старите блок чоколади, се двои чоколадниот дел од млечното полнење. Јас го јадам прво чоколадото, па потоа полнењето.

    Блок - легендата вели дека од тука потекнува и начинот на јадење на горенаведеното чоколадо.

    Чоколади со течно полнење - Се загризува едната страна, или се сече и се трга настрана. Содржината во коцката се шмука, со јазик се чисти внатрешно (малку изгледа непристојно, прајте го ако сте сами или пред партнерот/ката), потоа се јаде чоколадото.

    Било која торта - се двои пандишпанот и сите останати слоеви. Се јаде пандишпанот што е можно побрзо. Потоа се јаде шлаг пената (таа што е најлесна и најгоре или странично). На крај се јаде убавиот шлаг - односно полнењето меѓу пандишпанот.

    Бајадера - се двои. Со секое бајадерче редоследот на јадење на слоевите е различен и така се постигнуваат многу различни искуства.

    Пица Италијана - се реди на прстите и се јаде едно по едно крукче.

    Смоки во совршени услови - се боцкаат на соленка како мевце на ражнич.

    Некст левел шит:
    Бонитоп
    - се двои тенкиот шеќерастиот слој и се јаде, а потоа и чоколадното полнење (ова исклучиво ако имате живци и немате шо да прајте во денот).

    Мислам дека ќе ми текнат уште, ќе пишам и втор дел... Ваљда...
     
    На Espadrila, Glowy, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    45.935
    Пол:
    Женски
    Аууу не можам :tmi:

    Додека вие делите, шмукате, лижите,јас цело пакетче ресана ќе офукам :worried: немам трпче-изеслија сум :angel:
     
    На Espadrila, Hellobeautiful, MarijaMi90 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    75% од овие и јас ги правам ама нема јавно да кажам кои :lol::lol:

    Cherry бонбони - строго се одделува долниот дел од бонбончето, потоа се шмука румот, втор чекор се јаде црешата, потоа се јаде горното чоколадо па долното.

    Чоколади со цели лешници и бадеми - од коцката или редот прво се јаде чоколадото кадешто нема лешници или бадеми, потоа се јаде чоколадото околу лешниците, и на крај лешниците се "чистат" убаво од чоколадо па се јадат еден по еден.

    Чипс кикиритки - обавезно се грицка на пола портокаловиот дел, се јаде прво тоа а потоа кикиритката.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.498
    Допаѓања:
    41.684
    Пол:
    Женски
    Брее арно имате нерви за вакви ритуали, сафра ме фати што ве читам :drunk::D.
    Кај мене се оди заедно, ништо не двојам, само гнетам:D.
    Е едино смоките некогаш ги грицкам, некогаш ги топам.
     
    На Hellobeautiful, cresa-jagoda, TheTruth* и 4 други им се допаѓа ова.