И јас секогаш го одвојувам филот од чоколадото, така послатко е, не ми е јасно како не знаат да уживаат овие што ги јадат заедно?
Со лупен сончоглед ама несолен, дека смоките се доволно солени. Првин пола рака лупен сончоглед и после се става рака смоки. Понекогаш да добијат на интензитет ставам и неколку зрна печени лупени кикирики од SL-Агроплод. И едното и другото е правилно, со тоа што едно по едно ако се јадат полесно е да се избројат колку имало во пакетчето. Ама па може да се мери и со рака, колку цели дланки смоки имало. Некои луѓе па со лажица ги јадат, ама шо знам тоа веќе некако ми е претерување, уште па ако е од оние стари сребрени прибори лажицата... п.с. кај прстната односно дланковата техника на јадење смоки важно е прстите односно дланката да ви биде дезинфицирана, така на раат може чоек да си ги излиже честичките смоки од истата (не си ги гризете прстите).
Крем банани не јадам, ама ресаните првин ги грицкам околу желето, после го јадем бисквитот од доле и на крај желето со чоколадото одозгора
Со уста ги јадам Ресана не јадам, ама крем банана прво чоколадото, орео и слични колачиња ги делам и прво кремот, кит кат цело..
Крем бананата ја јадам прво чоколадото а потоа тоа бананата. Ресаната исто прво чоколадото и желето а после биксвитата.
Ги јадев цели и едните и другите, без делење слоеви. Кога ќе почнев, тешко запирав. Сега не ги јадам. Скарана сум со нив и со нивните роднини. Сите се фејк копии кои ме разболуваат. Предавници! Сега ги јадам само оригиналите - оние од фамилијата Фрутс и чистокрвните со мин 70% какао.
Незнам дали има некој како мене, ама почнувам со јадење на чоколадото само (крем банана) и стигам до пола, го гризнувам белото го јадам и после ја дојадувам цела со се чоколадо Незнам дали снемувам живци или од некоја навика така (некогаш и само од долниот дел ќе го изедам чоколадото, па цела). На Европа ми се најубави
Колку сте му посветени на процесот, јас сум ептен бејзик. Немам трпение да сецкам, делкам, да вадам парчиња за макета. Кога јадам нешто благо, го исклучувам мозокот. Само влегувам in the zone и ном-ном-ном, тоа е тоа.
За да не ми се растопи чоколадото во раце, цели во уста ги ставам и ги јадам. Нема време за посебно да делам на слоеви, се наеднаш конзумирам.може и ресана и крем бананче заедно. Темава
Од " на нога " ги јадам . И тоа строго кога менструалниот циклус ми " тропа " на врата . Во другите " нормални " денови , на диета сум и не ги јадам , делам на маж и деца .