Јас вака ги јадам: Ресани: Прво го одделувам чоколадото со долните заби и го конзумирам. Потоа го одделувам желето и го цицам се додека не се растопи и после го голтам. Always swallow never spit. И последен чекор е бисквитата, кексот, шо и да е. Крем Бананче: При купување гледам да е нај здраво шо можи. После то ко ќе го отворам го фаќам со забите и го кршам со што гледам да извам шо поголемо парче и го прам како игра со што целта е да извадиш шо по големо парче и нај големото е победник. Ко ќе завршам со чоколадото го цицам бананчето да го исчистам од чоколадо и го мљацкам дури не го снема.
Порано и јас вака а сега една ресана еден залак. Крем баначе на две залчиња не двојам ништо немам време
Добро, најнејасно од сѐ ми е како наоѓате слободно време за делење слоеви, па грицкање, па лижење и шмукање ...
Моментот кога нема совршено да ја соголиш бананката од чоколадо или на желето од ресаните ќе има остатоци од бисквитот…трауми од детството!
За такво задоволство вреди да издвоиш малку повеќе време, во право се дека вкусовите така се појаки и подобри отколку се наеднаш. Ама и јас стрвен гз па пикни што е можно повеќе и наеднаш, е само не мешам, ако јадам ресани само ресани тој ден или ако јадам крем бананчиња само нив тој ден.
Крем бананчиња јадам цели, а од ресаната го јадам бисквитот, а желето и чоколадното ги редам едно врз друго и ги јадам на крај. Никогаш немам делено бананка од кремот ама сега морам да пробам.
Имам чувство дека ќе ми штети на забите ако ги јадам со такви ритуали. Ресана многу сакам и ја загризувам во форма на полумесечинки, така одеднаш сите вкусови се чувствуваат а крем бананчињата исто нормално ги јадам. Него малцинство сме ние што јадеме нормално, дали ако мнозинството го одредува нормалното ние што јадеме нормално сме уствари ненормални?
Базирано на претходно искуство и мислења од многу различни членки на форумов, да. Spoiler Обележи ме за да прочиташ:Инаку нормално дека не, темава за мајтап ја отворив ама нарочно неќев да ја отворам во насмевка зошто неќам апла очигледен хумор.
Сепак, ние тука користиме јазик нормално и ненормално, како и малцинство. Јас цело време читам коментари тука како сте јаделе „нормално“ и пошто мнозинство = нормално, значи сите јадат како мене. Мојот првичен заклучок, кога ја отворав темата, дека сите јадат како мене се потврдува ко точен.
Да посегнам по било што од наведените треба да ми се јаде благо, а тоа е обично сега и веднаш. Така да немам време за делење слоеви и јадам одма за да си ја задоволам желбата. Иначе ко мала ги делев, ама то од досада го имам правено, односно после неколку цели изедени набрзинка следните ги имам раслојувано. За мене портокал и чоколадо е врв комбинација и е 10/10. Сами по себе се 5/10, 8/10. Кај крем бананката па тоа чоколадото ми е све само не чоколадо. Некоја рандом какао смеса. Заедно со бананка делот поминува, вака сами по себе не.