Течни манџи се ију. Манџи со месо се ију. Ама суво да чукни виљушката хехехехе. Ама нема некој ритуал во јадење манџа. Ко манџа е. Не крем бананче. Шознам. Зачини ептен зависи од манџа до манџа. Во тавче гравче нане е задолжително. Во мусака пример ( СО ЏЕКФРУТ пошто месо не) сув магдонос, пошто свеж е гнасен, е задолжително. Ох, едина течна манџа шо ја сакам е со батат и печурки, таму обавезно ставам таан. И тоето воглобала. Друго клавам „од ракав“.
Со лажица , понекогаш со леб а почесто без леб ( јер вечито сум на диета ) . Од зачини , ставам " од ракав " претежно користам сушени магдонос , нане и босилок , црвен пипер благ ми е маст хев зашо луто никој не јадеме , бибер , лук во прав , прстофат сол ( ако ставам и вегета , повеќе на вегета ја правам , ако не , тогаш повеќе сол ставам ) .. и тоа е тоа .
Си сакам јас манџи да јадам, грашок, боранија, компир, спанаќ и др. Месо не сакам да има во манџата дека не јадам месо, онака посна манџа ми е милина. Кога имам салата зелка или марула сакам да си ставам салата во чинијата со манџа измешано исто како во градинка што ни правеа се во една чинија. Обожавам во домашно направено пире од компир да исецкам кисели краставички во чинијата и така се заедно да си јадам.
Имаше еден виц: Со што ја јадеш манџата? Со солзи! Темава... Petar (грашокот) has left the chat. Првично пишав со лајца, ако збориме сериозно, манџи јадам со месо или без месо, леб внатре не дробам никогаш оти тогаш е веќе попара, не манџа. xD Црвен пипер и вегета ми се стандард зачини, зависи каква манџа правам, некогаш ставам оригано, бибер, рузмарин, лук во прав. Нане само во грав.