Јас сум женско но ова е слично мислење со моето ;: „А, бе, џабе ми е све на 50+, ни г'з ми мрднуа, ни кур ми стануа, ш'о ќе ми е, бир?“ (Познатиот тетосќи глумец Бранко Гечоски-Ѓеко као Стево Јањиќ, покојниот шаљивџија од Вратница, кој као шофер на алтобус на АТП „Полет“ ги засмејаваше путниците со негојте духовити текнуала)
Како ја замислувам староста? Заблуда 50+... до кај 65 не е некоја старост Чим законот за работни односи ја одредил границата 62 / 64 години... значи староста започнува во 65-ката! Потпис... млада 50 годишњакиња ПС Се извинувам за мислењево надвор од зададената тема... сакав да појаснам на натписите погоре.
Некои 60+ имаат поредовен сексуален живот од помладите... Да се чудиш ама тоа е... (Ги гледам на работа)
Ние ова од искуство Човек колку и да има години мисли дека е млад, дека староста е пред него... Секогаш се смеам за кажувањето на колешка за нејзината свеки која на 80+ викала „старост идеее“ А и моите старци дома (79 / 80 години), упорно не признаваат и не покажуваат пред околината дека годините ги „навјасале“... Кога ке излезат на улица одат исправени и буквално трчаат! Вистината е дека дома се виткаат и се жалат на реуми, колена, стопала... ама надвор НЕ, млади се!!!