Ист Истото ијас си го помислив за мене заебан животот од стартот уште, ваљда на старост нема да се опраи кога сигурно овие последните 5 години ме коштаа како пола живот а штотуку наполнав 24 а што видов и доживеав на никој не му посакувам .. Секое добро
Секојдневно ги гледам во старечкиот дом. Се замислувам како нив.двајцата со побелени коси и проќелавени.јас со наочари а тој не.во старечки дом живееме со редовни активности.читаме дневни весници,решаваме крстозбори.се смееме.тој носи вилици,јас не-до денес немам ниту еден кариес. Ни доаѓаат нашите деца и внуци на посета. Среќни и исполнети од целиот живот.до последно се грижам за него,се замислувам дека сум му сеуште докторка.а тој дава совети за изградби за нови домови.им кажуваме приказни на негувателките.сакаме да се гушкаме.искрено посакувам вакви да сме кога ќе остариме
Ништо не замислувам, па ни староста. Правеќе слики за некогаш и некаде се плод на убава фантазија која најчесто се трансформира во желба. Плановите и реалноста се на различна страна. Животот е премногу суров и непредвидлив, а секој одминат ден е благодарност за следниот. Единствено што посакувам е наследната генетика (здраво тело и добра физичка кондиција) како карактеристика на семејната лоза да ми биде придружник до крајот на животот.
Многу сум слаб со фантазирање и кажување бајки .. едноставно не знам да ги правам Староста не ја замислувам многу, али единствено што знам е дека ќе бидам физички активен, ќе цепам дрва, пешачам многу, со внуците ќе се натпреварувам во секој спорт, кучето ќе го трчам за да биде најсреќно и така Old, sharp and fit
Не замислувам, не ја сакам староста ич како составен дел од животот. Ако дојдам до тој стадиум, само сакам да ме држи паметот до последниот ден на земјава.
Нејќам да замислувам, не се плашам од смрт, ама од старост и болести и те како, ужас.... Ти откажува се едно по едно, се збрчкуваш, смалуваш, згрбавуваш нозе не те држат, и памет ти снемува веќе, не дај боже па да залегнеш од болештина некоја и сам се мачиш и тие околу тебе ги мачиш...(од ова ми е највеќе страв во животов) Деца, внуци иако звучи идилично тука се дур не пораснат после секој по свој пат, на крај ко што си дошол на овој свет сам така и ќе си отидеш...
Само да ме држи умот и здравјето. Да не им бидам терет на моите деца , да можам сите физиолошки потреби да ги извршувам сама. Позитивниот дух никогаш да не ме напушти.
Ццц. На старост не сум ни помислила сеуште како би ја живеела дали дека ми е рано или дека денес прашање е дали и остана староста кај народот Ама страв ми е да мислам па не ја мислам има време кога да ја мислам ама онака у глобала мислам дека ќе сум модерна баба со црвена коса(не знам зошто) и со ѓердани и кармин некои цветни фустани и тако даље И дека нема да досаѓам на млади со глупи муабети и кажување совети мудрување тоа никако ради би пивнала пиво би испушила некое цигарче и би завртела муабет на смешки Да попувам ноу ноу Ова поучена од животов
Зошто да ја замислувам кога можеби нема ни да ја доживеам? Која е поентата да ги замислуваш нештата пред време? За жал тоа не е мојата животна филозофија. Уживајте во моментите и не замислувајте ништо. Бидејќи работите се поубави кога ќе се случат спонтано односно сами по себе . На тој начин нема да се разочарате бидејќи сте немале никакво очекување.
Кога бев на одмор минатата година, во хотелот кај што бевме сместени имаше организирана група пензионери. Меѓу нив имаше еден пар што буквално секогаш беа заедно. Ќе седнеа навечер. Таа убава, елегантна, нежно облечена, тој во црни панталони и бела кошула. Ќе си седеа, ќе ги гледаа сите како играат, па ќе им се придружеа кога ќе засвиреа некој танц. Беа магични. Цела недела ги гледав и ги голтав со поглед. Милиони пати повторив дека сакам ваква да ми биде староста Од друга страна, околу мене имам многу стари и осамени личности. Кога остариш како никој да не те сфаќа озбилно, како никој да нема време за тебе. Кога си ја изгубил љубовта на твојот живот, оној со кого си створил сѐ што имаш, на еден начин чувствуваш дека сечиј живот тече, сите се презафатени и сите поминуваат покрај тебе без да те забележат. Барем да не послужи здравје, да можеме сами да се чуваме. Ако никогаш ништо не посакаш од животот, никогаш ништо нема ни да постигнеш
Не реков ништо да не посакуваме и очекуваме во животот. Ама зошто да размислувам за толкав временски период ? Дали во тие години ќе ми биде важно дали ќе седам на едно место и ќе размислувам што се не сум направил во животот или ќе седам во чекална во амбуланта и ќе правам муабет со останатите таму. Едноставно треба да работиме и да направиме нешто во моментот за да имаме на што да се потсетиме во староста. Инаку може јас погоре лошо се изразив, а можеби и ретко кој може да ме разбере. Дали сега сум појасен?
Како бапче и деде повратници од странство... Со 6 деца(3мои и 3 зетовци, снаи) и 9 внуци... Убава ми е куќава кај што живееме, си ја сакам.... Си имам градина за органска храна....дворче, едно куче, едно маче.... а стил нешто ко Хелен Мирен.... Сакам да сум витално бабче слабичка
не можам да се замислам стара. некако ко да неам претчувство дека ќе остарам. од секогаш викав се глеам себе си до 40, 40 и нешто и толку. Сеа имам дете па бројкава малце ми е страшна :/ Ќе видиме за два тринаесет години
Тоа е најинтересно. Не ја замислувам Не сакам да се изненадам или разочарам ако не испадне како замисленото
Па што знам, неќам да сум осамена.Се замислувам со куп мачки околу мене, кафето, цигарата и како гледам серии (не турски). Ако не дај Боже маж ми почине тогаш дефинитивно ќе имам цела куќа мачиња.Не сакам осаменост во стари денови.Ќе се грижам за внуците, за дворот и ќе си го живеам остатокот од животот по мој мерак.Денес не има утре може да не нема
Не ја замислувам. Но, сигурно ќе имам направено повеќе пластични операции за да ја задржам младоликоста и фигурата. Ќе шетам низ големата куќа со чаша виски во рака... или баш и не мора алкохол, за атер на здравјето. Нема да се повлекувам во изолација, ќе бидам активен учесник во... што и да се случува. Со внуци не верувам дека ќе се занимавам нешто посебно, нека им најмат дадилки.