Најбитното ,да дочекам децата да застанат на свои нозе ,па отом-потом. Што знам...најверојатно ќе бидам некоја бабетина што шета куче и не трза на никој и ништо. Ааааа да,и ќе се смеам нон стоп ко и увек,без оглед на сВе .
Па со сопруг со кој сме во долг брак и се сакаме премногу, имаме внуци кои што не посетуваат често, да сум кул баба што е секогаш средена и модерна, да изгледам младолико и да патувам доста. Да не дозволам годините да ме прегазат, да бидам во фит форма и да сум доста физички активна.
Како некој дедо со брада како шета со внуците и игра фудбал Сеуште со иста мера вљубен во сопругата, и шетаат заедно низ светот
Да си останам младолика. Внуците да ме посетуваат секој викенд. Да си се караме смируваме со мажето мое. Да си гледаме серии. Да си пиеме чајчиња. Да си имаме бавчичка. Да не се шетаме по ЈСП за џабе
Како таа на еден дедо што редовно, буквално во секоја годишна доба го гледам како планинари на Водно. Колку и да не сакаме со секој изминат ден старееме, што не мора да значи дека е лошо само по себе. Стекнуваме нови искуства, доживуваме постојани промени. Во староста што сака нека биде само да не сум врзана за кревет и нормално да е тој до мене да има со кој уста да отворам на било која тема
Замислувам дека ќе водам мирен и релаксиран живот, но ќе останам релативно активна и младолика за својата возраст.