Многу разочарувачка епизода. Не ми се ни гледа веќе, колку ради реда е само. Едвај ја догледувам. Тапа се ептен.
И што беше епизодава!? Си се надевав на нешто далеку подобро со оглед на тоа колку време им требаше да ја пуштат. Од Number 1 серија ми се спушти на последно место. Време е за крај, затоа што инаку им ојде и гледаност и се.
Тукушто ја догледав 13тата епизода. Катастрофа. Не се насмеав ниту еднаш. Ова не е серијата што ја обожавав!
Серијава ми стана тапа од кога ги разделија Тед и Робин ! Барни си е Барни да, ама некако Тед и Робин си беа совршени заедно ! Башка се си мислев дека децата (такви убави) се нивни :/
M.И.З.Е.Р.И.Ј.А! Џабе ми зафаќа само место во компјутер, т.е последниве сезони... И што ни покажаа сега у цела епизода? Слободно нека го проментат името, избегаа од целата смисла на серијава, јасно ми е потишавте договор за 8 па може и 9, ама не го тупете, зашто ако продолжите вака ни 7 нема да има кој да ви ја догледа.
Кога излегува нова епизода? Spoiler Инаку, и јас се разочарав, некако сега повеќе тажни епизоди има откако смешни Глупаво беше тоа со Робин, се надевам дека на крај ќе се заедно со Барни инаку без врска ќе биде. И дај нека привршуваат веќе досадно стана, дури ми изгледа и како да немаат веќе идеи веќе... Иако епизодата со Тед и Маршал (мислам 10та беше) вредеше колку за цела сезона, квалитетно се изнасмеав
Според Имдб Season 7, Episode 14: 46 Minutes Original Air Date—16 January 2012! т.е на нет следен ден на 17 а требаше вчера да има нова, т.е на нет денес Ич не ја ни чекам, нека не ни излегува што се тиче мене, само поише и поише отупуваат, од најомилена, ми стана најдосадна
Ја уништија серијава. Епизодите која од која подосадна. Нека се оправаат на време, инаку им летна гледаноста.
Ја гледавте новата епизода? Spoiler Воопшто не ми беше смешна туку досадна, не знаат веќе што да прават со серијата, ја изгуби секоја смисла. И не ми се допадна што се иселија Маршал и Лили, сега или ќе биде уште подосадно или пак ќе се вратат назад.
Ја гледав пред малку. И мене не ми беше ич интересна. Дефинитивно најдосадна сезона. Се надевам дека барем при крајот ќе ја живнат малце повеќе. Spoiler Многу ми е досадно кога го даваат Мики, таткото на Лили. Само некој глуп хумор. Мислам дека ќе се вратат Лили и Маршал, нема шанси да издржат таму. Или пак, не. Ќе видиме.. Иначе епизодава ме потсети на Стела, бившата девојка на Тед. Нели и таа не живееше во Њујорк и Тед цело време одеше натака-навака и пропушташе се' интересно што се случуваше.
Само што ја изгледав најновата. Ми беше малку поинтересна од претходните, ама некако глупаво-збунувачка. Spoiler Делот со Робин и Кевин ми беше ужасно глуп, Барни малку излече ситуација на почеток на епизодата, ама на крај сакав да му ја удрам една. Тед.....и Тед беше во епизодава????
Јас сериозно размислувам да престанам да ја гледам серијава. (како реков, сериозно ко којзнае која одлука да е ) Ако некогаш бев попалена и одвај чекав вторник да дојде, да ја гледам новата епизода, сега ради-реда ја спуштам, па ја гледам... Безвезе.. Spoiler Последнава епизода ми беше мноооогу досадна, дури ја премотав напред, со проблемот со струјата, поим немам ни што беше, од што не ме интересираше. Барни веќе претера, форите му се истите.
Ги имам гледано до шеста сезона.И може да се каже дека стануваат досадни.. Може некој на КРАТКО да ми каже што се случува во седмата сезона? BTW,мислев дека мајката е таа цимерката од таа црнокосата што го избрка Тед,ама тие лезбејки.
Многу досадна епизода. На почетокот мислев има потенцијал, ми се допадна идеја за приказната на секоја соба, ама тотално без врска излезе. Каде по ѓаволите е мајката????
Тотално сум разочарана од новите епизоди. Катастрофа жива. Потсетува на лоша нискобуџетна серија или рандом аматери што се собрале да тепаат време. Дури и Барни го испустија. Последната епизода едвај ја догледав. И немам појма што сакаат да кажат или постигнат со хуморот на таткото на Лили.