Јас уште спијам на ова, дека не е се така како што видовме и дека Барни нема да се земе со Робин. Незнам некако не ми штима а и во право е марина, стварно Тед така им рече на децата. Е сега има неколку теории, Робин се зема со друг или барни се зема со Квин. Или нешто сосема десето. Осеќам ќе биде баш ова и сега цела божја 8ма сезоа ќе се објаснува како стигнало до тоа и кој со кој се зема и зашто, и зашто не. Тед одамна не е во кадар никој ни 2 посто не го рецка.
Па нели Робин имаше проблеми со јајниците или нешто такво и неможе да има деца, мислам дека уствари тоа беше и причината да раскине со оној психологот, Кевин мислам дека се викаше. Јас знаев дека Робин и Барни ќе завршат заедно, мислам погледот кој си го дадоа кога Барни соопшти дека е енгејџд, и јасно ми беше. И да, сега цела следеча сезона Барни де ќе ја откачува стрпизеркава, па со Робин гарант жмурки ќе играат, и само последните две епизоди ќе бидат венчавката на Тед и упознавањето на мајката кое толку го чекаме. Иначе се сложувам со Битерсвит за мајката на Воловитз, и јас неа поише сакам да ја видам, отколку оваа женава на Тед.
мајката на Воловиц и сексот измеѓу Ејми и Шелдон, тоа ќе биде фешти да не бегам од темава, може и мајката не е најбитна во целава прича, ама ипак ја претераа. Тед сосема го изоставија, а мене ми беше најомилен, заедно со Машал. Ја Робин органски не ја можам, ама потајно се надевав деќа биде со Тед, незнам зошто но као пар ми се топ. Серијава ја искомплицираа до максимум, како да Тед требаше да реши ајнштајнова равенка, а не да ја сретне мајката на неговите деца.
Spoiler Hipster и јас прочитав неколку теории дека ќе имало двојна венчавка,Робин со некој таму,а Барни со Квин,ама еден од продуцентите на серијава има кажано дека венчавката е на Робин и Барни,ако го најдам интервјуто ќе го постирам
Серијава од најомилена ми стана најкатастрофа. Повеќето епизоди ги имам гледано повеќе од еднаш, ама последните од 7ва сезона само ги мотав. Една епизода ми траеше 5 минути. Ја утнаа целосно работава, претераа со плеткање, се изгуби првичната замисла. И оваа глупост со Тед и Викторија што ли ќе беше? Од никаде ја побара, не се спомуваше неколку сезони,а сега одеднаш има чувства само заради тоа што не била мажена, со деца итн итн. Инаку, кога ќе излезе нова епизода?
Си ја гледам на тв, некако не ми се симнуваат епизоди од нет. Добра е, чинам и претходно имам пишано. Еден период ми беше досадна, мислам никако да ја загледам и баш се чудев зошто сите ја фалат. Инаку ептен опушта и ептен е смешна а особено како ги изврзуваат работите . Во почетокот Барни ми беше така најинтересен ама сега Тед ми е омилен дефинитивно. Исто и Робин ја сакам ама Лили ми е ужасно антипатична. Не знам, самата фаца некако ме вади од такт.
Сакам да ја гледам летово, но имам да прашам нешто. Серијава си тече нормално со секоја епизода поврзана една со друга и случките во неа, или секоја епизода е засебе. Имам гледано така некои без ред на Фокс и не знам каков е концептот, па затоа ме интересира. Енилан?
Јас уште не ги имам гледано последните 3-4 епизоди од новата сезона. Не ме ни интересираат да ги гледам, се надевам 8ма сеозна ќе бидат поинтересни. Сега ги следам старите епизоди на фокс лајф кога ќе ги стигнам, далеку поинтересни се.
Ејјј... ова е закон. Најмногу ја сакам. Прво ме нервираше незнам зашто, ама менев канал, и едноставно мислев дека е глупа. Ама една епизода изгледав и !! Баш ми се засвиѓа. И сега кога ќе ја фатам ја гледам, а најчесто ја фаќам
Сеуште не се знае. Осма ќе има, а за понатаму ќе зависи од договорите со глумците. Инаку исто се напоменува дека може ќе има 10 сезони.
Ги гледам старите епизоди на Фокс. кога можам.Интересни се.На почетокот не разбирав што се работеше..ама сега навлегов.
Скиснав веќе гледајки ја, станаа досадно, нон стоп вртат во круг Маѓепсан круг од кој нема излегување Продолжувам да ја гледам Инат сум, сакам да знам која е мајката 7 години чекав, нема да се откажам на пола пат
Јас на FOXlife ги гледам од 1 до 6 сезоона веќе третпат, ама HIMYM никогаш не здосадува. They are LEGEND wait for it DARY! Ќе чекам сега можеби ќе ја дадат и 7 . Ако не, си ја симнувам да ја изгледам пред септември, тогаш ќе излезе и осмата, новата сезона!