Ме разочара последнава епизода многу беше досадна. Првата од новата сезона супер ја направиле, одлична идеја за потсетувањето со Барни. Ама оваа последнава удав, одвај чекав да заврши. За Барни и Робин, јас сепак мислам дека они на крај нема да бидат заедно. Иако се убав пар, некако досадно ќе биде да бидат заедно.
^ Зошто досадна? Мене секогаш ми се интересни, ок некад претеруваат со ситници и глупости, но во глобала супер ми се. Spoiler Она што сакаа да го кажат во минатата епизода е дека и Барни и Робин ќе ги раскинат врските за после неколку недели да се заедно. Малку повеќе мешаат, почнувајќи од свадбата, па сега врскиве која како завршува/започнува. Баш ме интересира епизодата од денес каква ќе биде. А за Робин и Барни, мислам дека ќе завршат заедно.
И како што претпоставував, пак досадна сезона! Не, не е тоа што беше серијава, и ова беше последна шанса да се врати. Досадни монотони ми се новиве епизоди, како и седмата сезона. Очекувам да и го стават крајот наскоро. Модерн фемили ги јаде сите во мала рака, и нема рамен моментално.
^ Преку торент, глупава... Зошто бе не коментирате тука, не ја гледате, не ви е интересна, ај да погодуваме која е мајката, ај, ај, ај...
^Е шо да и кажеме бе, глупава сигурно не овај симнувај си ги од пиратот(thepiratebay.se) супер брзо иде. Утре, накај 3-4 навечер ја стават на нет, па наутро можеш да си ја гледаш слободно. Јас незнам сатови за онлајн гледање, не практикувам начин таков. Инаку не е интересна веќе, башка и паузиве не им идат во прилог. Забораив што гледав последно, од што беше интересно
Ај дека не искара, еве ти од мене линк, јас сите серии тука онлајн си ги гледам, не симнувам обично. http://one-tvshows.eu/tv/how-i-met-your-mother Немаме веќе за коментирање, се излишно стана да се каже.
^^^ Ми текна отпосле, си ги симнав од пират 4 епизоди, ги изгледав...и вистина и мене не ми текнува за што беа Јас пошто друга серија не гледам и не сум гледала одамна па сега само за оваа тупам
Најјака серија дефинитивно! Иако со 7ма сезона малце го отапшаа али си се враќаат со 8мава...Последнава епизода (4та) ме умре, си се смеев сама со себе - бубрези почнаа да ми откажуваат ..Се надевам дека нема да и стаат крај иако можно е пошто почнаа да ја даваат мајката полека полека
Е го обожавам Барни тотално бев опседната со него еден период, плени со харизма и човекот е и магионичар плус. Што жена може да посака повеќе...освен да не е геј Инаку кога нова епизода??
Зошто бе зошто ми ја расипаа серијата На почетокот смачкав 4 сезони во недела и пол а сега катастрофа. Денешнава епизода не знам од каде да почнам да ја коментирам. Лили го прави Маршал жена. No comment. Барни со кучето имаше неколку забавни моменти ама во споредба со други епизоди беше траги-комично. На Робин не знам што и е проблемот ама не и е така голем како оној на Тед. Како сакам само да му ја залепам една. И тој моментот со детектив Мозби, зошто побогу зошто. Викторија ми беше многу симпатична ама ова денес пак иде no comment. Врвот на епизодата ми беше фустанот и јакната на Робин, ептен убаво ја облекуваат. Малку ми фали да се откажам од серијава.
^ Издржи уште малку, барем мајката да ја видиме И јас ја гледав денеска новата, мене ми стануваат патетични со другарството нивно, земете си ја Робин во спална на првата брачна ноќ од што толку многу ви значи...Фустанот
Одбивав да ја гледам оти бев убедена дека е иста ко Friends, досадата ме натера и седнав да ја гледам - ЕЛА СТАНИМЕ СЕГА ОД ПРЕД КОМПЈУТЕР АКО МОЖИШ ! 3 сезони во 3 дена завршиф, башка другите епизоди на Фокс Лајф прекутрупа шо ги имам гледано Толку свежнува серијата, има предобар хумор и пре-пре терано интересни дешавки. Робин е ЛЕГЕНДА потполно ја обожавам, другите ми се некако „пфф“ освен Барни и неговите златни моменти Дали само мене воопшто не ме интересира која е мајката?
Не знам што толку за Робин, некакo не ми , па и Лили почна да ме нервира, заедно со Маршал. Тој па изгубен у свемир е Барни си е Барни, легенда и да не слушам други коментари за него . Јас вчера си ја гледав епизодата Spoiler Го претераа веќе тоа со Робин и Тед, одамна требаше да стават крај. Али мора нешто да се збива, нели? Мајката која е не е битно, јас сум на тоа дека е се супер додека има што да се гледа.
Се разочарав некако со последниве епизоди како да им снемале идеи, а и мислам дека уште не знаат како ќе заврши, си трескаат од епизода на епизода...којзнае. Само, веќе не се ни смеам
Најјак момент у цела епизода, ми беше кучето на барни, бровик ли се викаше, нешто така... Тоа кажува многу за тоа колку е интересна серијава. Незнам како успеаа од толку добра да ја направат патетична, секоја чест. За тоа треба талент.
Јас ќе чекам да излезат сите епизоди, па тогаш ќе ја гледам сезоната. Размислувам да почнам пак од прва сезона, зашто тотално се изгубив, кој со кого, што, како.