Дечки, јас мислам дека ни продуцентите сеуште не ја знаат мајката, т.е. жената на Тед Сепак се надевам да испадне Робин со објаснување што иако Тед ја нарекува „вашата тетка Робин“ во серијата, сепак тоа да значи „маскирање“ на вистинската мајка демек полесно беше да ви кажувам за минатото на мајка ви , ако мислевте дека ви е тетка хаха теоријава ми е лудница .
Па да ти кажам логично ми е тие двајца да се заедно, баш имаат скоро исти карактери ахха, забегани се и мн др заеднички работи...
Да и јас мислам дека Робин на крајот ќе биде со Барни. Инаку ги гледам епизодите како излегуваат, така да ептен сум во тек
Spoiler Робин не е мајката - со Барни заедно ќе се на крајот. Тед ќе е професор на факултет и ќе оди со една студентка. Цимерката од стуенткава што оди со Тед ќе е мајката Ја обожавам серијава. На Фокс лајф ја даваат мислам во 22 часот во недела. Барни ми е најоткачен карактер ever It's going to be legen.......wait for it....daryyyyy Иначе Барни во приватен живот е педер
да, да ова сум го заборавила Spoiler за цимерката на студентката (таа што имаше исти вкус со Тед за музика, само што не ја покажаа) А и џабе си нагаѓаме, сигурно не ја дале досега мајката и 99% сум сигурна дека не знаат ни тие која ќе испадне до крајот..зависи од текот на серијата
Серијата се емитува пон- пет на Фокс Лајф од 20:50 и реприза од 13:05. Инаку ја следам серијата кога можам а мислам дека мајка им е Робин, но тоа нема да се дознае додека не решат да заврши серијата засекогаш...
И јас ја гледав последната епизода. Spoiler И мене ми беште многу жал кога умре татко му. Ама во секој серијал се случува нешто тажно. Затоа и ми се допаѓа оваа серија, не е типична хумористична серија. Некако има многу повеќе дух. Не знам дали ги приметивте и бројките кои се појавуваа во текот на епизодата, одбројувањето од 50 до 1 до смртта на таткото на Машал. Навистина генијално. Се мислев дека тоа може да значи дека Лили ќе остане бремена, кога ете како и во вистинскиот живот кога целото внимание ти е насочено на некоја друга работа, сосема друго нешто се случува. Инаку не мислам дека Робин е мајката. Барем ако се држат до досегашните епизоди мајката треба да има жолт чадор, да студира каде што предава Тед итн. Ништо од тоа не исполнува Робин. Јас се некако мислам дека на крајот сепак Робин ќе се смири со Барни.
Каде ја гледаш? Со превод? ...јас ја обожаааааааааааааааааааааааавам серијава Spoiler и јас исто мислам дека робин ке остани со барни, и дека венчавката од првата епизода од шестата сезона е нивната, а мислам дека е можно мајката да е девојката со која се судри Тед од забавата каде го зеде жолтиот чадор, за сега јас за неа забележав дека беше цимерката, беше студентката од погрешниот час, беше на истата забава со Тед само што не се запознаа, друго не сум запримерила за неа , но многу интересен ми беше моментот што Тед најде 3 заеднички омилени нешта во соба која не беше ни неговата, и како тоа толку силно го привлече иако и ги виде само стапалата, нели ја памтеше кога милеше дека е во барот , но тоа испадна е девојката на неговата бивша девојка Ме фасцинира тоа што се се случува со причина во филмот , ме натера да помислам дека и во мојот живот ништо не е случајно се последнично се се случува ... Па кога некој ќе има нови информации може тука да ги пишува зошто јас не можам да ги дочекам новите епизоди...
Јас ја гледам серијата преку нет без превод http://www.tvduck.com/How-I-Met-Your-Mother.html Како се појавува нова епизода така ја ставаат. Има за секоја епизода неколку линкови до streaming видеа. До сега скоро сите епизоди вака ги имам изгледано.
Јас ја гледам од тука http://www.free-tv-video-online.me/inte ... index.html Не се со превод, без превод е.
Немам идеја која може да е мајката. Само мислам дека се уште се нема појавено во серијата. Малку во последниве епизоди ја подзаборавија приказната за мајката Мислам дека сите личности се интересни на свој начин, ама според мене некако најинтересен е Барни.
Најубава серија. Не е нешто сложена за да мора да размислуваш за да ја сфатиш, ниту пак е глупава со глупав хумор, ниту пак е сапуница. Можеш ама баш да уживаш во слободното време
Преубава серија. Ја гледам на FOX life и многу ми се допаѓа брзината со која се се случува. Не е некоа сапуница или пак да нема никаква содржина. Spoiler И баш би сакала да знам која е мајката
Како и да е, јас мислам дека оваа сезона ке се дознае кога е мајката пошто ипак 6 сезона, а ако продолжат да ја оптегат серијата може само да ја расипат. А и, дефинитивно најдобар празник http://www.youtube.com/watch?v=tqpPFT-F-bs http://www.youtube.com/watch?v=zk20WWY15uc