Е сеа ќе се фрлам од приземје. Отворив да ѕирнам тука, а ја немав гледано последната епизода и БАМ спојлер. Бравос за мене, не прочитав ама воочливо станува некое зборче и толку ми фалеше. Друг пат гледам па после отворам тука. Нареден пат ве молам во спојлер ставајте ги мислењата каде откривате нешто. Мислам дека го знаете сите ова...
Изгледа оваа сепак не е последна сезона http://uk.eonline.com/news/373707/h..._medium=rssfeeds&utm_campaign=imdb_topstories
леле значи finally барни и робин,уф колку чекав,баш добар пар се,во новата епизода ,барни ја запроси робин,ауфф
Што беше со гласот на Робин во последнава епизода? Зар толку не можеле да почекаат да се опорави па да ја снимаат... Anyways, според тоа како се одвиваат настаните, 9та сезона воопшто не би била потребна. Доволни се 8 години раскажување приказни. Лили и Маршал ги средија, Робин и Барни исто, сега уште Тед да го ожениме. Не знам што би раскажувале во уште една сезона, освен ако не планираат вниманието да го свртат кон жената и децата на Тед
Последнава епизода не беше лоша имаше смешни моменти за разлика од претходните епизоди Spoiler Инаку 9та сезона ќе е и последна сезона. Еве една теорија за тоа која би можела да е мајката Spoiler http://www.reddit.com/r/FanTheories/comments/14w21r/how_i_met_your_mother_the_carly_is_the_mother/
Spoiler Морам да признаам не беше лоша епизодава, имаше добри моменти. Најјак момент, неможам да најдам добар гиф па ќе парафразира, моментот со прстенот на Робин кога го сврте и кога светка и кога во стилот на лорд оф де рингс ама со гласот на Барни рече-you are not precious исто со прстенот Eдит- за ова зборев И сите хај-фајвс
Spoiler Таа теорија веќе не важи дека веќе се запознаа во последната епизода значи Карли не е мајката Се крена гоелма фама околу девојката во која Тед се бутна во клубот ама не верувам дека е таа паметни се продуцентите и ќе биде таа на која најмалку се надеваме.Пред да се бутне во таа девојка тој за малку не се закачи со келнерката(десно) и девојката со кратка коса боб зелена кошулка и панталони(лево) Постои теорија дека таа ќе е мајката(едвојката со боб фризура) и мене оваа теорија ми е многу веројатна Еве приметете http://www.youtube.com/watch?v=vNXcuFIRu9g
Еве, ја покажаа и Spoiler полусестрата на Барни, што ја глуми Ashley Benson од PLL. Тоа со теоријата дека таа е мајката има логика. Тука глуми како 20 годишна девојка, Тед има над 30, малку разликава е голема, па ќе видиме. А епизодава беше добра.
Последнава епизода не ми се допаѓаше ама ич... Прееска ја гледав демек ќе ме опушти и релаксира малку ама едвај чекав да заврши.
Потпишале да снимаат и девета-последна сезона, не ми се свиѓа тоа, ја обожавам серијата ама мислам дека крајно време беше да заврши оваа година, више незнам што ке измислат...
^ Секогаш испаѓа така, ретко кој си стои на зборот. Ќе речат - да, ова е последна сезона, толку веќе, и на крајот оп - ај уште една ќе правиме. Стварно не знам од што ќе се состои 9тата сезона, ама претчувствувам дека ќе ја упропастат серијата затоа што веќе ќе немаат идеи, па ќе прават досадни епизоди. Колку да се рече дека нешто се случува. Или како што веќе пишав овде - можно е вниманието да го свртат кон Тед по венчавката, односно сите згоди и незгоди со неговото семејство. Ама тогаш некако самиот наслов на серијава не би имал смисла
Јас не можам повеќе. Мислев дека нема да се откажам од серијава, ама ја претераа. Никаков хумор, никаква приказна да се движи во некој правец. Веќе се истото се повторува, уште како мали деца да ги дадат дека се сретнале во луна парк ама тек сега се сеќаваат на тоа како и да е... мислам дека конечно ќе се откажам од серијава. Ќе ја гледам последната таму...после 10год може ако им текне да ја снимат
Не за друго, ама она high five, legendary, awesome беше стварно интересно ајде да кажеме до 5та па и 6та сезона, и ако порано се смеев цели 20 минути сега дали одвај еднаш ке се насмејам искрено... не е тип на серија која може да поднесе многу сезони.
Леле колку не ја можам веќе серијава, последната епизода едвај, ама едвај ја изгледав, пропратено со превртување на очи. По 12, 17 години, бла, бла, уби боже. Не ја гледам веќе, ќе ја гледам таму кога ќе заврши догодина, ако не снимаат уште некоја сезона.
Не можеа да бидат подосадни нели?? Не викајте два пати, не викајте два пати. Го допреа дното со последнава епизода... И да Тед го направија бетер од нестабилна хорминална жена. Зашто си го трошам интернтот зашто