Ништо специјално ни последнава епизода, Spoiler на само една епизода пред крајот на оваа сезона( а знаеме дека последната ќе биде свадбата на Барни и Робин), тие пак не враќаат на Тед и Робин Баш безвезно.
јас не можам никако да разберам зошто од комедија мораа драма да направат... типична амриканска работа. Ја развлекоа серијава до немај каде. А едно време најомилена серија ми беше Ја отупеа со Тед и Робин (мислам стварно нели тед и барни се другачиња или тед и робин се другарчиња или нешто слично...или јас не можам ова комплицирано е за мене да го разберам понатака...). Ајде више нека се запознае Тед со мајката сите раат да спиеме А кога ќе ми текне дека треба уште две сезони да поминат за Тед конечно да ја упознае (или евентуално децата се посвоени, измислени или на комшијата или нема смила ова више).
Само што ја изгледав последната епизода и знам која е мајката Spoiler Ми личи на Робин и на Лили по малку во ликот. Како и да е интересна епизода, Робин и Барни ептен ми беа злобни во епизодава и мило ми е за Маршал што ќе стане судија
^ Мене некако не ми прави мерак мајкава Башка очекував дека ќе биде плавуша (колку што памтам беше плава на сцената каде што Тед и изјавуваше љубов за прв пат). А оваа девојка не можам да ја замислам со плава коса. Сега баш читав по сајтовите и форумиве дека можеби е трик, ама не верувам.
Meне ми е преслатка. Личи на Лили ептен,ќе и се исполни желбата. Од цела епизода и воопшто од цела серија, најубав дел ми е односот на Лили, Тед и Маршал. Право, искрено другарство, цел живот се знаат, и уште се блиски како првиот ден. Најсмешно ми беше кога Тед ја опишуваше девојката на неговиот живот, и дека најблиску до тоа е Маршал Мене Робин и Барни ми се патетични и одвратни. Нивната врска ми е сосема глупава и непотребна.
Spoiler Дали се сеќавате на онаа сцена кога Тед една вечер на станицата во Farhampton со книга во рацете седи на клупата, засолнет од дождот, како што се сеќавам тогаш доаѓа мајката која држи во рака жолт чадор и гитара.Нели Тед рече ќе се врака со воз, е тогаш би требало да се сретнат.Или па мајката ќе пее на свадбата. Мислам дека цела следна сезона ќе биде за мајката и би требало да ни се разјаснат работите.Инаку и мене Робин и Барни ми се безвезе, вештачки и не ми одговараат.
Мене па баш ми се топ Робин и Барни, особено Барни. Штета што е геј. Да не беше сигурно ќе беше мој Едвај чекам следна сезона. Многу ми е мило за Маршал што ќе биде судија и за Тед што така конечно ќе си запознае некоја вистинска и нема да се замара со Робин. Како што кажав Робин и Барни ми се најинтересни али малку ми се извитоперија работиве со Робин. Можда мене така ми дојде затоа што сите сезони ги изгледав во рок од 2 месеци, али сепак девојко сетл даун више еднаш. Неможеш да бидеш со сите. Некако чудно ми е што сепак се сите другари а таа била во сериозни врски со двајца од тројца. И некако многу бргу ми се одљубува и заљубува. На пример Тед сите 8 сезони ја сакаше Робин тоа е јасно, а таа де него три епизоди па после Барни, па пак него и така некако ми е нереално. За Лили, Маршал и Тед, се сложувам дека се срцки. И покрај тоа што и Барни и Робин се тука сепак они ми се пример за другарство. Spoiler Патем, сакав уште да кажам дека кога го гледам Маршал исто како да си го гледам бившиот. И во изглед, а богами и во понашање ( затоа е и бивши), секако со чесни исклучоци!
Што така им текна да се прекршат со две епизоди? Не толку патетичен почеток, не сјаен но спред мене имало и полоши епизоди. Преслатка ми е типката, и интересна делува, но ќе видиме како ќе се одвива понатака. Искрено се надевам дека нема да се сретат за прв пат последната епизода затоа што ќе се напнам многу! И да не биде цела сезона нивната свадба, зашто овие и на тоа се способни, зашто нема више што да се врти... Тед ми е најмил и уште ми смешен напатена душа П.С Промото за 3тата http://www.youtube.com/watch?v=ZgjPmpVc3gg
И мене ми е ептен интересна мајката, овие другиве искрено ми здосадија. Нели Робин беше поубава едно време? Тед се подгоил, во фаца му се гледа. Од епизодава (која патем предолга ми се чинеше) најинтересен момент беше тоа со Лили и мајката во возот. Другото, слабо брате. Маршал беше апсолутно сувишен во епизодава. Добро што конечно решија да ја завршат, затоа што квалитетот на епизодите им е значително опаднат.
На торент, онлајн не знам дали ги има сеуште, а и не ги ни пратам така за да знам од кај да ти постирам. Две епизоди се, повели. http://thepiratebay.sx/torrent/8955661/ ... L.x264.AAC http://thepiratebay.sx/torrent/8955662/ ... L.x264.AAC
Јас тука ги гледам сите серии, линкови има буквално неколку минути од кога ќе заврши со емитувањето на епизодата, http://delishows.com/. Слаб им е стартот, немаше ништо освежувачко во епизодата, стари фори, нова сезона, што им требаше таа глупост демек роднини па им се згади демек за да наредната секунда пак се лапат/драпат. Ќе гледам некоја епизода додека не почнале сите серии да се даваат, после ќе ја оставам додека не заврши цела сезона па ќе ја изгледам ептен дека сум ја гледала 8 сезони па да ја финиширам.
Не дека ја чекав со нетрпение но ајде веќе кога видов дека изглегла ќе ја погледнам Ахххх кого лажам, зависна сум си од серии признавам и нема шанси да ја откажавам, посебно не бидејќи изгледав 8 сезони Spoiler За првите две епизоди имам пролазна оценка.Не беше ни толку лоша но далеку далеку ни дека беше од најдобрите. Моментот со рецепционистот беше смешен но почна и тој да станува напорен. Непотребно беше да вметнат дека Барни и Робин би можеле да се роднини. Безвезе ми е што се уште Тед има надеж за Робин. Позитивен лик ми е мајката, сипатична ми е а интересно ми беше во возот кога Лили и кажуваше каков е Тед а всушност и таа истото го прави Инаку по форумиве прочитав дека цела 9 сезона ќе биде поврзана со овој викенд и дека ќе има сигурно уште многу flashback-ови и плус може да дадат нешто од перспектива на мајката.Некако ми изгледа дека и целата екипа е свесна дека нема да имаат следна сезона па сакаат да ќе ги прават епизодите во тој правец Ќе видиме.
Јас кога ја видов мајката во финалната епизода на претходната епизода, ми делуваше многу антипатично. Баш си пишав тука дека не ми се допаѓа Ама сега кога ја видов „во акција“ некако мила ми стана, баш им требаше некое вакво освежување, затоа што тапа стана серијава... Почетоков им беше слаб, ама со оглед на тоа дека следните епизоди го најавуваат запознавањето на Тед и мајкава, па како се одвивале настаните меѓу нив - ми се чини интересно ќе биде. Баш заради неа ќе ја гледам сезонава, инаку ништо.
Can they be more pathetic ? И што беше рабоатава со Менди па кул си е човекот не е само за стари луѓе. Не знам зашто уште ја гледам за сукало сум
Новава сезона како само за пари да ја прават! Безвезе! Се исти фори! А да не зборам шо отупеа више со тоа свадбата на Робин и Барни, како тргнале можно е и да ја остават за на крај на оваа сезона
Why why why ??? Spoiler Исти фори, се поглупав хумор!Навистина до кај ќе тераат вака?Дај ајде нека изгураат до 12 епизода и потоа слободно може да ја прекинат, воопшто нема да ми фали.Се изнервирав значи
Ако се заинтанам и седнам да направам пресметки, сигурно ќе докажам дека wedding викендов трае цела недела! Аман веќе! Барем да беа некои интересни случки и фори, едвај ги гледам епизодиве. И промово за следната епизода навестува дека абер немаат да се случи свадбата http://www.youtube.com/watch?v=Gbn51YiJYmE Последнава сезона ја оплескаа скроз, а и темава замре. Има некој што уште ја гледа? Патем, на Фокс Лајф загледував стари сезони, и имаат многу пропусти околу приказните. На пример, ќе спомнат за некоја случка, ќе покажат дел од сцена и Тед ќе рече: But more about that later. И толку. Никогаш повеќе нема да ја спомнат таа приказна, а некогаш стварно ме интересира што се случило Лана Дел Реј останала без својата инспирација, а и овие не се ништо поарни...