Епа како за mid-season финале ништо посебно не се деси,замре серијата.Најарно им е да направат уште една,две епизоди и крај.И сите свадби да беа како на Барни и Робин,ќе банкротиравме до сега
Нека и си ги скратат маките и зачуваат парите, нека заврши и со помалку од 20 епизоди. Последните епизоди во класичен нивен дебилен стил,па уште и Брајан од Њу Нормал го употребиле без корисно. НЕ ЧИНИ!!!
Има масовно хејтање на последнава сезона. Овие идиотиве дури го згрешиле презимето на Маршал. Can we slap the writers?
Ted who? Тотално го уништија како лик сезонава, освен запросувањето ништо од него не видовме. Мислев ќе се сконцентрираат на неговите планови за Чикако и слично. Јас скроз заборавив и каков живот имаа ликовиве пред свадбата. Кој каде живееше и што работеше? Стварно заборавив. Што се однесува до последнава епизода - баш ме интересира дали ќе успеат да направат уште поглупава и уште подосадна епизода во иднина.
Љеље љеље епизодава. На фацебук ми е лајкната серијава, лом ги направија со коментари за последнава епизода и сезона и со право богами. Значи жал ми е за глумците, најмногу за Патрик Харис вакви трагични епизоди и насока на улога секако му влијае како глумец а одличен е. А уште колку епизоди има до крај?
Таман кога си мислев дека неможе да направат поглупава епизода и оп ете ти ја 14та Ова е мислам дека број еден серија која од најинтересна ја направија најдосадна.Успеаа да ги зезнат сите претходни добри сезони.Брука невидена!
Ја гледав серијава порано на телевизија, но сега решив да ја симнам... Стигнав до2 сезона, но некако со коментариве ме одвикнувате да продолжам да ја гледам
Остај ги нашите коментари, уживај до 6та-7ма сезона серијва е топ, ма пресмешна и преинтересна. И нормално кога сакаат да лапаат пари, после 7мата снемаа идеи креативни и почнаа глупости да снимаат. Мене сосе 7мата сезона ми беше океј серијава, последниве две не ми се гледа. До 5та беше брилијанта, 6 и 7 не беа лоши, имаше уште смешни моменти. Имаш уште фора на смеење ти, уживај си
После толку критики за сезонава, конечно една добра епизода каде главен лик е Тед! Мислам дека ова беше најдобрата епизода од оваа сезона во стариот стил - поврзување на настани од минатото со емотивни моменти. А и мајкава ми стана скроооз симпатична! Само не успеав да најдам промо за следната епизода, како да прочитав дека ќе трае подолго, ама не сум сигурна. tumbrl: BARNEY STINSON BETTER HAD BEEN GOING TO HIS FIANCE’S BEDROOM OR TAKING A PISS.
Spoiler Конечно Тед ја пушти Робин,мислам дека оваа епизода се покажа колку всушност ја сака и се што направил за неа.Барни колку се промени,дури да не ти се верува дека е истиот лик од првите сезони.Се чека крајот на серијава,малку ќе ми фали,ама нема простор за нови епизоди,редно и е.
Ја гледам, и просто се чудам зошто ја гледам... Ама ајде уште на стара слава ми се мили, иако веќе со секоја нова епизода ми се подосадни. Инаку по крајот на HIMYM ќе почне нова How your mother met me
Ама сум брза Од јануари досега успеав да стигнам до 9 сезона. Некако, последнава сезона не ми остава некој добар впечаток. Инаку, слатко се смеев на останатите
Spoiler Не ми се верува дека ќе заврши .Очигледно само мене ми се допаѓа 9 сезона.Новата епизода потполно ме изненади,Лили е бремена .А Тед мислеше дека повторно почна да пуши цигари,ах Тед ,исто ми се допаѓа и името,Дејзи