Леле дефинитивно е најдобра епизодата... Ја обожавам серијава мн ми се добри сите секако Барни највеќе си го сакам
Дааааааа таа епизода у топ 3 ми е 19та епизода 2ра сезона - ја глеам незнам колку пати па запамтив, се изнасмеав
Јас скоро се вклучив во обожавателите на оваа серија, ми го разубавува денот , само немам појма кој серијал го следам моментално, на Fox, на почеток сум со нив или ?
па и не си на почеток... на Фокс мислам дека е 5 сезона, а на 16ти ќе почне 6та. Ние што гледаме редовно сме на крај од 6та. Чекаме 7ма сезона сеага Почни да ја гледаш од почеток нема да се каеш
Spoiler Што убаво му кажа Робин на Тед, a овој глупиов ќе се смируваше. Robin: Look, Ted, the future is scary. But you can't just run back to the past because it's familiar. Yes, it's tempting. Barney: But... it's a mistake. Сакам Барни и Робин да си бидат заедно и ме копка со која е свадбата на Барнииииииииии... Ми се свиѓаше крајов, посебно ми е мерак за Лили ...
Последна епизода беше? Ќе чекаме до есен за нова сезона? Spoiler И мене ми е многу мило за Лили, ептен добро ја прикрија бременоста, мене ни на крај памет не ми падна. И Робин чувствува нешто за Барни, како го гледаше... И он исто, ама покасно ќе сфати А со ова свадбава само да не копка сега
Последна... На имдб нема датум за наредна... а во план се уште две сезони... така да, ќе си чекаме!!!
Spoiler интересна последнава епизода, најмногу се израдував за бременоста на Лили, стварно не очекував И за момент се зачудив кога кажа Тед за таа плавата дека тоа е мајката ама добро не е има уште да гледаме па да дознаем. А свадбава на Барни можеби е со Робин (се надевам ) важно не верувам дека е со таа што ја покажаа биша што му е. Само леле кој ќе чека нова сезона сите серии ми завршија
Последната епизода мнооогу ме изненади и не е фер што нема датум кога почнува 7мата сезона - ова мачење е Spoiler Јас мислам дека Барни ќе се жени со Нора зошто нели во една од епизодите кога беа сите излезени во бар со татко му од Барни, Робин го виде дечкото од бутикот кој и се допаѓал и подоцна дури раскажување Тед рече дека средбата во барот нема да им е последна средба - значи Робин ќе е со дечкото од барот, а Барни со Нора - баш се слатки
Barney е цар! Можеби е малце глупаво девојки да му се восхитуваат бидејќи е толку голем женкар, но смешен е. И има одлични цитати, како на пример: "When I'm sad, I stop being sad and be awesome instead."
Ептен си се издепримирав, цел гугл, јаху и сл. пребарав никаде нема никакви информации за нови епизоди Не се фер до есен да не остават вака во неизвесност ќе збудалите. Spoiler Многу ми беше срцка Барни, како ја погледна Робин, мислам се стопив. Баш ме интересира со кого е свадбата
Ја обожавам серијава ја гледам на фокс лајф. Колку жал ми беше кога Стела го откачи Тед на денот на нивната свадба и отиде со карате типот . Инаку се надевам дека Робин и Барни ќе бидат заедно двајцата се супер.
Јас редовно ги симнувам и си ги складирам на посебен хард диск. Можеби 1-2 епизоди да немам но тоа ептен ептен тие мртвите досадни. Инаку голем фан сум на серијата. оф топик - брат ми кога дозна дека направив профил тука, ми вика ШТО ТИ Е ТОА БЕ, НЕКОЈА БАРНИ СТИНСОН СТРАТЕГИЈА?
Јас до пред некоја недела го гледав на фокс лајф, сега ретко го гледам. А многу ми е интересно. Посебно Барни колку е смешен хаха
Едвај чекам да излезе седма сезона. BTW, има некој информации кога излегува?! Сите шест сезони ги имав спуштено од интернет и не можев да престанам да ги гледам. Ги изгледав во рекордно време. Прејака серија. Сите ликови ми се различни и посебни, нема некој кој што е неинтересен. Сепак Барни е крал меѓу нив. Посебен лик. Најсмешен ми е и најјаки реплики има. True story!!!
Ееее па сега и ти.... Ајде, признавам пораз Мада не броев колку денови беа во прашање, ама сигурно беа повеќе од 6 Еве те частам едно .