Е оваа епизода беше нешто подобра. Се изнасмеав на некои делови и навистина ми е мило што и Кал Пен ќе биде во сезонава. Ќе се појави во отприлика 5-8 епизоди. Многу ми е интересен човекот. http://blog.zap2it.com/frominsidethebox ... -more.html Еве интересно интервју со него кај што зборува за улогата во серијата, а и за други работи
Јас скоро почанав да ја гледам, интересна ми е и се испосмеам Вечер ја почнувам 6та сезона, читав дека не била интересна. А кои денови излегуваат нови епизоди?
Па ни четвртава не би беше ништо посебно, но во секој случај подробра од 3та. Најсмешни би беа Тед и Маршал хахаха ме пресмееа. И премногу избегаа од почетнта поента на серијава и на првава епизода од 7 сезона, се мислам дека нема да дочекаме во оваа сезона да го ожениме Барни
Епа, конечно да коментирам на темава. Ги прочитав сите ваши мислења, некои од нив ми се допаднаа, некои не. Прво, го преценувате Барни. Неколку пати прочитав дека не би ја гледале серијава да не е тој. Не велам дека тој не супер лик, ама и другите не се лоши. Мене серијата не би ми била иста да го нема Тед. Или Маршал. Или Робин. Или Лили. Или Барни. Поентата ми е - сите тие пет главни лика ја сочинуваат фантастичната петорка. Не е работата еден од нив да штрчи како супериорен над другите. Добро, разбирам дека всушност се работи за Тед и неговата љубовна приказна. Но, ние всушност ги следиме животите на сите петорица, не само неговиот. Е, сега да кажам збор - два за секој од нив одделно. Тед лично мене ми е срце. Да го грабнеш и бегаш. Забавен ми е тој и неговата неспретност во љубовта. Просто нема среќа. И таа негова пуста желба да се докаже како архитект не му успева. Од сите негови девојки најмногу ми се допадна Робин. Баш сакав да си останат заедно. Викторија ме иритираше до даска, и ми е мило што раскинаа. Онаа што го остави пред олтар, ми беше слатка. А, онаа што не сакаше да ја урнат старата зграда, ми беше никаква. Зои. Робин ми е интересна, прво, зашто се одделува од другите - Канада. Второ, заради нејзините песни на кои пукнав од смеење. Најмногу ми беше криво, што, само што ја стави љубовта пред работата, оној колегата нејзин ја зезна работата. Будала. Тед и беше најдобар избор, според мене. Лили е перверзњак светски. И многу е смешна. Ми се допаѓа нејзината заљубеност во Маршал и тоа што е учителка. Сака да пие и прави глупости кога не е трезна. Се изнамачија со Маршал за тоа нивно бебенце. Инаку, ми се допаѓа нејзината коса кога била во средно. Маршал ми е изгубена душа која просто не може да го натера светот да се промени. И да ја зачува природата. Многу ја сака Лили. И бебето. И пријателите. И сите. Секогаш е расположен, и прави слатки фаци. Многу мек карактер. Многу ми беше криво кога почина татко му. Барни е закон. Најмногу ми се допаѓа тоа што е добар пријател и емотивен, а се труди на сите можни начини да го сокрие тоа. Смешен ми е со сите негови финти - како да фати девојка за една вечер. Смешен ми е со таа машна со жолти патки. Така и му треба кога се клади. Нора е супер. И мило ми е што се труди да ја задржи. Немам омилена епизода, сите ми се убави. Сите имаат некој посебен шмек со кој ме освојуваат. Инаку, сега ни најмалку не ми е важна мајката. И, едвај чекам да видам што ќе се случи со психијатарот и Робин. Нека излезе шестата епизода, веќе еднаш.
^ Се согласувам со тебе за мн работи кои ги кажа но едно мора да признаеш-почнаа да ја отупуваат сега во седмава максимум Ок на никој не ми е до толку гајле која е мајката, но мислам дека премногу се одалечија од главната тема на серијата. Што не се викаше Барни и команијата...ок трескам сега ама сепак мислам дека ми ја сативте поентата. Премногу акцент ставија на барни и неговиве женски него на тед. И мене ми е мил Тед и интересен и Маршал исто е кома. Но мора да ги забрзаат работиве, изледа ќе не влечат цела сезона само за да видиме која ќе ја омажи Бaрни а тек колку време ќе им треба за да дознаеме која е мајката. Мене не ми мириса дека се ќе заврши до 8 сезона.
Ми се допадна шестава епизода, после 5 досадни и тапа од оваа сезона, оваа за мене беше најјака Spoiler како добро ги окарактеризира сите Кевин баш се такви. Ме нервираат многу што сите му се мешаат на Тед во врска со неговите девојки! Мислам која и е поентата на Робин да му кажува со која да излегува или не! Многу глупаво
седмава епизода, најзакон!!! Пу пу да не ги урочам, ми се враќаат старите добри шеги. Ма да не сум фан на Робин оваа сезона, одбивина ми стана, али затоа... Spoiler Тед ми е најсрцка на светот, најсмешна сцена од оваа сезона воопшто, кога има се јавуваше на сите за концерот хаххааха Маршал и Лили, боже вечно деца
Во право си Мене посебно ми се допадна делот со шлапањето и таа нивната песна во позадина, кога индиецот ќе им рече дека биле насилно настроени и после тоа шлап шлап шлап Закон еј сум се згазила од смеење
Да, дефинитивно тоа беше моментот на епизодата! Ја гледаше седмата, уште поинтересна е! Не до толку би рекла си има свои моменти! Седмата е веќе во тек, нова епизода има секој понеделник, а на нет ги ставаат покасно неколку часа, така да во вторник сигурно ја имаш на btjunkie ili zamunda!
Ниедна епизода не ми била досадна. Серијава е фантасична. Смешна и емотивна во исто време. Барни е легенда, Тед е срце од човек, Маршал и Лили како пар се одлични.... На епизодата со БЛА БЛА не можам да опишам колку се смеев
нели мајката беше цимерката на една бивша на тед! Ја глумеше Rachel Bilson а незнам како се викаше, мислам дека стана лезбејка
Јас читав дека мајката ќебиде уствари девојка од класот на Тед (ако ви текнува првиот ден кога ќе отиде да предава на факултет ќе влезе во погрешен клас-епа од таму ќе биде мајката) така нешто на Википедиа пишуваше!
Не не таа со жолтиот чадор ќе биде Стела, и ќе го вози негде, ќе прават муабет и стела ќе го замоли да збори Тед со Тони (љубовта на нејзиниот живот-и да го натера да се смири со неа).. Ова е во епизодата Барни кога ќе спие со 200 девојки, со таа некоја билдерка...
јас мислам дека истата е т.е the mother-со жолитот чадот, типката од неговоиот клас и цимерката на неговата бивша, што стана лезбејка! А јас баш сакав да биде Робин, ама ја неќам сеа, ме нервира
Колку што паметам, не знам коа сезона беше, знам дека спомна оти таа вечер во клубот каде што беше, била и мајката, а чадорот и припаѓа на неа. И бидејќи врнеше, он и го "собра" тој чадор. И после нели, поради тие и тие причини, сеуште не се имаат сретнато. Мислам дека беше вака, ако не се лажам... Инаку имам и читано дека ни самите режисери не знаат која е мајката... веројатно се чека тоа за големиот финиш и ќе претстават некоа сосема нова личност... но ќе видиме. Сепак серијата ми е интересна, тоа е и суштината да не знаеме која е мајката, а кога би знаеле, нема да биде интересно и ќе се намали гледаноста. затоа треба да уживаме... ретко кој серијал ми се допаѓа волку!
Е не го знам тоа дека ќе и го украде чадорот ама знам еднаш дека со Стела ќе се сретне и она че има жолт чадор... Еве кој е нестрплив ко мене нека прочита што како ќе се случува http://en.wikipedia.org/wiki/How_I_Met_Your_Mother... Иначе на која програма ја гледате? Јас на фокс лајф ја пратам од време на време... Само многу ми е жал што ги пропуштив епизодите со Енрике...
Строго од btjunkie, не се потпирам на телевизииве, тапа се една иста епизода може и по 10 пати да ја репризираат, а друга пак никогаш да не ја дадат!