Здраво, здраво може ли да споделите со мене како ја одржувате страста во долгите врски. Еве јас сум машко сум во долга врска но чуствувам како страста ја снемува, сексот не е исто жежок како што бил, губиме комуникација. би сакал да знам што правите во ваков случај - какво е вашето искуство?
Целосно се согласувам со тебе.. но веќе ми дојде преку глава од се, дигнав раце вчера имавме голема расправија и решивме да ставиме крај.. за некои особи едноставно не вреди да се трудиш повеќе, си продолжувам понатаму со животот..
Страста сама по себе доваѓа, како можеш да ја одржуваш, ако се премине на одржување онда тоа е веќе вештачки и насила, барем кај мене е така и кас така размислувам, можеби има и некој формули штознам, но не минсе потребни
Ако секој си ја гледа работата во врската и дечкото си ја има улогата на дечко и девојката на девојка, лојалноста е првиот чекор кон одржување на страста, потоа доаѓа комуникацијата. пробување на нови работи заедно и најбитното, не треба премногу работи одеднаш да се прават, "премногу среќа не трае многу", побитно од најбитно е водењето љубов, препуштањето на твојата така наречена душа која јас мислам дека е страста во врската, целосно допуштена на твојот партнер, потполна верба во него, оддаденост целосно. И ако си со мислата: "еј да бе ја прва ќе му пишам или дечкото го кажува тоа" Остави, ништо нема да се случи.
Епа не било вистинско сакање штом се изгубила страста... Уште во врска ви се изгубила комуникацијата и ви станало монотоно, а што да речат луѓе што се во 50 годишен брак? Може не е вистинската за тебе. Ако си ја сакал, немаше да можеш да издржиш без неа... Без да ја видиш, гушнеш, бакнеш, а вас очигледно ви е сеедно дали ќе се видите.
Некогаш љубовта и страста со текот на годините се губат. Можеби сте веќе презаситени и немате толку силни чувства за да уживате во сексот и затоа сексот станува рутина. Страста не можеш на сила да предизвикаш единствено можеш да ја зајакнеш со пробување на некои нови работи во сексуалниот чин, нови места на водење љубов некои игри кои ете на некаков начин ќе допринесат за интензивни чувства и страст. Но веќе доколку страста се изгубила комплетно многу тешко е да се роди повторно. За ова допринесуваат и сите расправии и проблеми со кои се соочувате. Нервозата, лошото расположение, расправиие водат до губење на страста и потребата да го почувствуваш некој како дел од себе во текот на сексот. Ете кажа и дека сте ставиле крај. Некогаш разделбата е најдобро решение и за двајцата отколку врска исполнета со напнатост и негативности. Незнам колку години имаш ама не е ниту битно ќе најдеш со сигурност личност која ќе те исполнува целосно.
Клучниот фактор е комуникацијата, значи мора да се разговара за се, а и исто важно е обостраното вложување на труд. Ако си во врска, да не си го запуштиш изгледот, да не престанеш да бидеш романтичен, да бидеш креативен, да смислуваш идеи за интересни дејтови, за зачинување на сексуалниот живот и сл. Но, тоа мора да биде обострано. Кога се дојде до ниво каде се трудиш и за двајцата, значи решението е прекинување Долгото време во врска не треба да биде изговор љубовта да премине во навика
Без љубов во една врска неможе да има страст.Јас мислам дека треба со време да се стави крај на тоа измачување,додека не е предоцна.
Mozes da imas dobra komunikacija no da nema strast.Strasta se odrzuva ako ste si predadeni celosno eden na drug i telesniot kontakt ne se zapostavuva. Ima parovi koi nemaat sjajna komunikacija i ke se skaraat preku den, dodeka noke dobro ke se ispotat...znaci strasta, hemijata megju dvajca postoi ako postoi ljubov. Ljubovta e dvigatel za strasta. So ljubov se e polesno i nemashtijata i problemite i denot.Koga ima ljubov i Bog pomaga se drugo da si dojde kako sto treba.
Супер темава, и мене баш ме интересира. Ако сте претерале она неколку пати на ден да се гледате па остај тоа, уште и секој ден, станува досадно, секој негов чекор го знаев на памет, после некоја година ипол натака стануваше секој ден поздодевно и поздодевно, и тој и јас сакавме нешто ново но веќе се беше кажано, почувствувано, доживеано.. ете такво чувство имавме и двајцата. Прашував и ми рекоа страста неможеш да ја сочуваш таа се губи со тек на време, останува само навиката..
ја одржуваме така што одново и одново се запознаваме.Кога некому ке му севираш се одеднаш на тацна тогаш му здосадуваш.Одвојуваме време само за нас двајца,пробуваме нови работи,излегуваме на нови места,си праќаме интересни пораки кога не сме еден со друг итн
Доколку гледате, намалете со холивудски филмови. Не може секој ден да ви е суперексејтед како на филмовите. Не треба да имате очекувања еден од друг секој ден или секој дејт да ви е ко да сте на викенд во Виена или Париз. Секој од вас треба да си е генерално самостоен, независен и исполнет и без партнерот, за да не го бара своето исполнување и среќа во него/неа, па да се разочарува. Врската не е цел сама по себе. Двајцата треба да си имате поставено цели во животот, да си се движите по патиштата (кои секако треба да се комплементарни, а не да се разиденуваат) и да си помагате еден со друг во остварувајте на вашите цели, во личниот развој, во слободното време да си се релаксирате заедно. И најважно, врската мора да прогресира, мора да се движите напред, во спротивно ќе се појави монотонија и фрустрации што ќе доведат до конфликти. Што значи тоа да прогресира врската? Значи не е добро некои да се во врска 7 години. Многу е. Доволно е 1 година врска за да ја побараш за жена. Ок, ако како млади сте ја започнале врската, можеби и 2-3 години, но над 4 реално се многу. Преминувањето во следна фаза ќе ви даде нова свежина во врската. После веридба следи брак. Не мора одма да одите на деца, но... ок ок претерав, за брачен живот друг пат
Пробување нови работи, експериментирање во кревет, секс на јавно место, секс со трета личност, преминување на линијата едноставно речено.
Кај нас, лично зборам, до сега да чукнам од дрво, секогаш имало страст. Како си оди времето, така си се запознаваме одново и одново. Се сложуваме, работи кои јас ги сакам, тој ги сака, експерименти во сексот(најважно), се разбира можно е да се појави и некад 3та личност...