Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како ја препознавате вистинската пријателка?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од tea4e, 31 јули 2012.

  1. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    За мојата најдобра другарка можам да пишувам страни и страни, да ја напишам целата наша заедничка историја од сите 15 години како најверни другарки од 1во одделение, неможам да замислам кога би завршило.

    Толку слични, а толку различни. Секогаш се сложуваме, скарани повеже од 3 часа не сме издржале, секогаш сме биле тука една за друга. Секој момент кога сум со неа сум стварно јас, онаа јас како да си зборувам со себе. Чувството кога знам дека е тука со мене сум безбедна и се чувствувам пријатно,убаво.

    Значи кај секоја другарка мора да има нешто што барем малку колку и да е малку те нервира понекогаш. Тоа е нормално, бидејки секој човек има различен карактер, навики , особини. Неможеш да најдеш совршенство во некој колку и да бараш. Можеби ќе те изнервира во некој момент, се случуваат секогаш, тоа е нормално. Но од она што треба да се пазиме е дека некои другарки не се ни вистински, а со такви личности не треба да се троши ни минута од убавиот живот. Јас секогаш го извлекувам максимумот од се’ , па така и од луѓето секогаш го гледам доброто, па после лошото. За да одлучиш дали ти е вистински пријател, мора да го знаеш многу добро, не да судиш површно.

    Но јас мислам дека кога и да е како и да е, секој кога тогаш си ја наоѓа својата сродна душа. Најубаво нешто е да имаш некој на кој секогаш можеш да се обратиш во било која ситуација, а тоа би било најдобрата другарка. :)
     
  2. sweetgirl77

    sweetgirl77 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    12
    Имам само една вистинска другарка.Ја сметам за вистинска затоа што секогаш е со мене во најтешките моменти, секогаш ми помага, и сигурна си дека нема да те издаде што и да и кажеш
     
    На ЈеленаЏиш му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    61.365
    Вистинската пријателка се препознава лесно - не ти прави „лице“, искрена е со тебе, не те оговара кога ке се завртиш, знае да ти даде добар совет кога си беспомошна, ги чува твоите тајни, се смее со тебе кога си среќна и плаче кога си тажна... Вистинската пријателка те сака исто толку колку што ја сакаш ти неа!!!:inlove:
     
    На Aleksandar1212 и Eli23 им се допаѓа ова.
  4. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Прво да напоменам дека не се работи за една, туку за неколку
    - Ги мразиме истите луѓе
    - Имаме исти непријатели
    - Се разбираме со поглед
    - Ме трпат и ги трпам кога се најдосадни и кога замараат со најразлични глупости
    - Знаат и знам кога седнеме во пицерија коа што ќе пие и што ќе нарача
    - Ме слушаат кога во детали раскажувам за Докторот
    - Не им смета што сум чудак и што слушам поинаков тип на музика
    - Си имаме свои смешки, фрази и зборови кои само ние си ги разбираме
    - Секогаш знаат и знам кога нешто се слулува со некоја од нив
    - Не сме останале скарани подолго од еден ден
    - Пред нив ми е удобно и тогаш кога сум облечена најмизерно
    - Не ме осудуваат
    - Не си љубомориме
    - Ја ценат мојата искреност
    - Не им сметаат моите лоши особини
    - Не ме лажат
    - Знам дека секогаш можам да се потпрам на нив
    - Секогаш наоѓаат време за мене
    - Зборуваме на смешен акцент
    - Не се лутат кога викам дека ги мразам и дека се говеда :D
     
    На lovemme му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.958
    Пол:
    Женски
    ColoursOfTheRainbow напиша се што мислам ...
    среќна сум што имам такви ретки пријатели :inlove:
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Баш и секогаш си помагаат и не си враќаат ситни пари.
    Кога сме излезени парите ни се заеднички, а некогаш и меѓу себе се частиме.
    Никогаш не се оставате една со друга во било каква ситуација.
    Секогаш си верувате и тајните ви се сигурни.
    Е тоа е се.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ilovemforever

    ilovemforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    7
    по тоа што за се и сешто можеш да зборуваш со неа за ништо не ти незгодно и ништо не криеш од неа
     
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Вистински пријатели/пријателки ??ххахахах ретко ретко,тоа е како да бараш слатка вода во океан хахаха (може ова што го пишав : како да бараш слатка вода во океан ... баш и нема везе али мислам дека е и океј)
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. black's'thebest

    black's'thebest Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Па во денешно време и нема вистински пријатели, ама пријател-пријател.. Кому можеш денеска да му кажеш барем нешто повеќе за тебе или некоја твоја тајна? Баш никому ;) Колку и да имаш доверба во другарка ти незнаеш кога може да те издаде, и кому. Затоа забавете малку со довербава, во никого неможе да се има безрезервно доверба, барем според мене, сега не дека јас сум :f:, сум издала и јас некогаш, некогаш се испуштило без да сакаш, некогаш...
    Баш заради денешниве другарства не ми се излегува од дома, ама ај тоа не значи дека треба дома да се затворам, ниту ќе сменам нешто со тоа ниту ништо, такви се какви што се :)

    Имам една подобра другарка, ептен сме блиски, и сега во вода ќе падне тоа што го кажав со довербата, се и кажувам и таа мене, нормално во нормални граници, не знае се за мене ниту пак јас за неа. Ја знам 7-8години, веројатно се зближивме толку затоа што сме многу слични, имаме многу исти ставови + иста музика :mm:
     
    На Natali.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Vistinskoto prijatelstvo se gradi.Ne deka ne se prepoznava,jas poprvo bi rekla,nasetuva,no sepak e potrebno vreme.
    Za pocetok e dovolno da se nasetat nekoi osnovni karakteristiki kaj sprotivnata strana sto za nas bi bile prifatlivi i koi mozat da ni nagovestat potencijalno prijatelstvo.
    Vistinskata prijatelka te slusa koga zboruvas.
    Tuka e za tebe pa duri i ako ja nemas pobarano eden mesec.
    Vistinskata prijatelka ne ti nametnuva kako treba da go zivees zivotot.Si go kazuva svoeto mislenje togas koga ke naseti deka ti sakas da go cues vo vrska so tvojot problem.
    Vistinskiot prijatel ti veruva.Ne te tapsa po ramoto vo sekoja prilika,no znae da se pojavi pred tebe duri i togas koga ne ja ocekuvas.
    Vistinskiot prijatel ne te frla vo ogan dokolku i toj ne e spremen da vleze zaedno so tebe.
    Vistinskite prijatelstva mozat da ne postojat no samo dokolku nie seuste ne sme naucile sto e prijatelstvo.
     
    На toogood и poenta им се допаѓа ова.
  11. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Па добро вистинска другарка имам се дружам позајмуваме се ова она.
    Па така вистинска мислам дека ми е и не ме издава.
     
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Вистинското пријателство се насетува и се гради низ годините.
    Првично се препознава по основните карактерни особини кај личноста во корелација со нашите барања и потреби. Кога ќе се даде време на времето за да ја утврдиме заедничка фрекфенција на функционирање тогаш ќе го сфатиме значењето на поимот пријателство кој во суштина крие безусловен пријател.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AL.MA.EL

    AL.MA.EL Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2015
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    13
     
  14. Tove Lo

    Tove Lo Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    419
    Кратко и јасно.До тебе е ,те разбира,нема предрасуди.. не пробува да те смесни таков си каков што си и треба да те прифати без да превртува очи или омг види ова она.. јок треба да знае дека си таков и дека нема да се смениш сакал/а или не...добар слушател грижлив/а ,и едно недоразбирање грешка него гледа као повод дека више пријателството не ви иде.. туку баш да се надмине таа препрека и да се продолжи и секако да не се комплицира во одредени ситуации кога вејќе е доволно испревртено..
    ипак на крај се сведува добриот пријател по лошото се познава !
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.603
    Допаѓања:
    79.257
    Пол:
    Женски
    Имам една пријателка, претставува поим за вредност и верност. Ми го промени животот кон подобро.
    Се запознавме пред нецели две години. Се запознавме во Скопје, во студентски дом. За мене нема кажано лош збор, ме нема никако навредено. Заедно правевме лудории, а потоа почнавме и да се доверуваме една на друга, таа мене ме бодри и мотивира а јас неа. Ме научи да живеам и да се хранам здраво. Ме напрви подобра личност, поодговорна. Искрено ми кажува мислење за мои постапки а и ме прашува за моето мислење. Се грижи за мене и знам дека навистина и значам бидејќи секогаш кога преминуваме улица ме пази :D И кога бев болна а не бев во Скопје, ме прашуваше како сум додека не оздравев. Не заборава на мене. И навистина сум среќна што ја запознав. Тоа е за мене верна другарка. Некоја која ќе ти го промени животот, која ќе те прифати, ќе ти верува, ќе те бодри, поддржува, помага, која ќе биде тука и во добро и во лошо и која ќе те бара и тогаш кога не и треба ништо од тебе, само твоето присуство.
     
    Последна измена: 14 април 2016
    На xxAngelxx, cresa-jagoda и zhap4e им се допаѓа ова.
  16. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    И јас не враќав и не ми враќаа ситни париња, и се си кажувавме и семинарски им правев, и моите им ги дадов постдипломски да завршат, па на крај се покажаа какви се.

    Си имам една најдобра пријателка, со која се дружиме од првачиња до ден денес.
    Иако не учевме заедно ни во средно, ни на факултет секогаш наоѓавме време една за друга.
    Години не живееме во ист град, 2 години бев во странство со минимална можност за комуникација, а сé уште се осеќаме блиски и се доверуваме, се советуваме, се критикуваме.

    Според мене, тоа е вистинско пријателство.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.601
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Вистинската пријателка е таа што можеш да не ја видиш и подолг период, а кога ќе се видите се чувствувате блиски како никогаш да не сте се одвоиле.
    Таа што била тука за честитање на секоја ваша прослава, што била среќна со вас.
    Таа што споделува делови од својот живот, интима, радости, падови, успеси...
    Таа што знае се за вас, а сепак никому не кажала.
    Таа што ја знае вашата најлоша страна, а не ве мрази, не ве оговара.
     
    На poenta, toogood и ЈеленаЏиш им се допаѓа ова.
  18. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    902
    Пол:
    Женски
    Вистинската пријателка се препознава и едноставно не се опишува со збор може да се пишува и пишува со денови ама едно знам дека за да биде другарството совршено треба да има многу компромиси и разбирање да не се замерува на ситници,да нема љубомора затоа што таа е болест,покрај тоа што ги знае моите мани (нели секој си има добри и лоши страни ) ми останала другарка и како што бараме ние вистинската пријателка да биде треба и ние самите тоа да го поседуваме.
     
  19. Passionate23

    Passionate23 Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Лојална...За мене предоволно
     
  20. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Можам да и кажам буквално све без никој да не дознае,не ме остава на цедило, тука е за мене во било кое време. :)