Се радува на мојата среќа/успех. Емпатизира со мене. Ги валидира настаните кои сум ги преживеала. Нема навика да озборува. Лојална е и гласно завзема моја страна у конфликти. Ме мотивира кон успех. Директна е, објективна и искрена. Ова уств се опишав сама
Нема лажни и вистински, сите може да се вистински или лажни во различни фази од животот. Теориски е невозможно со некого бесконечно долго да делиш исти интереси, животни ситуации, место на живеење...
Дури не се преселам на пример Интереси бе- хеви метал, бркање дечковци, везење гоблени Кога зборот интерес го сменил значењето и зошто? Тебе што те интересира?
По ништо. До сега речиси сите личности кои сум ги запознала ме имаат разочарано. Губам верба во вистинско пријателство.
Слично гледаме на светот, имаме слични вредности и уверувања, лесно се разбираме. Знаат многу за мене, ми се лојални, ми даваат голема поддршка. Со нив споделувам и добро и лошо, ме трпат веќе 20 и 10 години - и тоа е доволно. И покрај бракови, дете, преселби, не се промениле, функционираме речиси исто како и пред сите овие животни промени - и тоа ми е многу важно.
По тоа што можат да поминат периоди, но кога се среќаваме повторно е како никакво време да не поминало. Кога можам да си ја отворам душата без да се осеќам како да газам на јајца бидејќи можи да избувни. Кога знам дека е секогаш тука да ме ислуша без да ми суди. Се радува на моите победи, тука е да ме утеши кога сум на лошо место. Не е тајно љубоморна и да ми посакува лошо, не се обидува да ме контролира бетер од токсичен маж. Кога е искрена ако смета дека грешам без да ме навредува и омаловажува. Кога двете сме свесни дека имаме и други битни луѓе во животот со кои одбираме да поминиме време и не си замеруваме за тоа. Кога не зборуваме само за својот живот и проблеми без да ја прашаме како е другата. Кога не се согласуваме за буквално сѐ, но сепак имаме меѓусебна почит. Кога постои платонска љубов меѓу нас. Нема да останат многу вакви пријатели во животот, тоа е факт. Но треба да се ценат оние што се тука, бидејќи ретко е ваквото пријателство.