Порано користев доместос ама се гушам од него, алергична сум и после употребата 2-3 дена болна неможев дишењето да си го вратам во нормала, по препорака на една пријателка земав БРЕФ и задоволна сум супер ми чисти.
Солната киселина не ја менувам за ништо. Ја користам онаа на Алкалоид (во портокалово пакување). Претходно ја користев онаа во жолто пакување, ама не беше многу ефикасна. Обавезно користам ракавици.
Од претходните станари толку е жолта и со бигор ,а внатре кај што лежи водата е црна шољава. Доместос не помогна. Како да ја исчистам???
Со некое од средствата за чистење на санитарија, Wc-net, Sanitar и сл. Користам и гел на Green, производ на приодна база, но обавезно прво дезинфекција со средство, кое содржи хемикалии.
Јас со Доместос ја чистам . Ја оставам цела ноќ , наутро со четката за вц школки што е ја рибам одвнатре . Од надвор со Арф за тоалет .
Ставам врела вода во вц школката. Стои околу 5 мин. Ја вадам водата од вц школката со сунѓер. Ставам доместос во неа. А околу со циф премачкувам. Така ми стои околу 20 мин. Плавам со чиста млака вода. И некогаш прскам средство за дезинфекција.
Земав од ДМ 3во 1 пакување. Имаше плави и зелени. Околу 120 ден. Не беа скапи а убави ама не запамтив како се викаат
Што е разликата помеѓу различни бои домезтос? Јас сум навикната на зелениот. Еднаш земав плав воопшто неми беше убав, а друг и немам пробано.
Zemi solna kiselina.Prvo izvadija vodata so singer Stavi celo shishe solna kisel I zatvori go kapakot.Neka stoi 2 casa minimum. Ribaj so chetka no pazi ochi I race da ne ti prsne, zemi rukavici I naochari, maska I pokratko da bides vo kontakt zatoa sto isparuva.Ili ne ribaj, pusti voda pa so domestos ke ribas.