1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како ќе постапите ако вашето дете порасне во хомофоб/шовинист/ксенофоб и сл.?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Someonespecial, 9 август 2018.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Одамна имам пишувано дека сметам оти наспроти дилемата при помислата на хипотетичка ситуација со дете геј, дете во врска со личност од друга националност или раса - една еманципирана личност треба да се вистински да се загрижи ако нејзиното дете своите ставови ги развива во правец на полнење со омраза, булинг, исмевање, во крајна линија дури и со склоности за насилство кон тие маргинализирани групи.

    Познато ни е дека често воспитувањето од страна на родителите по одредена возраст, на различни начини потклекнува во очите на детето под влијанието на околината. Наспроти разни заблуди, тој негативен пресврт се одразува само во наметнати однесувања на кои можеме како самите, така и други да ни влијаат (во кои сексуалноста не спаѓа).

    За жал, во тинејџерската околина во многу средини и училишта кај нас и на Балканов, сè уште особено меѓу машките се форсира т.н. машкост во смисла на агресивност, екстремен национализам, хомофобија и булинг кон „феминизираните“ машки. Свеж, актуелен и болен пример од нашето општество ни се фамозните навивачки групи, во кои млади луѓе групно под панданот на спортот активно учествуваат во говор на омраза од сите овие типови - а посебно изразената меѓунационална омраза која ескалира во насилство, им носи опасности и во екстремна мера трагедии. Со младите девојки со сè уште недоразвиена психа и ставови, пак, честа појава е опресијата, влијанието и перењето мозок од страна на вакви дечковци - фанатици и „алфа-мажјаци“.

    Бидејќи како што искрено кажувам во многу теми, ваквите тенденции за мене не можат да бидат ништо позитивно и „ствар на вкус и мислење“ - мене навистина би ме болело и би имала чувство дека сум потфрлила како родител ако мое дете во тинејџерските години развие хомофобични, сексистички ставови и омраза кон други националности. Би направила сè - секако на мирен начин, преку разговор, едукација, покажување на емотивни видеа и вистински приказни кои предочуваат колку се токсични овие гледишта - за да го вратам на она што според мене се навистина правилни човечки вредности.


    *Disclaimer: темата
    не ја отварам саркастично или од некаков инает кон конзервативците на форумот, и истите ќе ги замолам да ја прескокнат - не гледам поента во нивни мислења за ваква помисла, со оглед на тоа што овие поими во насловот не ги ни признаваат како нешто реално и негативно. Туку ја отварам сериозно и за помладите и за оние повозрасните - веќе родители, кои своето воспитување на деца (во иднина) го засноваат на еднаквост, прифаќање и љубов кон луѓето.
     
    На calliope, CameliaMiller, M&M и 29 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.710
    Допаѓања:
    42.930
    Пол:
    Женски
    Најискрено, јас би поразговарала со него да видам поради кои причини станал нешто од горенаведените.Да му судам, да му менувам или наметнувам мислење немам намера.Ама ќе се потрудам да не доаѓа до израз тоа.Бидејќи сепак живееме во 21ви век има се и свашта, секој си го кажува своето мислење, некој го наметнува.Да не испадне од ништо нешто.

    Ако ги има моите ,,жички” шансите да стане ксенофоб се 00,00 бидејќи сум личност која сака да запознава нови луѓе и да се меша меѓу народ.А и шовинист не верувам дека може да е бидејќи не сум некоја ,,закоравена” патриотка па уште од мало да му го перам мозочето со работи од типот на ,,дружи се само со Македонци/христијани, другите се неверници/нечисти” значи НЕ.Дур расте ќе го советувам/насочувам ама ќе го оставам само да одлучува.
     
  3. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Е како бе така од ракав се расфрлате со жигосувања? Ти се сонило тебе дека сите конзервативци се хомофоби и женомрасци и јухууу отворај тема.
     
    На Abeja, dayla, carangigia и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.541
    Допаѓања:
    21.518
    Пол:
    Женски
    Јас не се гледам себе си како мајка во иднина затоа ова ке биде многу хипотетично.

    Првин ке речам дека не би дозволила моето дете да расне без да му објаснувам за моралното, дека не треба да дискриминира. Како што 99% од мајките ги учат своите деца дека треба да кажуваат Добар ден и да ги почитуваат постарите, така јас би го учела дека треба да почитува луѓе без разлика на раса, религија, сексуалност и се по ред.

    Бидејќи нели демек одиме кон боља иднина, јас верувам дека додека да дојде време да имам деца, би имало повеќе истополови бракови во општеството и во секојдневниот живот што може да доведе тоа самото да има контакт со ЛГБТ луѓе уште од мало, а не само да биде запознаено со таа тема како концепт. Истото важи и за раса, религија итн.
    Морав да го кажам тоа зашто овдека на форумов се што не е бело и стрејт е третирано како да постои само во теорија, а не да се вистински луѓе што се меѓу нас или што потенцијално можат да бидат меѓу нас.

    That being said, свесна сум дека има моменти кога не можам да контролирам на какви информации е изложено моето дете. Дали во училиште ке му зборат глупости или пак без моја контрола ке види нешто на интернет што може да му ги насочи ставовите каде не треба, се случува. И тоа може да придонесе детето да порасне во некој вид на „фоб“ (глупав израз).

    Мене би ме болело да знам дека моето дете е сексист исто колку што би ме болело да знам дека е хомофоб или ксенофоб. Првото има директно влијание врз мене, како припадник на женскиот пол, но не сакам ни да чујам дека дискриминира други групи на луѓе. Не сум доволно себична за да се секирам за неговите ставови само ако се негативни спрема мене.

    Односот кон моето дете ако има лоши ставови зависи од многу работи.

    Како прва солуција, секако дека би зборувала со него. Ќе објаснам. Ќе отворам интернет ке му покажам. Ќе го едуцирам. Би направила се за да го оправам затруеното и ќе се надевам дека ке успеам.
    Би била многу разочарана што така размислува. Би се размислувала што пропуштив да видам како родител та детето да ми е полно со омраза.

    Е сега. Ако моето дете има 26 години и живее со такви размислувања, малку е потешко да му објасниш, нели? Размислувам што би направила и навистина не знам. Дали ке го сакам? Најверојатно. Но, мајка или не, тоа е веќе возрасна индивидуа и мислам дека имам во себе храброст да изгубам почит кон него.

    Одиме на друго сценарио.
    Има степени на хомофоби, шовинисти, ксенофоби, расисти... Може да се само ставови (што е исто многу лошо), но може и да се повеќе. Може да ги торментира групите кои ги дискриминира, дури и физички. Ако детето ми е машко, може да биде сексист и во тој случај недајбоже да допре девојка како што не треба, би полудела, би се откажала од него, нека гние таму каде што заслужува.
    Да не забегувам од темава... Може и не беше поставена тематиката на темава до толку сериозен степен. Ама да си кажам.

    Во секој случај, јас никако не би ги нормализирала таквите ставови на моето дете како што се нормализирани на форумов или во нашето општество.

    иМа пРаВо нА мИсЛеЊе

    Е нема право ако тоа мислење повредува некого.

    Родителите треба да ги воспитуваат децата како што треба, без разлика што мислите дека ваквите проблеми не ве засегаат вас. Со себичност не можеме никаде да стигнеме како општество.

    Ама што зборувам јас за идеален свет. :)

    Повторно ке се повторам, јас мислам дека најголем проблем кога е прашање ваква тема е што во Македонија, на Балкан дури, ваквите размислувања проаѓаат едноставно како сопствени ставови и се крајно нормализирани. Не треба да е така.
    Треба да се срамите од дете хомофоб, а не од дете што е геј. И не треба да ви е сеедно ако е првото.

    Како последна замерка за ова што го напишав, ке кажам дека ми требаше трпение за да претпоставам дека моето дете ке е и бело и стрејт и дека ке е религиозено, па уште и машко. Не можам да го знам тоа. :D
     
    На calliope, poenta, sweet-cherry и 10 други им се допаѓа ова.
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    57.410
    Пол:
    Женски
    Cego nosam na doktor, so hormoni i terapija cego izleccat. Samo peder dane e. So cigani nema soda se druzi, a zenata seznae zakaj e, za f kujna i za f krevet.
    :whew::bug:

    Јас прво мислам дека треба максимум да бидам спремна па да родам дете, уште мислам дека е прерано и дека и јас сеуште го спознавам светот.

    Ќе го терам да чита и секогаш да размислува за тоа што го чита. Ќе гледам да му зборувам за моите вредности и како јас гледам на нештата, со надеж дека и тоа ќе ги дели моите. Најголема фобија ми е да израснам син како оние од кои жените плачат на форумов. А ако имам ќерка ќе ја советувам да биде силна и да знае да се бори и сама за себеси и за се.

    Сакам детето да си биде се што сака, секако дури не повредува други. Затоа и пишав дека разговор, посочување на се што е лошо со сите тие работи и константна едукација и читање се вистинскиот пат. Плус ако се метне на мајка си, сигурно нема да е ниту хомофоб, ниту сексист, ниту расист или ксенофоб:D
     
    На calliope, Mari*, Amellie13 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.067
    Допаѓања:
    44.037
    Пол:
    Женски
    Мислам дека на овие работи многу има влијание самата околина, особено училиштето и секако интернетот, баш во тој период кога детето се развива како личност и оформува свои ставови на вакви теми.
    Од мое искуство, ќе кажам дека никогаш не сум слушнала од моиве дома да искажуваат омраза кон хомосексуалци на било каков начин.

    Факт е дека родителот не може цело време да го надгледува детето и да ја контролира околината во која тоа дете се наоѓа. Дома да, нормално дека се одговорни за семејната атмосфера во која тоа ќе расте, но надвор, не баш. Не може да се контролираат околностите и надворешните фактори што директно или индиректно би имале влијание врз развојот на детето, што мислам дека е најголем страв и предизвик за еден родител. Но, мора да се прифати тоа.
    Имав соученици кои беа премногу тврдоглави и злобни, па родителите засрамени доаѓаа на училиште кога ќе ги повикаа на разговор, но немаше ефект. Е, до толку немаа влијание врз сопствените деца.
    Родителот не може да го пази детето 24/7, тогаш нема лична слобода и исто може да има последици. Едноставно мора само да осознае и само да размисли за сѐ.
    Кога ќе почне повеќе да разбира и само да формира мислења, не можеш со инка да му туриш и да речеш такво и такво мислење ќе имаш на таа тема. Еве, израсната сум во семејство на религиозни луѓе. Сум одела и по цркви и по слави како помала, сѐ со ред, но не сум верник. Ме учеле како да се прекрстам, ме учеле на разни адети и обичаи, па ете не израснав во таков религиозен човек. Почнав да растам, сама да размислувам за одредени работи и размислувам поинаку од нив. Сепак дури ни со родителите не сме сосема исти.

    Ако би била родител еден ден, би му укажала на разликите во светот, и во однос на сексуалната ориентација и изборот на религија, буквално сѐ. Сакам да биде свесно за сѐ, да знае дека сите сме различни, но сепак исти- луѓе сме и имаме право да го избереме она што сметаме дека е најдобро за нас, бидејќи животот и личните избори на луѓето околу нас не менуваат ништо во нашиот живот и не нѐ засегаат на никаков начин. Би сакала да знае, да сфати и да го прифати тоа дека треба да ги почитува луѓето подеднакво и дека нема право да кажува како некој треба да го живее својот живот.
    Ако нема разлики во светов, нема ништо ново и поинакво да научиме.
     
    Последна измена: 10 август 2018
    На g8lQQk, sweet-cherry, violetblue и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Дa, oд инaет ти е oтвoренa темaтa зaтoa штo aкo вистинa е зa рoдители кoи вoспитувaaт децa нa еднaквoст и прифaќaње тoгaш немa пoтребa oд вaквa дискусијa. Зaтoa штo тие децa учени oд мaли, немa дa се преoбрaзaт тaкa леснo oти имaaт еднo другaрче или две хoмoфoб или нaциoнaлист. Децaтa не рaстaт туку тaкa, oд нигде никaде сo oмрaзa или oдбивнoст кoн oдреденa групa.
     
    На Abeja, dayla, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Имаше некоја феминка пишано како ќерка и отишла дома кога беа пожарите во Атина и ѝ рекла "така им треба на Грците, тие ќе ни го мењаат името" на што таа нормално останала шокирана. Ја седнала, збореле и девојчето сфатило кај погрешило. Значи такви муабети и размислувања се учат од надвор и е битно како ќе реагираш на нив.
     
    Последна измена: 10 август 2018
    На calliope, cresa-jagoda, candy.cane и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Верoјaтнo претхoднo не бил прaвен муaбет нa тaa или сличнa темa пa зaтoa. Кoлку oд рoдителите редoвнo дискутирaaт нa рaзни теми сo свoите децa кaде им дaвaaт јaснo дo знaење кaкви мислењa се прифaтливи a кaкви не? Мoе дете ни нa крaј пaмет не би пoмислилo -тaкa им требa зa луѓе кoи зaгинaле вo пoжaр, a е мaлo и нoрмaлнo ќе следaм вo тoј прaвец дa се рaзвивa. Дoкoлку дoјде вoзрaснo сo тaквa изјaвa знaчи декa е мaлку кaснo и декa не сум бaш рoдител кoј учел прaвилнo кaкo штo сaкaм дa мислaм и кaкo штo е oпишaнo вo првичниoт пoст.
     
    На g8lQQk, cresa-jagoda и Harper им се допаѓа ова.
  10. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Ќе го пуштам на лов на диви свињи за да ја сознае суштината на животот и да ги сузбие сите хо - фобии.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.772
    Допаѓања:
    46.345
    Ќе се радувам, бидејќи не ќе треба да се соочува секојдневно со средовековните размислувања на општеството во кое живееме. Едноставно ќе биде дел од "нормалното".
     
    На calliope, poenta, Lolo5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Да е живо и здраво, мама него секако ќе го сака. :D

    А зошто нема вмроец во насловот, туку пишува и сл.???
     
    На calliope, Abeja, zuto и 6 други им се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.864
    Допаѓања:
    217.870
    Пол:
    Женски
    Израснав и јас на страна баш во години кога најмногу се развивав како личност, па се ова горенаведено ми е и баш чудно за дискусија некаква.
    Најверојатно и моето дете ќе живее овде и се ова ќе му биде најнормално и постојана глетка во животот.
    За разлика од македонија и македонските сваќања.
    Всушност така сме и опкружени и израснати.
    Небаре по шема по терк некаков
    Странец да видиш ќе се завртиш да го гледаш оти е црн или има искривени очи оти едноставно е различен од тоа што ние сме виделе во нашата држава а всушност не сме виделе ни 1 % од ништо..
    Многу сме си монотони за жал на самите себе си..

    Веќе кога излегуваш надвор, си кажувам за себе си секојдневно глрдаш учиш воочуваш се соочуваш со најразлични ситуации коишто никогаш не си ги ни видел па ти е чудно .. најпосле ти станува најнормално..

    Ќе ја земам англија за пример.
    Таму сум видела најмногу во мојот живот, најмногу сум научила за светот и за различностите во него..
    И веќе нема што да ме изненади или натера да учам или моето дете да учи за овие проблематики кои што у суштина и не се проблематики туку најобичен свет и живот.
     
    На calliope, poenta, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  14. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    6.301
    Пол:
    Женски
    Еј па тие што не се истомисленици да не коментирале на темата. (facepalm)
    Во навивачките групи се млади луѓе кои се патриоти и тука нема ништо лошо, страшно е што млад живот згасна, а третиот напаѓач е на слобода.
    Ако моето дете порасне во нешто од горенаведеното, ќе му речам твојата среќа ми е на прво место. 8)
     
    На Abeja, baba Rada, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.541
    Допаѓања:
    21.518
    Пол:
    Женски
    Во тема Како ќе реагирате ако вашето дете е геј:
    Не сакав да кажам ништо ама... среќата на детето ти е на прво место или не? Одлучи се.

    Да го мислеше тоа што го кажа одговорот ке ти беше ист и на двете. Жално. И навистина ме интересира како ќе ми одговориш зашто јас не гледам ништо друго освен хипокризија.
     
    На Lolo5, candy.cane, Ketchup и 10 други им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.434
    Пол:
    Женски
    За почеток ќе се обидам да му кажам на детето шо мислам дека е правилно, дури расти. Ако во иднина неговите ставови се сменат спротивно од моите, уз разговор јас ќе му кажам зошто мислам дека греши и како мислам јас. Не со цел да му сменам мислење, туку сам да има поголем видик. Меѓудругото, не ми сметаат ставовите на моето идно дете се додека не осудува, навредува и повредува поединци со кои не се согласува. Нечие лично убедување не повредува право на поединец, ама покренато организирање за свесно повредување на права е сериозен проблем за кој би дала се од себе да објаснам зошто е лошо.

    Во секој случај, ќе се осеќам како пропаднат родител ако моето дете си дај за право да осудува, дискриминира, врши криминал, крати основни права на одредена група луѓе и сл.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    6.301
    Пол:
    Женски
    Зошто цитираш делови кои тебе ти одговараат? Еве го целото мое мислење во темата Како ќе реагирате ако вашето дете е геј:
    Што ти е тука нејасно? Моето дете нема да биде геј, па поради тој факт неговата среќа ќе ми биде на прво место. Доколку биде геј, а тоа нема да се случи моето дете ќе биде среќно подалеку од моите очи.
    Знаеш што е жално? Што пребаруваш стари мислења на членови, ама ај не ти е првпат.
    Доколку во моите мислења гледаш само хипокризија, купи си наочари.
     
    На Abeja и baba Rada им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.710
    Допаѓања:
    42.930
    Пол:
    Женски
    Срцка не ме сфаќај погрешно ама сексуалната определеност нема врска со религијата.Може да биде начитан, културен воспитан, религиозен и да е геј.Не можеш да му го всадиш тоа.Од душата им доаѓа.Да беше за така секој ,,новонастанат” геј ќе одеше в црква на молитва и ќе искочеше како стрејт.
     
    На calliope, M&M, LollySky и 10 други им се допаѓа ова.
  19. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    4.371
    Пол:
    Женски
    Не очекувам моето дете да има исти убедувања и мисли како мене. Секоја индивидуа е должна да направи избор за себе. Моја должност како родител ќе биде да вложам напор моето дете да го научам КАКО да размислува, а не ШТО да размислува.
    - Како да размислува што е правилно, а што не е, според тоа дали и како нештото кое ќе го направи афектира на него или на друга личност.

    Кога ќе научи како да размислува, ќе научи и како да се справува со последиците, било да се со добар или лош исход. На крај ќе биде на него да еволуира во персоната која сака да биде.
    А моите очекувања нема да ја надминат реалноста: моите верувања не значи дека ќе станат и негови.
     
    На Someonespecial, Lella, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    59.361
    Мислам дека околината не може да промени мислење на доволно информирана личност, макар и дете.

    Доколку на детето му зборуваш за вакви важни теми уште од рана возраст самото тоа ќе стекне самодоверба во своето знаење и ќе може да разликува добро од лошо кога ќе дојде моментот за тоа.

    Информирањето и разговорот се многу важен дел од развивањето на децата, а тоа какви ставови ќе имаат и колку ќе бидат запознаени со вакви и слични проблематики зависи од самите родители.

    Ставот на децата, макар и во тинејџерските години, не се менува преку ноќ само поради влијание на друштво.

    Доколку истите се воспитани во хармонично семејство, без физичко и психичко насилство, секогаш кога ќе имаат дилема во врска со нешто првите личности на кои што ќе им се обратат се родителите, бидејќи имаат најмногу доверба во нив па така сите прашања ќе им бидат одговорени.
     
    На poenta, Ketchup, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.