1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како ќе постапите ако вашето дете порасне во хомофоб/шовинист/ксенофоб и сл.?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Someonespecial, 9 август 2018.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Jaс мислам дека се доаѓа од родителите.
    Малите деца се како сунѓер, впиваат се што чујат и што им кажеш, а како највлијатени особи во нивниот живот бар тогаш се родителите и затоа мора од самиот старт да се обрне внимание на ставовите, речникот и однесувањето пред нив.
    Мислам дека со нормални и оупен мајндед родители нема шанси едно дете да израсне во хомофоб, шовинист, сексист или скраја било вемеровец. :)
     
    На calliope, Ketchup, KateKane и 7 други им се допаѓа ова.
  2. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Општо познато е дека децата најлесно потпаѓаат под туѓи влијанија. Без разлика колку јас да го воспитувам правилно, да го учам на сите вредности(а би се трудела да го правам тоа максимално), во училиште/на улица/ од другарчиња/ од други роднини може да му се влијае. Ова е многу често во нашите училишта, учителката е личност во која што имаат многу доверба, поминуваат многу време со неа и таа со нејзините ставови влијае екстремно многу и може да влијае негативно. И вакви примери има милион. Или често се случува бабата и дедото да влијаат вака, бидејќи децата поминуваат многу време со нив и гледаат како тие реагираат на работите, што сакаат а што не, а во многуте случаи постарите луѓе се и и хомофоби, и шофинисти, едноставно конзервативни.

    Доколку се најдам во ваква хипотетичка ситуација би пробала да укажам во тоа каде греши, дека луѓето подеднакво треба да се почитуваат и дека нема разлики. Доколку не ми успее со разговор, јас би го упатила да оди на психолог. И не, не се шалам со ова. Со психологот ќе може да си направи скрос океј муабет за истото, да сподели зошто има такви мислења, од каде му потекнуваат тие верувања и секако може да се дојде до искоренување на истите. И нема да бидам немајка ако го направам тоа. Мислам дека посетата на психолог во овој случај е едно од подобрите решенија на проблемот.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно е претерано со овие етикети и поделби.

    Детето е личност која може да биде многу поразлична од родителите. И тоа е нормално. Како што имам напишано и во другата тема, детето секогаш и секако ќе го сакам. Секако дека ќе биде восиптувано да ги следи моралните вредности, па ако застрани, само разговор. Некогаш децата не ги менуваат своите ставови дури и кога родителите ги советуваат. Затоа, научете ги децата со време на тоа што треба, додека самите не се научат на омраза, некаде од страна. Како примерот со девојчето и неодамнешната состојба во Грција. Само, знајте дека тоа ќе си има свои ставови кои нема да бидат еднакви со вашите. Не може да му се наметнува на детето какво да биде, како да размислува или која идеологија да ја следи. Самото ќе си го одбере патот.
     
    Последна измена: 11 август 2018
  4. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Првин да кажам дека тешко ми е да се замислам како родител, не дека не би сакал да имам свое семејство туку поради целата одговорност која доаѓа кога ќе имаш свои деца. Не е толку проблемот да им се обезбедат потребните финансии колку што ме плаши тоа дали паметно би ги воспитувал и преку кои методи и што е правилно. Еден професор во една прилика рече: Јас никогаш нема да имам деца. Јас го прашав извинете што прашувам но поради која причина. Рече не сакам да ми ги трошат парите. Тогаш одговорот ме збуни и ме зачуди. Сега не ме чуди бидејќи разбрав дека. сите се во трка по пари. Како би реагирал искрено не можам да кажам. Во една прилика добив комплимент тука дека сум шовиниста од една членка, инаку не знам дали уште го мисли тоа ако се препознае нека пише. :)
     
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Здравје, кога ќе имам свое дете, уште од мало ќе го учам да ги прифати луѓето такви какви што се, а да ги избегнува само оние кои би сакале да му наштетат.
    Факт е дека и покрај воспитувањето на неговите ставови ќе влијае и околината, друштвото, општиот менталитет во местото каде што живее. И ако приметам дека е нешто од наведениве во насловот, најискрено ќе разговарам со него да го убедам дека греши и дека таквото осудување и исмејување на различните од него нема никаде да го однесе, туку напротив, со сите да се дружи.

    @carangigia извини ама не можеш да кажеш дека би ти била важна среќата на своето дете, а би го избркала од дома ако е геј.
    Испаѓа за тебе подобро би било твоето дете да е среќно со осудување и малтретирање на други луѓе, отколку само заљубено во некој од ист пол.
     
    На poenta, Ketchup, LollySky и 5 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Децата не се раѓаат со предрасуди, социјални вештини, мислења за социјални теми итн... тоа се учи. Прво и основно од дома. Кога се мали, не учат од тоа што зборуваш, туку од тоа што правиш. И да не им велиш: Тој е Албанец, затоа не чини (пример), ако те чуе да зборуваш нешто против нив, ќе го запамети и ќе го употребува и мисли во иднина.

    Во тинејџерски години посебно, може да им се променат мислењата, поради влијанието на околината, посебно друштвото... Сепак, и тогаш, можат да влијаат родителите, а и голем удел има, ако веќе има 'подлога' која се базира на инклузивност.

    Голема удел имаат и наставниците, бидејќи им се авторитет. Но ако чуеш дете да ти пренесе нешто што чуло од нив, мораш да седнеш и да му објасниш, зошто тој некој не е во право, иако е повозрасен од него и иако детето го рачуна за валиден извор на информации.

    Секако, и од овие правила има исклучоци... како јас на пример. Сум растела во околина, со која немам скоро никакви допирни точки :)

    И така...
     
    На Rebecca_R, poenta, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  7. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    лол самиот наслов е пропаганда
    нема шо да читам понатаму у темава
     
    На sjdgo, baba Rada, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    11.300
    Пол:
    Машки
    Ќе го пратам да учи за свештеник. :rofl: RuPauls Drag Race гледање, Queer Eye for the Straight Guy, ќе си игра со Кен кукли, и нема да дозволам да види женско до 34.
     
    На Rebecca_R, lovestoneddd, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Веднаш ќе се вклопи во таа заедница :inlove:
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.983
    Допаѓања:
    261.053
    Што би било кога би било...
    најголем страв ми е мајчинството.
    Не толку бременоста, раѓањето... колку воспитувањето.
    Ако не успеам да создадам слободоумно, разумно, отворено, општествено користно, емпатично суштество, тогаш, каде сѐ сум погрешила?
     
    На Mr. Right, Rebecca_R, lovestoneddd и 7 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    И ти како мене... Многу ми беше страв да не сум лоша мајка, да не згрешам нешто...
    Спојлер алрт: Ќе грешиш, нема совршено да постапиш секогаш! Пошто нема прирачник за родители... а и да има, не важи за сите деца исто.

    Во основа, тие луѓе што се грижат за тоа какви родители ќе бидат, обично се добри родители.
    Не те знам, ама по ова што го читам на форумот од тебе, воопшто не се сомневам дека ќе бидеш добра мајка :hug:
     
    На lovestoneddd, theowndemon и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  12. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто мислам вака
    Децата мои никогаш не би израснале во шовинисти и ксенофоби,за хомофоби не знам

    И доколку се случи спротивното би била многу лута на нив,толку многу што не би разговарала со нив воопшто :D
     
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Причини зашто (бар во блиска иднина) не сакам деца - да не прераснат во претенциозни лигуши.
    Мислам дека врвот т.е. дното ми е родители да израснат шовинист. Најнизок удар за мајката која те родила, па понатака за сестра, другарки и женски (ако ги има). Иронично, сам дома да не знае јајце да спржи и маица да си испегла без мама, а да брчи на 16-17 дека мужот е стопан у куќа и да чујам „Како би ѝ го рокнал на онаа“... мислам има ко магаре да го тепам (а неќам одгледување дете со насилство).
    Тука прво се гледа кон таткото т.е. дали тој е оној role model за ваквото размислување (пу-пу), па дали има идоли ко Голубович или новиве СаундКлауд раперчиња (Боже поможи), дали во школо е под влијание на алфа мажјаче што им ги лапа симпатиите на сите, па соодветно на тоа, би следела реакција.

    Ксенофобија мене повеќе ми оди кон тоа дека треба да се приклучи кон листата ментални растројства пошто еден здрав мозок не може да мисли дека е супериорен над другите поради тоа што поседува одреден сет генетски фактори (рецимо ние: антички хунзи од кралската династија на Зета Македонија, постари и од сонцето) и се нашол под „совршено“ поднебје. Ако не е одгледано така од родителите, тука навистина треба да се бараат причините за таквото размислување. Дали лежи некоја траума од Х персона и желба за одмазда, дали уште од мали нозе покажува его поголемо од знајниот свемир, дали е само глупо и прати Сител, ОфНет, МакедонијаЊуз ЦелаДаЕ, штотизнам... :worried:

    Ако прерасне во хомофоб, easy - едната мокасинка увек ќе му биде поизбелена од прашок од другата, а копчињата на ракавите на кошулчето секогаш ќе му бидат скинати за да не може да се слика ко демек спонтано ги мести, метросексуалец мамин. :*
    Зборам за машко пошто женски хомофоби лично не познавам, што воопшто не значи дека ги нема, туку сметам дека не се многу гласни околу таа тема, а и полесно капираат дека шансите во свој кревет да видат две расчепени цуци или мажи како се плескаат по газиња, се еднакви на нула (освен ако не ги поканат), па така нема што да им е гајле. За разлика, кај машкиве ко да владее правилото дека ако три пати викнеш „Уби, уби педера!“ најгласно што можеш и се бацуваш притоа во бицепс, ќе дојде по една најубава претставничка од секоја раса и националност* и ќе организираат аренска борба во која трофеј е твоето мандало.
    *Секако, ако не си ксенофоб. :D
     
    Последна измена: 14 август 2018
    На crimson, Rebecca_R, Nigredo Odor и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Ова e еднa од kiddie темите на Someonespecial . Искрено замара:D
     
    Последна измена: 15 август 2018
    На sjdgo и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Мислам дека тие што за темава велат дека е глупа и не сакаат да коментираат, всушност самите се некое од горенаведените, па затоа се срамат а не сакаат да признаат.:)
     
    На CameliaMiller, Mari*, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.