Како ќе реагирате ако вашето дете е геј?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lilit, 6 јуни 2017.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.683
    Допаѓања:
    102.874
    Многу ме интересира што ќе се деси во иднина. Тренд е да се поддржуваат геј луѓето и постои либералност особено помеѓу младите пуни љубов и разбирање. И утре и нивни деца да би биле геј со леснотија ќе ги прифателе! Некои имаат и свои деца...кои имаат веќе геј траги во однесувањето. Мајкиве уше не сакаат да го видат тоа...зошто прифаќаат нели се.
    Не очекува интересна иднина.
    Се инспирирав од нешто...
    Не знам како да се наречам себе. Толерирам и прифаќам туѓа различност и причини за среќа. Ќе го прифатам и своето дете зошто не можам странецот геј кој го прифаќам како таков да го сакам повеќе од своето дете. Ама мислаж дека ќе ми треба одење на терапија за да минам низ процесот и не би ми било сеедно и скроз лесно да е чесно.

    Како ќе реагирате ако вашето дете е геј?
     
    На candy.cane, kjukli, Mariangel и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.354
    Допаѓања:
    91.476
    Кaкo ќе реaгирaм aкo дететo ми е геј?
    Акo успеaлo вo пoвеќе oблaсти вo живoтoт, aкo е среќнo, зaдoвoлнo, успешнo, незaвиснo...ќе се пoмирaм мнoгу пoлеснo и ќе гo прифaтaм.
    Вo спрoтивнo, дa ми се влечи дoмa без aмбиции, рaбoтa, енергијa, пoкрaј другите критики штo ќе ги слушa oд мене, ќе му гo нaтoвaрaм и гејствoтo нa глaвa. Зa дa гo дoутепaм психички.

    Џ'ст кидинг. Пис :rofl:
     
    На lovely girl M, tessie, candy.cane и 31 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.683
    Допаѓања:
    102.874
    Не се заебаваш ти, будала си.
    :D
    Да бе, цел живот ринташ за рата за кредит за стан и ти вика - геј сум, а ти у очекувања, тамам старите у една соба, млада снаа и син во друга соба, две жени у кујна...мерак! И некој меракот да ти го крши. НЕ! :D
    Е неќе моќииииии...
     
    На candy.cane, Arthur, Kaetana и 18 други им се допаѓа ова.
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    117.353
    Пол:
    Женски
    Ако детето ми е геј,мама че му бутне подебело сукалце позади, па тек тогаш нек одлучи само дали ќе продужи да биде. Ај ем кидинг ту.
     
    На Arthur, Abeja и elimkd им се допаѓа ова.
  5. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.993
    Пол:
    Женски
    Кога само се сетам,колку тешки судбини сум се изнаслушала,коса ми се крева.Деца кои признале дека се геј,па избркани од страна на родителите,па кон колку лоши работи се приклониле,пред се за да преживеат,богами не е за мајтап работава.Само едно би рекла,какво и да е,е мое дете,никогаш не би му свртела грб,зашто после таков чекор најчесто следува пекол.Се додека е човек-човек,а не звер,му треба подадена рака.На крај краева,ете осудете ме,ама што ако е геј,а е Човек во права смисла на збор,зарем нема мажи,ете во ,,нормални,,кои се вбројуваат а се зверови,ни ч од човек.
     
    На candy.cane, tina-63, sofijanoka и 38 други им се допаѓа ова.
  6. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    63.708
    Дали би го прифатила ако е геј? Не знам, кажав и вчера, тоа е за мене неприфатливо и неприродно засега, во иднина не знам како би се чувствувала... Повеќе мислам дека би го прифатила, не сакам да ми се повтори тоа што моментално ми се случува...
     
    На elimkd и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  7. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.591
    Допаѓања:
    99.262
    Пол:
    Женски
    Тешка тема сте избрале за вакви касни саати.
    За дете геј, луѓе, мислам дека ако е такво нешто, од мали нозе ќе покаже нешто, не е тоа само еден ден да ти дојде и спрајззззз.
    :wasntme:. Бар така мислам јас.
    А што би направила, па што би можела да направам?? Само да си продолжам да го сакам мајчински, безусловна љубов е тоа нели.
     
    На nena2010, kjukli, НаталиЛили и 17 други им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.658
    Допаѓања:
    251.936
    Пол:
    Женски
    вие да бевте геј ке сакавте да ве прифатат родителите или да ве избркаат од дома?
     
    На dahlia_desire, lovestoneddd, sofijanoka и 32 други им се допаѓа ова.
  9. Cricket

    Cricket Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    1.073
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека колку и да пишуваме тука сите дека ќе прифатиме, нема да биде лесно во секој случај. Нормално дека е таа љубов безусловна, сигурно нема да не си го сакам детето зошто е геј, да ми се заледат сите чуства ама сигурно нема ни да ми биде мило. Немам ништо против геј популацијата, немам ништо против нивниот избор, никогаш не сум навредила не сум кажала нешто лошо, тотално се прифатени од моја страна ама не би сакала тоа да ми се случи на мене, т.е. моето дете да биде геј.
     
    На Lejla8, Victorian и Rama им се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.732
    Допаѓања:
    42.821
    Да е здраво и живо, има далеку пострашни работи од тоа да биде геј. Но како мајка што сака да си го заштити детето, најверојатно веднаш би барала начин да се отселиме од државава во друга каде би бил/а повеќе прифатен/а и без страв дека некој ненормален утре на улица може да го претепа.
    Би рекла дека лично на мене воопшто не би ми сметало да сака човек од истиот пол. Но, има време да се покажам и докажам како родител.
     
    На 100nogalka, tessie, smooch и 20 други им се допаѓа ова.
  11. Paprika

    Paprika Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2016
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    66
    Jas nikogas nema da kazam na majka mi oti se oblekuvam kako devojka ni na nikoj drug i rekov na zena mi ama na roditeli nema sansi znam tesko ke go svatat pa i da imam sex so masko nema da im kazam ako imam oti zeni mi mi veli da ne probam oti ke sakam pak kao i da e treba stvarno da si cvrst kako roditel da go profatis toa oti nemas izbor
     
    На blackwave му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.240
    Допаѓања:
    4.014
    Пол:
    Машки
    Ќе го воспитам како и моите родители мене. Ќе расте со закони и правила додека доволно не созрее за да не се разболи од хомосексуалност. Ќе го запознаам добро со законите на природата наместо со западните трендови кои ги следат малоумници за да бидат фраери и затоа нема да биде геј.
    Во спротивно да ми каже дека е геј не би изреагирал мирно, би му ја покажал вратата иако не е лесно тоа.
    Кога некој би одлучил на својот родител да каже дека е геј без да ги сожали бидејќи цел живот на него го посветиле наместо да побара лек зошто би се сожалил јас да не го избркам на улица.
     
    На stilas7 и Rama им се допаѓа ова.
  13. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    1.820
    Допаѓања:
    26.076
    Како бе на никоја не и текна да направи тема за тоа како би реагирале ако детето ви е убиец, насилник, силувач, педофил?

    Е тек тогаш ќе требаше да одите на психолог и психијатар...
     
    На 100nogalka, Alisa22, tessie и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    1.887
    Пол:
    Машки
    Ако детето ти е убиец, насилник, силувач, педофил постои затвор или смртна казна. Ако моето дете утре е нешто од гореспоменативе работи лично ќе се откажам од него.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    42.752
    Пол:
    Женски
    Искрено, најискрено сакате?
    Ќе продолжам да го сакам, ќе му го почитувам изборот на живот, партнер. Нема да му се мешам и да му префрлам. Но, нема да ми биде многу, како да кажам...Ако речам драго, ќе излезе дека не го подржувам целосно. Ако речам дека нема да ми е по ќеиф, а што па мој ќеиф треба да се тера или мои очекување?
    Се работи за туѓ живот, сепак.

    Ако дојде до таква ситуација, се надевам дека ќе бидам на повисоко ниво со свеста, од сега. Со тоа што ќе бидам мајка која прифаќа се' , без АМА.
     
    На sofijanoka, Trxmx, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.072
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ако имаш повеќе деца, немаш проблем да го прифатиш тоа како сосема нормална работа. Ама ако ти е само едно, не е сеедно (продолжување на лозата)
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    47.868
    Пол:
    Женски
    Ќе и дадам целосна поддршка. Сакам да знае дека секогаш и за се може да смета на мене. Да биде пред мене своја, а не да биде несреќна и мизерна, да живее во страв од мојата реакција.
    Иако би сакала да не е тоа случај, пак за нејзино добро, да не оди по потешкиот, трнлив пат и да се соочува со секакви предрасуди.

    Сметам дека кога ќе решиш да донесеш дете на овој свет треба да си спремен на многу работи, сепак е дел од тебе, а не, не си по мој терк, ајде мрш од куќава, не те признавам.
    Ех таа безусловна родителска љубов.
     
    На tirkenbal, smooch, Kaetana и 30 други им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.047
    Допаѓања:
    160.494
    Пол:
    Женски
    Прво, да напоменам дека не е некој бејзик тренд да не ја осудуваш геј популацијата и да си за да имаат еднакви човекови права.

    Ако имам дете, кога би дознала дека е геј – негативното во чувствата би ми било само грижата од фактот дека треба да се соочува со секакви нелуѓе со екстремни ставови кои ќе го етикетираат со најпогрдни епитети, посебно на Балканов. А би му пружила целосна љубов, поддршка и секој ден би му давала до знаење колку мислењето на таквите нелуѓе е ирелевантно и колку немаат право на дискриминацијата и омразата што си дозволуваат да ја шират.

    За (хипотетички) ситуации во кои родители го бркаат или се откажуваат од детето поради ова, не е ни вредно да се коментира колку е ужасно.
     
    Последна измена: 7 јуни 2017
    На dahlia_desire, Trxmx, smooch и 24 други им се допаѓа ова.
  19. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    1.887
    Пол:
    Машки
    И мајките ги прифаќаат своите деца со посебни потреби, но дали длабоко во себе би сакале нивното дете да е такво?

    И мајките ги прифаќаат своите деца наркомани, криминалци или алкохоличари, но дали длабоко во себе би сакале нивното дете да е такво?

    И мајките ги прифаќаат своите геј деца, но дали длабоко во себе би сакале нивното дете да е такво?

    Вие ги прифаќате само затоа што се ваши деца, но дали ги сакате такви какви што се? Тоа е многу дискутабилно прашање.
     
    На baguf4e, cresa-jagoda, stilas7 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. clen1

    clen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Машки
    Моето дете нема да биде геј ;)
     
    На carangigia, Feminka22, Vitaly и 2 други им се допаѓа ова.