Нема што да ми објаснуваш. Објаснето ни е и на двајцата само од посебни извори. Ако несакаш воопшто не ме читај, никој не ти стави нож на врат па да си приморана да ме читаш.
@Vitaly без разлика дали си католик или православен, се работи за иста христијанска религија, која проповеда исто. Поентата ми беше друга ама нема врска.
Не те разбрав но ете ти објасни другар @Jacques Не зборуваме тука за религија туку за друго. Поентата ти била друга ајде кажија за да те разберам. Се работи за иста Христијанска религија да но мене религијата не ми проповеда хомосексуалност и јас нема што да се секирам. А свештениците што прават тоа Господ ќе им суди. Мислиш дека Христијанството проповеда педофилија и хомосексуалност тоа ти беше поентата или што?
Оупен мајндед сме само во случај мислењето да е напишано од разумни личности и не навредува ниедна личност или група луѓе.
Па религијата е претежно баш тоа што од раѓање им се наметнува, па крштевки, сунети... отпосле секој решава дали и до кој степен ќе поддржува. А како очекуваш било кој здраворазумен да се покорува на нешто што го плука и сместува меѓу ненормални, неморални и грешници? Ај јас да те викам умоболен, настран, монструм, да те гледам ко подолно суштество, итн., а ти бацувај и миј ми нозе секое утро? Е, не иде. Него, фрли линкче од документарката, баш ме интересира како го смениле. Едит: Сега гледам, дете си бил. Заеби. Само немој да дозволиш уште од мал да си огорчен на некои што ништо лично не ти грешат. Е, од вакви муабети би ми било страв и неубаво за детето. Што нема да гледаат во својот двор, туку ќе се трудат да му го загорчат животот и да го покажуваат со прст пошто... бем ли га. Ми текна баш за случај на школски од основно, претходно што бевте спомнале дека било кој што делува покревко или феминизирано, е дискриминиран од алфа рајата. Детево беше такво слабичко, со потенок глас и повлечено, и што правеа алфа момциве? Го викаа пешко и го тртеа на клупа по гаќи, па со тетратка кај газот му проаѓаа, Мастеркард си играле. Мизерија. Таква ли багра сакате да одгледате, што фрустрациите ќе ги лечи на други пошто вие ќе ги лечите своите на нив и нема да им дозволите да се свои? Детево знам сега секјурити работи негде, карате тренираше, апла се накурчи во тинејџерски години. Зошто? Пошто некои мочковци го гледале ко пешко. За неговата сексуална определба не знам, не сум го видела со години, ама еден од момциве е би, а другите се први пропалици и олоши. Е, такви синови да имам, коси би кубела кај сум згрешила.
@Vitaly поентата ми беше дека религијата и сексуалната определба не мора да се тесно поврзани, како што тврдиш дека безбожници се сите хомосексуалци. Ајде и нека се, ама религиозното одгледување нема да го смени фактот дека некој е хомосексуалец. Затоа го дадов примерот со католиците.
Добро да религијата се наметнува но до кој степен и да продолжи религијата проповеда воглавно љубов и правдина (религија а не секта) Ова второво не те разбрав кој тука е здраворазумен кој нормален кој ненормален кои се грешници. Кој на кого се покорува не разбрав. Те молам пишувај ми литературно македонски а не на некој реонски речник или незнам, за да те разберам не дека ми смета. Линк штом го пронајдам ќе ти пратам.
Не мора велиш ти но религијата вели дека тоа не е во нејзин склоп. Сите хомосексуалци се безбожници да, тоа и религијат го вели, тоа не е во нејзин склоп ниту во склоп со природата.
@Vitaly Тогаш која е одговорот на равенката да си хомосексуалец (=безбожник), а истовремено свештеник (=побожник)? Тогаш си секси атеист ваљда Инаку, нормално, ненормално, старо, ново, тренд или не, не гледам како некому лично е направена штета ако комшијата му е геј, така да, мојот универзален одговор е, пипл хев а коктел
Како што кажа @Jacques Опасна е нивната ложа иако на прв поглед изгледа смешно со шарени паради. Ја купија и црквата. Или ја купија или им ја даде некој за да биде подржуван од нивна страна. Мене второво повеќе ми изгледа дека е. Комшијата не ама проблем би ми претставувало моето дете да е геј, за тоа е и темава.
@Vitaly Зошто конкретно би ти претставувало проблем? Од кој аспект и што ќе му кажеш на твоето дете ако утре ти признае вакво нешто?
Кажав 10 пати веќе. Тоа за мене е неприродно. Би му ја покажал вратата ако не прифати да му се помогне и би му посакал среќа иако тоа не е лесно. Кога тој би немал жал тоа да го каже на своите родители знаејќи каков шок ќе претрпат зошто јас да го жалам и да не го избркам? Инаку ако имам деца еден ден нема да дозволам да бидат такви отпадоци.
Мене ме интересира како ќе промените некој да не е геј? Вака? http://www.pinknews.co.uk/2017/03/04/father-raped-lesbian-daughter-to-prove-sex-was-better-with-men/