Еве јас да си побарам совет. Моите мачки се хомосексуалци. Навистина, двете се машки и сум ги фатила многупати. Гарантирам дека им нема никој правено хемиски експеримент ( ), па не знам од каде моиве чеда вака настран пат фатија. Е сега, работата е, да земеш да дојдеш да ми ги воспиташ малку мачките, да ги научиш некоја Божја заповед нешто што ти знам, ја знаеш ти техниката за метаморфоза на геј во стрејт, да не се мешам во Божја работа. Јас не им давам да гледаат ТВ знаеш, за да не тргнат по некој западњачки тренд, ама ете пак геј испаднаа. Што ќе кажеш?
Значи, НЕ Е МОЖНО некој да престане да биде геј или да го промените. Едноставно како што на момче што е стрејт неможеш да го присилиш да бакне и да биде со машко исто така и на геј луѓето неможете да ги промените да бидат со спротивниот пол. Незнам кој е толку глупав да не може да го сфати ова.
@Vitaly Имаш ли фетиши во сексот? Патем, јас мислам општествени отпадоци се криминалците, убијците, силувачите, педофилите, а не некој што се заљубил и сака личност од истиот пол. Кому му штети таквиот однос? Точно, имаше емисија како почнувајќи од делбата на два дела на мозокот, природно сме определени да одиме во пар, основно маж и жена, ама ете, хомосексуалноста е присутна, и нема што тука да се прави. Зошто животот да го поминеш огорчен и некомуницирајќи со своето дете поради вакво нешто, што не е негова вина? Дали би бил посреќен ако тоа го потисне, цел живот да мизерува во несреќа и да се ожени со жена, само за да ти бидеш задоволен? Се надевам ги слушаш родителите до максиум и живееш како што тие сакаат. Во спротивно, ставот ти паѓа во вода
Не се решава се со насилство. Ако некој е поразличен од вашите погледи не значи дека проблемите ги решава со насилство. Зборувам за медицинска помош. Има лек за тоа, како што може од здрав човек да направат хомо така и од хомо може да направат нормален, инаку не би го воспитал моето дете на начин да стане хомосексуалец нема потреба од помош.
Ај те молам кажи кај да се обратам за да ме направат лезбејка. И така не сум способна дечко да си фатам...може ќе ми се посреќи...
За тебе конкретно сме виделе на многу наврати низ темите колку ти се „ненасилни“ мислите и идеите, немај гајле А од кој стрејт човек тоа направиле хомосексуалец, ај просветли нѐ жити сѐ...?
Незнам дали имам навистина, сеуште сум невин. А и моментално приоритет ми се други работи како што се учењето, спортот и религијата. За се има одговор инаку, некој можеби криминалец станал со причина, немал можеби па украл од парите што ги крадела државата. Убиец? Убиецот исто може да биде човек кој тоа го направил со самоодбрана или во одбрана на некој друг. за другите две нема правда веднаш на бесилка би ги ставил и јас. За некој што се заљубил во личност од ист пол ете неприродно е според мене и многу други. Штети, некој гледа надвор што прават другите па за да биде кул тоа го прави и тој, се е до психата. Штети исто и сидата што ја се пренесува понекогаш и на невини луѓе за жал. Не не би бил среќен бидејќи знам дека нема да се смени ако не одлучи даа се смени. Не ги слушам до максумум но се трудам двете страни да сме задоволни. Ставот не паѓа во вода, тие ме научиле што е природно а што не, ме учеле и според религијата исто така што вели Господ, доволно е ставот да не падне во вода мислам дека.
Вау каков шок! Двајца момци се бакнуваат! Фрлете брзо светена вода на темава Не знам дали сте слушнале, омразата често доаѓа од стравот. Нека ви се стрејт децата, само нека не ни се мешаат на нас останатите во животите.
Може со кандило да поминеме низ темава? Имаме кандилце во ќошено за блудници, па мислам и овде ќе се најде.
Абе јас кога бев помала, едни две кученца комшијата ги чуваше, машки беа и еднаш така пред зграда ги затекнав како едното на другото ај да не кажам што му праеше.. и сеа, шу прајме? Иначе, еве стварно не сфаќам зашто уопште толава пажња им обраќате на овие што упорно тврдат дека се лечело и тнтрн пмпрн... јас искрено нивните мислења не ги ни читам, скролам на брзина и превртувам со очите, значи крај... да ни пребајат на сите под хитно ако не!
@Vitaly за тебе е подобро детето да испадне криминалец и убиец зошто така би го сфатил, отколку геј? Или погрешно разбрав?
Какви коментари очекувате од 15 годишно момче на тема: како ќе реагирате ако вашето дете е геј, освен инаетење и класично тинејџерско понашање. За да може да се замисли како родител, му требаат минимум уште толку години живот (не мислам дека тие што немаат деца не се компетентни да зборуваат на темава, ама 15 годишн тинејџери, не знам баш), уште многу искуства, и ситуации во животот... треба да научат која е правилната вредност на човекот и слично. На таа возраст мислат се што лета се се јаде, и не гледам оти се трудите да му објасните. Ќе го прашаме пак по 20тина години.
@jacqueline.s Немој сега да делиш предрасуди дека сите тинејџери се такви и јас сум тинејџерка па си седам и му се смеам цело време на тоа со лековите
Не, те молам немој да го сфатиш како навреда. Убаво е што има луѓе од сите возрасти тука... ама на ваква тема различни генерации си имаат различно мислење. И јас може мислев поинаку на 15 години, сега кога имам дете поинаку мислам. Убаво е да се дискутира, ама не би си трошела енергија да му објаснувам на момче кое не видело подалеку од кафе на голем одмор во најблискиот кафич. Кога животот ќе го поднаучи некоја лекција, мислам поинаку би дискутирал.
@Lella јас не спомнав животни и експерименти. Ако си по експериментите придружи им се. Ја зборев за децата како од мали нозе треба да бидат воспитани. А тебе би те советувала да одиш во црква и да побараш духовник па ќе ти објасни некои работи. Премногу излеговте од темата. И треба да престанете да напаѓате и навредувате членови кои имаат различни мислења од вашите. Нема да ни ги смените ставовите. Како можете да се исмеавате со религијата?
@Vitaly Сосема во ред е да имаш свој став, да си ориентиран кон религијата и слично, но знај дека нема потреба да се заморуваш со вакви прашања, од кои лично не си засегнат, на ваков начин, со вакви тези. Ако веќе изложуваш теории за експериментално и контролирано менување на сексуалната ориентација на поединец, убаво би било да поткрепиш и со докази или било какви факти, што си прочитал и каде, па да продолжи дискусијата во вистинска насока. И мој совет е, пред религијата, ставај ја рационалноста. Нема потреба од омраза, гнев или било какви негативни чувства за тоа што поединец решил поразлично да си го живее животот И да го прави од од што вистински така се чувствува, од тренд и лигавење или од трета причина, причината и животот се негови. Како што ти си одлучил да го живееш животот според една книга, така тој одлучил според нешто друго. Најважно од се е, да се стреми човекот да биде среќен и пред се, добра личност