Геј популацијата во никој случај не ми смета,но моето дете да ми каже дека е геј искрено не би ми било сеедно. Би ми било многу тешко,но апсолутно не би превзела никакви радикални мерки како што е бркање од дома. Би го почитувала изборот на моето дете(и да се бунам, бунтувам што и да направам сметам дека е залудно),но длабоко во себе би се осетила разочарано,непријатно,неубаво.
Тоа ми е најголем страв. -Мамо, морам нешто да ти признаам... -Што бе? -Геј сум. -Уфф, добро е. Злато на мајка, ја мислев во УМС си се зачленил.
Од лошо друштво ќе го тргнеш, мрзливо-вредно, се тоа има зошто и затоа. Повеќе работа со него, повеќе труд, навики се стекнуваат и наметнуваат. Ама хомосексуалноста не се наметнува. А љубовта е секогаш најбитна. Нотмално дека ќе си го сакаш детето, ако ти не го подржуваш нема некој од улица да дојде да му помогне!
Сите вие кои што сте со став мене геј луѓе воопшто не ми сметаат, ги поддржувам, ама моето дете ако е нема да ми биде драго и ќе се замислам малку... Прво разграничете си дека штом размислувате така, очигледно ви сметаат. Оти ако не ми смета другар ми што е геј, нема да ми смета ни моето дете. А вака смешно е што демек поддржувате нешто ама само ако се работи за рандом ликови а не ваши блиски луѓе. НЕ поддржувате и крај на приказната.
Како нема да се потсмеваат кога се декларирате како верници а врска немате од религија, прво нешто научете, прочитајте да имаат барем основно познавање па ќе нема простор за исмевање, всушност на глупавоста ви се смејаат. 10-те Божји запооведи.... Љуби го ближниот свој.............ти пишуваш дека детето ќе го избркаш од дома ако е геј, значи не го љубиш ближниот свој, кршиш една од основните Божји заповеди, значи не си верник. Не осудувај, не е твое место....................осудуваш, пак кршиш Божји заповед, не си верник. Не посакувај туѓо...........посакуваш, сакаш да управуваш со туѓ живот, кршиш Божји заповед, не си верник. Кога читам вакви теми срам ми е да се декларирам како верник кога гледам кој се се декларира како верник, страв да те фати од вакви луѓе, сериозно повеќе би сакала детето да ми е геј него религиозен фанатик, барем ваков какви што се на темава, би ме уништило знаејќи дека јас сум го воспитала да биде таков изрод. Носам деца во црква, ги учам да не лажат, крадат итн, се е тоа основна култура на живеење, ама како верник верувам дека секој има право да го живее животот онака како што сака, не е мое место да судам, осудувам, не мислам дека е грев да абортираш, не мислам дека е грев да си хомосексуалец, не мислам дека жената е сопственост на мажот и сепак сум православна христијанка.
Јас реков дека се потсмеаваат со религијата, а не со мене. Читај убаво. Една членка имаше ставено слика од света вода и си капнува од светата вода во око и се исмејава со светата вода, а не со мене (страна 11) . Друга става католички слики, не разликува православна од католичка слика.И ти најде да збориш за познавање на религијата? Смешна си А, ти дури ни 10-те Божји заповеди не си знаела точно да ги напишеш. Проучи ги подобро. 1. Пр. ако детето го избркам од дома не значи дека не го сакам, туку не го подржувам неговиот избор (прочитај ја петтата заповед) 2. Не осудувај, не е твое место (прв пат ова го слушам за оваа заповед) напиши ја точно не знам што си сакала да кажеш 3. Не пожелувај ништо што е туѓо- изнесов свој став, вие пробувате и посакувате да ми го промените ама не можете И треба да се срамиш што се декларираш како верник, а не ги знаеш добро заповедите. Каде прочита дека немаме познавања од религија? Нас православните христијани не нарекуваш изроди, зошто ви укажуваме каде грешите. Јас се срамам од личности како тебе кој оправдуваат аборус се сеќаваш на шесттата заповед НЕ УБИВАЈ.
Не се декларирам како верник, сум, ја гледаш разликата? Кој сте тоа вие православни христијани, каде ни укажуваш дека грешам, дека ќе си ги сакам децата без обзир на изборот на партнер? каде ве нареков изроди? Си кажав дека не би сакала моето дете да има такви размислување, такви предрасуди, да не се доследни на верата и да осудуваат иако тоа не е нивно место, да имаат омраза во душата иако верата не учи да ги љубиме ближните свои, за мене кога би размислувале како вие неколку тука што се декларирате како верници а всушност не сте би биле изроди, за моите деца си зборам. Абортусот на некоја си таму мене како човек, жена, верник не ме засега, зошто не би го подржувала правото на ѓената да си прави со своето тело што сака, нели Бог ни даде слободна воља?
Знам, не ми беше тоа поентата. Повеќе беше ко одговор на иронично мислење од понапред, мислам дека беше @Lella, за тие што се изјаснија дека би плачеле во себе и би им требала терапија за да поминат низ процесот, со коментар дека не е затоа што би биле загрижени за своето дете туку бидејќи им се срушиле очекувањата. А самите си се изјаснија дека би го поддржале. Поентата ми беше - многу јасно е дека секој, ама баш секој, има надежи за своето дете. Некој посакува внуци. Друг сака детето да му биде генијалец. Некој сака да го воспитува во христијански дух. Кој е проблемот? Нели неосудување, прифаќање, лав пис енд хепинес? Тоа најмногу ме фрустрира на вакви теми, (не толку) прикриени осудувања кога се трудите да обвините некој кој осудува. Ќе ги етикетираме, ќе ги направиме конзервативни и забегани, за нашето да победи. ______________ Оф топик: патем, присилување на детето да учи, опасен е тој пат, да си внимавате. Зашто и во тоа има екстреми од родители кои довеле многу луѓе до пороци и лудило. Исто ко екстремот во религијата, нели. А баш сакаме да зборуваме за екстреми.
Не би го избркала моето дете иако е геј, убиец, педофил, психопат или што било друго "неприфатливо" за околината. Зошто? Затоа што ЈАС сум му родител, ЈАС сум го воспитувала и растела тоа дете. Не велам дека би оправдала да е убиец и педофил, но не би го напуштила, туку би се обидела да му помогнам. Да ве прашам нешто, вас кои би го исфрлите, убиле, претепале детето ако ви каже дека е геј. Ако детето стане доктор на науки, успешна и среќна личност, тогаш со задоволство би ги презеле заслуѓите за неговите успеси како родител. Но, ако детето е било што друго што отскокнува од вашите идеали, зошто тогаш повторно не го вперите прстот кон себе???
Немам нешто против геј популацијата затоа што секој си има право на свој сопствен избор во животот. Меѓутоа, нема да ми биде сеедно доколку моето дете ми признае такво нешто. Ако природата му дозволи, би сакала да си има еден ден негово дете, мое внуче на кое ќе му се радувам на стари години. Но сепак тоа е што е и не знаеме што ќе ни донесе иднината. Какво и да е, мое дете ќе биде и кога-тогаш ќе се помирам со неговиот избор, не ни можам да сторам нешто ако така решил.
Никако. Ќе морам да го прифатам тоа. но само ако не збориме за мода гејство. А ако е до хормоните ќе се примети од мал.... Искрено за учење во школо за хомосексуалност не се согласувам. Едино ако речат ова е хомосексуалност и не е во ред вака ако ги учиш само ќе ги поттикнеш да експериментираат и да пробаат. не знам...може грешам ама не ми се допаѓа идејата хомо и школо..
@bittersweet доволно сме возрасни за да знаеме и двете на што и на кој мислиш со коментаров,заборавив веќе не е проблем помина.Не ти посакувам ти така да се почувствуваш. Да не бидеме веќе офф и така се бришат таквите мислења. Геј не сакам да стане синми од многу причини,ама ако стане ќе се убедам некако да го разберам. Ако можам,бидејќи јас не сум тоа Толку.
@Vitaly дете си, ај океј е што имаш некој си став, ама те молам не шири дезинформации. Гради си ги ставовите со реални работи. Научно докажани експерименти дека некого со хормони можеш да направиш геј НЕМА. Ниту пак дека со лекови можеш некого да го вратиш во стрејт популацијата. Пак ќе повторам ХОМОСЕКСУАЛНОСТА НЕ Е БОЛЕСТ. Што значи НЕ може да се лечи. Во 19 век, ваквите луѓе ги клукале со седативи и какви не тешки апчиња, и навидум имало резулати. Е сега да објаснам какви се тие резулати. Луѓето под тие апчиња губеле волја за секс, а не дека нивната сексуална ориентација се менувала. Фала богу во 21 век ова веќе ова е јасно во сите напредни земји. Инаку пак ќе кажам, не ве разбирам. Вашете дете никогаш немало да биде геј. Ко божем тоа избор е Му збориш на фетусот на стомачето и му викаш, мама и тато сакаат да бидеш стрејт, и да си имаме внучиња, и да има кој да те чува Вие како сакате воспитајте го, неговата сексуална ориентација нема да се смени. Па како прво тоа дете, ќе треба да потиснува и да лаже каква личност стварно е од страв од тоа дека нема да биде прифатено, и дека ќе биде избркано. Таква иднина сакате за вашите деца? Да живеат несреќно? Тоа е исто како геј пар решава да чува дете, го добиваат детето(постојат разни начини), и детево е стрејт. Дали они ќе може да го сменат? Не, а што е уште поважно они воопшто нема да имаат проблем со тоа. Дајте малку бидете разумни.
Ќе го врзам за стол ќе му мафтам пред нос со крст и ќе го истерам ѓаволот од него. Шега. Нема да ми биде сеедно, ќе ми биде чудно малку ама мое си е. Ќе го поддржам и ќе се трудам да го заштитам од општеството.
Постојат. Моите се такви за жал (пред да лупните некоја зелена, стрејт сум, не сум геј!!!!!) Ако ми се случи нешто вакво (скраја да е!) во никој случај нема да го исфрлам детето од дома и да го осудам (како шо моите би напрајле со мене да бев јас геј (пак ќе речам стрејт сум не сум геј!!!)). Нема да бидам најсреќната личност и родител на светот, ама нема да си го напуштам детето поради то шо е геј. Посреќна би била доколку е геј но ЧОВЕК, отколку стрејт но НАРКОМАН/СИЛУВАЧ/УБИЕЦ и сл.
Ај јас што кажав, кажав, ама кога ќе дојде моментот на запознавање.. Шала на страна, среќна сум што моите станаа некако поопуштени во врска со ова, сега знаеме и да се насмееме кога ќе стане збор за ова. Во почетокот имаше и прашања како "Кога ќе фатиш дечко", и тоа и ми беше најтешкиот период, кога моите беа во фаза на негирање, не знам дали мислеа дека не сум озбилна или па самите не можеа тоа да го прифатат, може мислеа дека ми е "фаза", ама јас веќе одамна ја поминав таа возраст и од мала сум свесна за мојата сексуална ориентација. Никогаш не го гледав тоа како проблем, дури и не чувствував и не чувствувам потреба да се кријам. Се гордеам со тоа што сум и секој ден се градам како личност, учам, работам, имам луѓе кои ме сакаат и поддржуваат. Нема да дозволам предрасудите да ме запрат, можат само посилна да ме направат.
Се гордееш со тоа дека си лезбејка? Кои се тие карактеристики на лезбејството на кои си горда, баш ме интересира?
@Црна Ружа Сексуалната ориентација сама по себе за мене не претставува причина за гордост. Тоа е исто како некој да се гордее што е стрејт. Јас напишав дека се гордеам со тоа што сум, со сите свои особини, доблести па и недостатоци. Тоа што сакам жени си е еден дел од мене, кој не сметам дека ме ограничува или па ми дава некакви посебни привилегии во животот.