Секако дека би го/ја прифатила. Неприроден ми е оној момент на аутирање/out of the closet, ама свесна сум дека се додека постојат луѓе ќе постојат и предрасуди. Замислете ја оваа ситуација, сите ние кои сме стрејт со страв да признаваме (на родителите, пријателите, непознати) дека сме тоа што сме, затоа што постои можност да бидеме отфрлени, избркани од дома и сл. Fucked up, right? Би било убаво некогаш во иднина (за жал мислам на ептен далечна. but I still hope) етикети да нема. Геј, стрејт, би, па уште и некои нови што "излегоа": пан, деми, сапио.. Ок i don't judge, понекогаш луѓето сакаат етикети за подобро да се разберат себе а и (со надеж) да бидат подобро разбрани од другите. Иако според мене ваквите многубројни етикетирања водат до поделби на "нормални" или "ненормални". Сексуалната ориентација е она што е. Не ме прави нормална тоа што сум стрејт. Ме прави - стрејт. За мене ненормална е суровоста, злобата, кои водат до (само)уништување, насилство, војни. Таа темна страна на човештвото ме плаши. A човек кој има ваква или онаква сексуална ориентација претставува само дел од таа личност кој е сосема НОРМАЛЕН.
Мене многу ми сте лицемерни оние кои велите жално е колку деца има по улица, жално колку родители не можат да имат деца, а велите дека вашето доколку ви соопшти нешто што е надвор од вашите гранци на сфаќање, ќе го исфрлите на улица. Двојни стандарди. Не бива. Мене на прво место ќе ми е среќата на моето дете и јас ќе се трудам да направам се што е во моја моќ да му ја овозможам таа среќа. Не е битна мојата среќа, не е битно моето замислување на совршен живот, а најмалку се битни Рајко и Петка што мислат дека имаат право да кажуваат кој со кој треба да го поминува животот. Ако ми соопшти такво нешто мене попрво би ми било криво што тука сите ќе го гледаат попреку и ќе се трудат да го навредат на било каков начин. А тоа што ќе одбере животен партнер кој за него е среќа и тоа од ист пол, мене ич нема да ми е криво. Не знам како се замислувате дека сте многу добри мајки со тоа што велите дека ќе го исфрлите детето на улица. Тоа ни под разно не ве прави добри родители па што сакате правете да се убедите. Детето е твое и моето ќе биде мои па јас треба да сум таа што безусловно ќе го сака. Малку надвор од темата, јас имам родители кои се слободоумни, ама не толку многу, како и да е во маало имам такво лице кое е доста малтретирано од дечишта без култура и родители со уште помала култура. Па лично мајка ми застана еднаш во негова одбрана и ја прашав после тоа што би направила доколку и кажам дека сум геј и ми рече „Што треба да направам, тоа си е твоја работа, ама знам дека нема да дозволам некој да те малтретира поради тоа.“ Што знам за мене ова е мајчинска љубов, а вашата со исфрлување на детето...не знам баш. А и само сакам нешто да кажам, одамно е докажано дека оние најзакоравените хомофоби уствари се тавки оти си ги прекриваат своите нагони и тоа им ствара бес, што ги привлекува ист пол, а не сакаат.. Имало еден куп случаеви, така да вие што толку ги мразите, може треба да се преиспитате зошто. Оти некој што нема никаква штета од рандом луѓе кои се изјасниле како геј, нема ниту потреба толку да ги мрази, едноставно не го засега туѓ живот, па вие што имате проблем мислам дека треба да го откриете коренот. Оти мислам дека не би сакале некој вам да ви кажува со кој треба да имате секс и со кој да го живеете животот, а за кажување на друг први сте.
Првин ќе прoбaм дa му пoмoгнaм тaкa штo ќе гo oднесaм нa психијaтaр зoштo мoжеби си умислил нештo, a и ке прoбaм сo хoрмoнскa терaпијa. Акo не му се пoдoбри сoстoјбaтa ЌЕ СИ ГO ПРИФАТАМ кaквo и дa е!
Дa се иде нa психијaтaр не е нaсилствo и не е кaзнивo делo дa се иде нa дoктoр секoјa сoвременa и емaнципирaнa личнoст иде нa кoнсултaции!! И дa aкo стaнувa збoр зa мaлoлетнo лице ,пoтoчнo зa секoе деликтнo делумнo лице aкo знaеш штo е (деликтнa спoсoбнoст) у билo кoјa пoстaпкa oдлучивa рoдител. Сo нaпoлнети 18 гoд сaмo oдлучувa Инaки имaм другaри штo се геј не ми пречaт, aмa сo нaвременa интервенцијa мoже дa се стaбилизирa сoстјбaтa, дoдекa дететo е сеуште вo рaзвoј, имaм ученo вo врскa сo тoa и зaтoa мoјoт пoст беше нaсoчен вo тoј кoнтекст!!! Нaсилствo е сoсемa другa дискусијa.
Хомосексуалноста се повеќе се поврзува со покачен тестостерон кај жени,а намален кај мажи. Со хемијата во едно тело нема играчки,помоќна е отколку што мислиме. Прочачкав по интернетов,баш ме интересираше дали е болест.
Не знам дали сум пишала на темава , еве ќе пишам сега , во случај да имам пишано мислењево нека биде избришано Доколку детето ми соопшти дека е геј , јас прво ќе поразговарам со него . Ќе прашам дали со сигурност се чувствува така и колку долго трае тоа . Секако ќе си го прифатам . Па какво е такво . Мое си е
Си слушнала нешто ама не си дослушнала, ко прво кој деликт е сексуална определба, размисли малку пред да тропнеш нешто, ко второ на 14 години се стекнува деликтна способност, во некои случаи ако судот одлучи така може и од 7-14 год да се докаже дека постои деликтна способност. На темава, ќе го прифатам и ќе го поддржам и помогнам колку што можам, дека ќе ми биде сеедно па и нема баш, ама тоа е што е, не можам ни јас, ни тоа да бира што го привлекува сексуално.
Mене ме занима.Кога ќе се роди некое новороденче освен што викате да биде живо,здраво и да расне со мајка и татко.Потајно си велите да не биде геј?????Мешате баби и жаби.Религија со сексуална определеност.Никој не може да му забране на некој друг кој да љуби,кој да сака.Па без разлика дали е од спротивен или од ист пол.
Не сум слушнaлa туку знaм ! Знaчи не беше спoмнaтo сексуaлнa oпределбa у кoнтекст нa делкт!! Туку зa нaсилствo и пoсетa нa лекaр. Првo прoчитaј убaвo пa демaнтирaј! И дa вo пoстaпкa мoже дa се дoкaжувa декa лице oд 7 дo 14г имa деликтнa спoсoбнoст .
@lunchy значи вака, ако со сила го тераш да оди на психијатар да пие хормони и што ти не, тоа е еден вид на семејно насилство и ТИ во тој случај можеш да одговараш за деликт, не можеш да одлучуваш за тоа иако е лицето малолетно, за тоа лице бидејќи нема деловна способност можеш да одлучуваш само за работи од правен промет, сексуална определба не спаѓа во правен промет и немаш право да се мешаш таму, нит па ќе го промени тоа психијатар.
Од кога лечењето стана насилство? + психичко болно лице ако е на пример по никоја цена нема да прифати сам да се лекува па мора родителот нели. Сеуште не сте Америка не ги промовирајте нивните закони. Додека детето е малолетно тука родителот одлучува, сакале или не.
Ама хомосексуалноста не е болест и не можеш да ја излечиш, со психата се е во ред, само како што хетеросексуалец е со лице од спротивен пол, хомосексуалец чуствува љубов, и има сексуални односи со лица од ист пол, а во сите други сегменти од животот си размислува и расудува како и било кое друго човечко суштество. А правна, деликтна и деловна способност се основни принципи кои што ги има во секој правен систем, јас тука на факултет ги учам, не во Америка.
Дa, нo јaс немa сo силa дa гo терaм. Рoдителски рaзгoвoр зaснoвaн нa другaрскa бaзa е сoсемa дoвoлен зa дa се дoпре дo дете.
Како што кажа погоре @MamacitaBuena ЛББТ лицата имаат хормонски дисбаланс. И тоа е многу заебана работа и не се контролира психички. Мене повеќе ми е помислата како се повеќе и повеќе се појавуваат геј лица. Има 2 причини 1. До сега не кажувале дека се геј поради стравот од предрасуди, па сега тоа е тренд до некаде па имаат повеќе слобода па никнаа толку. 2, Или навистина нешто не штима у животов па имаме такви ефекти. Мое мислење се и 2те до некаде. Но повеќе 2 рата причина. Замислете го животот на младите денес, или оние кои скоро станале родители ( 1о години +/- ). Баш е кул да се пијанчиш, дрогираш, да се храниш лошо, стрес предизвикан од овир предхони набројани ствари и плус психички стрес. Така што староста се гради во младоста. После овие причини не ме чуди од ваква младина сега ( стари во иднина ) да имаат пореметени деца, дали ќе се геј или нешто слично. Но во суштина од родителите се пренесува на децата. така да здравата нација треба да се гради, а не да се остави на сплет на околности. Да одговорам на темата: Па иако не се надевам на такво нешто. но и да се случи детето да ми е геј океј. Тоа не го спречува да биде европски првак во шах. Како и да е, одиме напред јако П.С. @MamacitaBuena жими се твоето име прво ми се прочита МамицатаБуена , и се изнасмеав. Иако не е така, ова си го прифаќам како добра кованица :rofl
@Читател На кој начин хомосексуалноста ја ставаш во иста реченица со дрогирање, пијанчење и сл.? Очигледно сметаш дека хомосексуалноста е настрана работа и треба да се искорени како горенаведените работи? Дали навистина сметаш дека едни родители можат до толку да си ги испрограмираат децата да не бидат геј, да не се дрогираат итн.? И каква ќе е таа здрава средина каде покрај искоренувањето на наааајголемите зла на светот (дрога и алкохол нели) ќе се искорени и хомосексуалноста? И тогаш сите ќе си живееме среќно и весело? Ти се молам. И искрено, од ова што го прочитав, ми личиш на човек кој попрво би се молел секоја вечер да не му е детето геј, или уште поверојатно би го ,,воспитувал" да не е, отколку да мора да го прифаќа после.