Ќе биде паметно ко мајка му и нема да му го перат паметот ко на овците што им прават Инаку на улица ќе заврши. Или ќе го задавам... Не знам. Ќе размислам. Или на тераса ќе спие
Da bese gej sigurno nemase da zasluzuvam, ama za sreka ne e. Pa mozam da se definiram kako dobra majka.
Што пак има врска колку години има девојчето кога размислува минимум 50 пати потрезвено од тебе? А што ти знаеш за нив, без разлика колку години и да имаш? „Неизбричена феминистка“ - од ова најмногу се гледа колкав капацитет имаш, а да не одиме подалеку. Најинтересно е тоа што од сите тука баш вие наоѓате да продавате морал, а не гледате дека токму она кое го зборувате е најужасното, најодвратното и најгрешното во ситуацијава. Најголемите „верници“ кои се повикуваат на религија за да си ги оправдаат закоравените и насилни убедувања лајкнуваат мислења како би си ги задавиле или избркале децата, и оди после срами се да кажеш дека си верник. Па ќе се срамиш, кога автоматски ти ја брукаат и верата такви личности. Не значи дека сѐ што вашите мозоци не го разбираат е погрешно. Баш напротив. Познавам личности кои се геј, познавам би, познавам пан. Тие се само луѓе, колку што сум и јас човек. Различните сексуални определби не прават никаква разлика меѓу нас. Се вртеше низ нетов слика на надгробна плоча на војник, со натписот: „when I was in the military, they gave me a medal for killing two men, and a discharge for loving one.“ Пред да речете дека е нормално убивањето, војните и насилството, застанете и размислете малку околу реченицава. Што знам, можеби ќе допре до некој дел од вас, да ве натера да размислите околу вистинските човечки вредности, и она што навистина не е нормално и навистина треба да се етикетира како такво.
ме заеба сеа Не е лошо да прочиташ што значи сурогат мајка, чии гени носи тоа дете, како е створено, и слично пред да лупнеш нешто. И прекини да спомнуваш непостоечки деца. Ти сам си кажа за твоето непостоечко дете па затоа те цитираат другите, а јас НИКАДЕ не спомнав за моите непостоечки деца, така да пази што зборуваш. Ај имај убав ден и Господ да те чува да не ти се роди лезбејка па и плус сдсмовка
Ајде бе луѓе оладете малку. Кој како сака нека прави секој си има свој начин на размислување. Нивна ствар. Тоа дали е нормално или не има самите си знаат најдобро. Иначе.. Јас појма немам како би го прифатила тоа. Но, ајде да речеме познавајќи се себе сигурно пак би го сакала тоа дете најмногу на светот. Би била можда на почетокот лута и разочарана додека се навикнам дека тоа е тоа. Ама Боже мој, па живот иде даље. Не можеме ние да диктираме како ќе живееме и што се ќе ни се случи. На крај краева битно е детето да е добро, здраво, чесно. Затоа што неговото сексуално определување не го карактеризира како личност, туку неговиот карактер, неговите вредности, неговото однесување спрема останатите. Што дека се некој стрејт кога излегуваат сто пати поголеми психопати.
Исто ко бремените жени кога викаат: кога ќе се роди моето дете има да спие и јаде со ред, нема да плаче по цел ден и што ти знам уште што. Некогаш, додека не дојде одредена ситуација во животот не знаеме како ќе реагираме. Може да имаме општ став или замисла за нешто, но како ќе реагираме ни самите ние не знаеме. Не само за темава , туку општо за повеќе различни теми во животов.
Прво ќе си кажам да е живо и здраво, а второ би ми било тешко не поради фактот што е педер, туку поради фактот што ќе се соочи со многу проблеми од околината и самиот ќе биде нервозен и тажен па затоа и јас. Ете тоа е некое мое што би било кога би било размислување.
Како беше тоа, јас сум те родила, јас ќе те утепам! На темава, би прифатила и би дала целосна поддршка..
Мислењето може ќе биде избришано може не ама ете да се изјаснам пошто бев прозвана. Како прво едно е мое мислење за тоа како ќе реагирам и дали ќе прифатам мое дете како геј, сосема различно е како реагирам на геј популација. За мое дете ситуацијата е поинаква, емотивно ќе пристапувам како родител кој има поинакви очекувања за своето дете. Геј популација нема никакво влијание во мојот живот, ниту ги дискриминирам ниту ги навредувам реков тоа го сметам за лична сексуална определба, свесна одлука! Секој се побуни за онаа операција за полот мојата реакција беше баш ми е гајле, тоа нема никаква поврзаност ни влијание со мојот живот, кој како одлучил така нека живее. На крај кога веќе сте со отворен ум и некој ги почитува вашите мислења и ставови за тоа како би го сакале своето дете и би го поддржале воздржете се од коментари и навреди за секој што има спротивно мислење од вашето посебно најмалку треба да сфаќате се буквално и да оценувате нечие мајчинство или да одредувате дали некој заслужува да биде мајка или не. Ако дискутирате изјаснете став и мислење, ако реплицирате факти на маса не наметнување на мислење, убедување и навредување.
Геј е право на избор, геј е слобода, геј значи да се биде свој понекогаш. На 90% од луѓето не им пречи хомосексуалноста како таква, туку геј парадите и покажувањето во јавност. Јас сум стрејт и не сакам да се лигавам по улица, а и вистинските хомосексуалци не претпочитаат геј паради. Имам најдобар другар кој е геј и е супер прифатен и од моите. Најпрвин реагираа малку балкански, ама сепак го гледаат низ призма на неговото срце, колку искрени чувства има кон нив, секогаш фин, културен и позитивен. Во врска со урлањата дека ќе си го исфрлат детето од дома ако е геј, се ежам. Се ежам поради фактот колку егоистични човечки креатури постојат. Ако човек сака да створи потомство кое безусловно ќе го сака ниту во милисекунда би помислил да го исфрли или истепа детето од дома поради некоја негова одлука. Особено поради одлука која не штети никому и е негова лична приватност. Ако некој не е спремен да прифати дека детето му е геј, тогаш тој човек си има проблеми со себе. Човек кој сака детето да му страда само затоа што така функционира ова поднебје, и нели срамота е од комшиите да донесе дечко дома. Или девојка, ако станува збор за лезбејки. Човек кој има сериозни комплекси. Нејсе, не е убаво да се задлабочувам, ќе излезе дека се служам со навреди. Ако секој еден човек работи на себе и размислува подлабоко за својот живот, определби, што очекува и што посакува пред да стапи во брак - тогаш ако тој човек сака да створи потомство ќе биде подготвен безусловно да си го сака. Можеби на почеток ќе делува чудно, ама со тек на време ќе се прифати. Малку урлање е во ред, од таква околина доаѓаме, ама драстични исходи од типот бркање од дома , не почитувам. Ако не сте подготвени да си ги сакате децата, не ги креирајте. Чуму им е животот на тие деца ако растат без љубов? Што се однесува пак до она дали јас би прифатила ако моето дете е геј - да, тотално. Не затоа што сакам да глумам модерна мама која е еманципирана, туку затоа што е мое дете. Па и да не е мое дете, секој си има право на избор. Јас ако креирам потомство ќе го создадам за да го сакам, да му помогнам и да му го олеснам животот додека да застане на свои нозе и да израсне во изградена личност. А под изградена личност спаѓа и неговата сексуална определба. Да се биде геј значи дека човек се истражувал себе си и знае што сака што е многу океј.
Многу ми е смешно кога читам коментари од типот "уште од мали ќе ги советувам ќе им зборувам или пак уште од мали нозе ќе си бидат религиозни" ако човек е роден геј ни школо ни религија може да го смени тоа. Мене ми е најважна среќата на моето дете, ако тоа ја прави среќна и задоволна и јас ќе бидам среќна. Неможам да разберам зошто гледате на геј личности како да се од друга планета. Можда ќе бидам офф топик ама ме интересира дали би биле по среќни ако детето не е геј а е во врска со личност од друга религија или друга боја на кожа или и во овој случај пак ќе ги бркате од дома?
Шта речи а не заплакати. Понекогаш си мислам дека некои коментари од толку што се игнорантни, од инает се напишани колку само да се крева врева и вжештува дискусија. Ке реплицирав погоре на одредени личности ама сфатив дека нема фајде. Балкански менталитет, шта чеш. Нема докажување, само се надевам сите овие што вреват и би линчувале сопствено дете само поради сексуална определба, да не го доживеат тоа, не за нив него ради траумите на детето што ке му ги нанесат. Жално е колку личности поради вакви нечовечки чинови од најблиска фамилија која треба да е тука да те поддржи па и да застане зад тебе кога најмногу ке ти е потребно тоа понекогаш го поминуваат цел живот несреќни зад маска само да ги задоволат хировите на мама и тато. И не само тоа што тие го живеат цел живот празни за некој друг да биде спокоен туку вовлекуваат и други во цела таа илузија, создаваат и потомство, а за сопружниците да не зборам. И сето тоа поради хировите на мама и тато кои мислат дека потомството што го створиле ке го движат како кукли на конци онака како нив што им одговара. Некои погоре рекоа дека нема можеби да прифатат на почеток, некои рекоја ке урлаат па ке прифатат подоцна.. јас не сум ни за тоа. Во ниеден момент не би сакала да направам мое дете да се чувствува како фрик само поради тоа што е различно на било каков начин, затоа што и тоа остава последици. Ако јас урлам дома кога ке ми каже, а на било која индивидуа и е тешко да го признае тоа и прашање е колку време се спремало да го признае тоа.. што останува за околината која и така знае да биде сурова. Кој ке му даде цврстина и поддршка да се избори со негативните реакции и осуди од страна ако не родителот? Кој ке му даде ветер во грб да се изгради во цврста и среќна личност незасегната од туѓи небитни ставови? И не станува тука збор за еманципираност, колку смешна изјава.. како поврзувате еманципираност со емоционална интелегенција и прифаќање на нешто нормално? Можеби е различно, ама дека не е нормално.. далеку од тоа. Отворете го умот и срцето, па можеби ке се намали нивото на овој бран бесцелен хејтеризам и фрустрација што се пренесува од генерација на генерација. Пренесете нешто добро на сопственото потомство барем ако не на друг.
Се надевам дека еден ден нашите деца ќе можат да живеат во општество каде што нема да има потреба да изјавуваш дека си геј. Човекот си е човек, без разлика на својата сексуалност. Ова не ги дефинира нив како лоша или добра личност. Луѓето што се припадници на ЛГБТИ имаат срце и душа, Господ им дал мозок, ама изгледа на некои хомофобични луѓе не, па затоа се спремни на откажување од своето сопствено дете.
Како ќе изреагирам? Ќе му честитам и посакам да се долго заедно. Ама, ќе ме боли тоа што нема да биде прифатено од околината и дека многумина ќе го осудуваат и тоа без причина. Многумина не знаат што значи родителството. Тоа не значи да му кажуваш на детето како да живее туку да го воапиташ правилно, да му пружиш среќно детство и да израсне во здрава и зрела личност способна сама да носи одлуки во животов. Жал ми е колку некои родители се ограничени и со ниски и прости мислења.
Па... Што има тука да се реагира Искрено, не би сакала мојот син да го работат ама па сеа ако така он одлучил и тоа го прави среќен... Што би можела освен да продолжам да го сакам. Сепак не знам како е да се биде родител. Можеби кога ќе родам поинаку ќе размислувам