Би се разочарала, тоа секако. Но со раѓањето на дете треба секој поединец да биде свесен дека создава нов живот, нов карактер, нова индивидуа. Го подржувам тоа дека родителот треба да ги постави границите на не/правилно, не/морално и слични воспитни мерки уште од најрана возраст за тоа дете да живее по некои принципи и дадена основа, но сепак е негова одлука која би ја прифатила но не би ја поддржала. Доколку дојде до ваква работа, би посакала се најдобро, би поразговарала, советувала, но не би сакала да бидам сведок на церемонии, семејни вечери, гостувања по дома и никакви такви блискости бидејќи сепак се коси со моите ставови и размислувања.
Ќе се самозапалам, на плоштад! Како да реагирам? Исто како што би реагирала да е стрејт. Мамо, имам девојка. Во ред ќерко, донеси ја на ручек да ја запознаеме.
Ќе се дамлосам прво, ќе останам без зборови, ќе ми се згрчи душа и срце..и незнам, не дај боже...ќе ми се уништи иднината на животот, сите мои очекувања
Баш тоа... твоите очекувања. Шо ги тркалаш очекувањата на чедото твое... пфф... битно е твоите очекувања да се исполнат.
Оффф леле, солза ми капна... Not. А кои се тие твои очекувања кои би биле уништени ако детето ти е геј? Сите твои очекувања за твое дете ти се да има деца и традиционален брак? Каде е неговата/нејзината среќа?
Ќе си го сакам исто, ништо нема да се промени, само ќе ми биде жал што ќе треба да се справува со хомофоби како некои од овие што коментираат...
Јас сум стрејт, ама ако моето дете е хомосексуалец/ка, ќе го прифатам. Тоа на крајот на краиштата е мое, какво и да е. Ако е среќно што има партнер од ист пол, тогаш која сум јас да му ја расипувам среќата?
и тоа е љубов..зашто да не прифатам? и самата имам искусено нешто со исти пол...само ке ми биде страв заради денешниве менталитети да не им наштетат...имам другар што е геј...има јадено многу ќотек од таков низок менталитет на луѓе....за нив е нормално маж жена и деца....никако друга слика...
Огромно е разочарувањето кај детето што ќе се соочи со неприфаќање од страна на семејството, во било кој поглед! Амбиции(пеење, глума, сликарство), пријатели, сексуална ориентација итн. Се јавува ниска самодоверба, па чувство на безвредност, потешкотии во социјализација... и се знае каде води тоа, зборувам од искуство, но и читајќи ги претходните објави гледам дека на родителите им е важно потомството да им го тера филмот, никако нешто што може да ги “посрамоти” пред јавноста. Од мене, моите деца би имале максимална поддршка! Не ни треба да сметаат на тоа дали ќе прифатам. Ставете се на нивно место и помислете како вам би ви било кога би ве избркале од дома или би ви се заканувале по живот, сопствените родители, камоли некој друг.
Јас би сакала да дочекам внуци, ама ако синовите решат да не ми удоволат, т.е. да бидат со некој од нивниот пол, ќе ги поддржам. Иако нема да ми биде сеедно. Нивна одлука е тоа.
Се додека имсме вакви размислувања, дека децата треба да ни ги исполнат очекувањата, кои обично се сѐ она што ние не сме успеале да го направиме, ќе си тапкаме во место. Он топик, немам изграден став како би реагирал. Ако стигне до тоа, тогаш ќе мислиме. Уште од сега ја учам дека секој е одговорен за сопствените одлуки. Нејзин живот, нејзино право.
Не сакам да имам деца, но ако некогаш во животот ги добијам поголема е веројатноста дека ќе бидат геј отколку стрејт.. Мислам, покрај олку "луда" мајка и друштво во кое сум единствената стрејт, ништо не би ме чудело. Дури и ако имам ќерка, повеќе ќе ја храбрам да биде лезбејка отколку хетеро. Зошто некој со голем алат да и го крши срцето? Се шалам, ќе и дозволам да биде апсолутно што сака. Што се однесува до влијанието oд околината, доколку некој ја задева ќе ја учам како да постапува. Истите правила ќе важат и ако имам син, само него нема толку да го учам каков фидбек да има доколку некој од врсниците физички го провоцира, зошто сам ќе знае.
Со оглед дека во МК има сеуште луѓе кои веруваат дека хомосексуалноста е болест и се лечи, незнам баш колку ќе ми биде сеедно. Не зборувам од аспект на сексуалниот избор на детето, туку од околината со која ќе се справува во ова наше заостанато општество. Да е живо и здраво само, останатото не ме интересира.