@WildMk баш убаво што си имате отворен однос со ќерка ти и може за се да зборувате. Геј, стрејт, би, пан.. кои се родителите да му се мешаат на детето во интима??
Хомосексуалноста не може да се скрие уште од најрани години. Како би реагирала ако приметам дека син ми дава знаци дека е хомосексуалец? Па да славам сигурно нема. А дека ќе ми биде криво-и те како ќе ми биде. Сепак тоа е мое дете. Без разлика на се мојата љубов кон него ќе е безусловна. Секој родител треба да си го сака детето без разлика дали ќе земе маж жена или крокодил. Тоа е негово дете. Тоа е мое дете. Излезе од мене. Бевме едно. Секогаш за се ќе ја има мама без разлика дали ги исполнува моите замислени критериуми. Родителската љубов не треба да познава граници.
Така мислиш. Испитување хормони, хормонски терспии, разговор со: психолог,психијатар, психотерапевт... Има многу начини да се делува. Се што не е природно постои начин да се врати во нормала. Недај Боже да дојде до овa, небо и земја ќе превртам да си оправам детето.
Спојлер: ОФ ТОПИК - ПАНСЕКСУАЛНОСТ Читав што сте пишувале за пансексуалност и бисексуалност. Бисексуалност може да значи привлечност само кон мажи и жени, но општата дефиниција е привлечност кон 2 или повеќе полови определености. Исто така тие може да имаат преференции (пол кон кој повеќе се привлечени), различно се привлечени итн. Пансексуалците не гледаат пол или полови определености. Едноставно нивната сексуалност е „слепа“ кон тоа. Што значи дека ги привлекуваат сите полови определености на спектарот. Само сакав да го расчистам ова зашто некој беше кажал дека бисексуалците се привлечени кон мажи и жени, а пансексуалците и кон транс луѓе - но тоа нема смисла зашто транс мажи и жени се мажи и жени.
Петра а што ако има 18 и не сака да се промени? Не се контрам, си правиме муабет. Можеби и попаметно е да се проба да се смени неголи да се прифати ситуацијата каква што е. Но што ако ете не сака?
Знам дека прво јас ќе се превртам сама себе, па ке барам начин, ама крајниот резултат сум сигурна дека нема да биде ,,ок мамо, од утре нема да сум геј,, Кога родителот ќе го разбере овој податок за своето дете е веќе отидено далеку со хомосексуалноста. Да се дополнам, знаете ли како реагираат пак децата кога нема да ги ја прифатиш нивната ,,лева,, сексуална ориентација? Го губиш за миг !
Ќе најдам начин да го сменам сето ова. Со отворен разговор секој проблем се решава. Ќе бидам најдругарски настроена со него, како што мајка ми била со мене. Ем конзервативни размислувања од нејзина страна, ем најдобра другарка на која без срам можев и можам да и кажам се, да најдеме заедничко решение. Ако самото дете гледа дека родителот е "несреќен" заради него, мислам ќе проба да смени нешто, бар јас така правев за моите родители.
Тоа е склоност. Тоа не се ни лечи ни третира. Таков се раѓаш!!! Ете заради тебе ќе се ожени/омажи и на страна ќе си има паралелна врска со нркој кој навистина ќе го сака, ќе живее двоен живот, ќе биде фрустриран, лош сопруг/сопруга па и родител... и тука имаш уништени животи на жена му/ мажот и, децата кои кога тогаш ќе разберат... ама битно ти да си среќна како мајка!!!
И јас да бев геј и некој да ми трубеше цело време ко тебе дека не е океј, ќе му кажев дека сум станал стрејт само да ми се откачи од глава.
Сериозно мислите дека хомосексуалност се лечи? Сериозно?! Па ајде вас нека ве излечат/заболат и станете геј. Може? Не. Вакви муабети од млади жени во 21 век..за неверување е.
Кога мајка раѓа дете и велат: "Честито, добивте ќерка" или "Честито добивте син". Подоцна тоа дете наеднаш решава да стане од маж-жена и обратно. Да било нормално ќе рече: "Честито добивте ќерка, може така ќе си остане, а може ќе реши да премине во машки пол". Не бегајте од законите на природата. Апсурдно е. Жена и маж се размножуваат. Толку!
Пушти @nena2010 , на кого објаснуваш. Тоа нема капацитет да разбере нешто поразлично од напишаното библиско. Толку од христијанското прифаќање на поразличните, хипокрити едни. Ги жалам однапред твоите деца Петра. А шансите да имаш дете геј се 50-50. Среќно
А бе никој нема да скока од радост, не дека ќе се срамам боже мој нит убило некој ниту силувало ама ќе ми биде тешко за него/неа во оваа наша глупава средина. Ќе му бидам подршка. Ќе го јакнам како личност. И само нека е среќено.
Мое мислење е дека не може туку така да се промени тоа. Посебно ако детето веќе не е дете туку тинејџер. Мајка ти имала среќа што си била таква но повеќето тинејџери со хормони до плафон... Не знам..
Така размислувале и претходно па ги носеле децата по болници и на електро шокови па потоа детето станало зависник или избегало од дома, се самоубило во краен случај..... Хормонска терапија...какви пореметувања здравстевени може да настанат од пиење хормони. Детето треба да се смени затоа што родителот е несреќен woow! Јас како што знам не раѓаме деца само за да не прават нас среќни, ама очигледно секој со своите причини за имање деца.
Далеку од тоа дека ќе се помирам и ќе бидам среќна. Сигурна сум дека секој ден жива ќе се јадам, ама тоа е тоа... Подобро да си го прифатам детето какво што е отколку да го изгубам. И така хомиќите средината ги исрфла (и никого неможам да обвинам поради тоа, секој си има право да си одбере во каква средина ќе вирее па моето дете со ориентацијата му пречи) зошто и јас да го исфрлам?