Oна не размислува во правец, таа да се смени за да детето и биде среќно. ТУКУ детето да го промени, за да она била усреќена и да ги задоволи нејзините критериуми. Комплекси до плафон
Бар си признаваш дека поважни ти се твоите каприци отколку неговата среќа. Родителство левел експерт.
Јас со ништо не сум ги разочарала родителите, напротив, со секој мој избор и чекор напред сум гледала како се гордееле. Нема поголема среќа од тоа родител да изнесе на прав пат дете, а сите знаеме дека хомосексуалноста не е прв пат. Колку сакате негирајте, освен ако и самите не сте такви. Ако вие сте себични и заборавате што се сториле за вас.... @Lella ако може да добијам одговор на едно прашање. Во една тема прочитав дека не планираш да се мажиш. Потомството планираш? @violetblue илјадници жени примаат хормонски терапии, фала на Бога живи и здрави.
За тие кои велевте дека ќе носите дете на психијатар, психолог, психотерапевт ако детето ви е геј, транс или слично - не учиме како да конвертираме геј во стрејт, for the record. Не не учат тоа, туку напротив, не учат како да ги прифатиме и на терапија да се осетат како секој останат човек зошто тоа и се. Јас радо би да зела родител на терапија за да престани да е токсичен и да му штети на детето. Очигледно, не секогаш родителот му мисли најдобро на детето.
На скоро сите теми каде РОДИТЕЛ треба да одговори за НЕГОВО ДЕТЕ, најгласни се оние кои сеуште не се родители Нека си пишуваат, ама нивниот одговор е за во тема со наслов ,,како би реагирале во иднина кога ќе станете родител и кога детето ќе изјави дека е геј,, И знам...ќе речете дека немора да се проба торатата за да се знае дека е блага, и без пробување го знаеш тоа Ама ,,вкусот,, на неубавите работи кој ја остава гордоста на родителите во втор план пред она што најмногу го сакаат на цел свет-детето-НЕМОЖЕ да го осетите. Затоа ако веќе тврдите нешто, а не сте го поминале патешествието-родителство, пишувајте со резерва, зашто никој никогаш незнае што ќе му донесе детето дома. Постов не ми е наменет за да дисквалификувам членови кои не се родители а пишуваат постови, напротив, убаво е да се прочитаат секакви мислења, ама сакам да напоменам дека трескањето во гради некогаш може да здоболи Со цела почит кон постовите на секоја членка овде
Ne normalno deka ne bi sakala deteto da se drogira i vandalizira, praam komparacija za roditeli sto se potresuvaat poise ako e gej nasproti ovie devijantni pojavi za koi seriozno treba da se zagrizeni.
@theowndemon, тоа сакав да кажам и јас. Уште не сум слушнал за психолог што лечи хомосексуалност. Ако отидеш со таа намера кај добар психолог, најверојатно веќе никогаш нема да добиеш термин. А ова со хормонска терапија... Шта речи. Колку луѓе знам што си фатиле работа со тие хормони и на крај потрагично завршиле. Сакале детето да им е среќно. Не, не сакаш.
@referentka во право си, поќето тука не можиме да збораме зошто не сме родители ама знам дека сите кои пишавме дека нема да им преречиме дека навистина нема. На прашање "зошто" одговор би бил ние растиме во генерација каде луѓе сакаат да експериментираат и не се плашат своја сексуална ориентација да ја споделат со пријателите, за разлика од порано каде се криеле каде- каде повеќе, а не дека бројка на хомосексуалци била помала. Затоа е потешко за некој од постара генерација да види како тоа влијае за некој кој излегува пред родители зошто порано се криеле до крај. Јас како девојка од 22, набљудувам, можам да видам колку се плаши девојче да кажи дома за дечко да не викаат, а не пак девојче да кажи за девојка. Цело тоа викање влијае негативно врз детето, неприфаќањето останува како траг долго. Колку и на некој родител да не му е сеедно, во тој момент не смеј да го искажи тоа, ако вистински го сака детето и неќи да му наштети. Дури и да ми пречи кога детето ќе ми кажи дека е геј, што лично не вервам ама секогаш оставам простор за "можеби" ситуации, јас нема да сакам тоа да го искажам и ќе пробам да му сум максимална поддршка. Сакам да сум оној родител кај шо детето нема да мора да ми соопшто што го влечи туку само да ми кажи кој човек го влечи и да прашам кој е, како е, да пооговараме како мајка и дете, и ни на момент да не се почувствува поразлично од пријателите и општо околината. Зошто не е поразлично, човек е и тоа е тоа што е важно. Сексуалната ориентација не не прави поразличен тип на луѓе, со различни потреби. Сите имаме потреба за љубов и прифатеност, тоа не се менва.
@Petra777 тие жени што примаат хормонска терапија лечат здравствен физички проблем. И терапијата ја примаат по своја волја. А хомосексуалноста не е таков проблем, дури и не мора хормоните да се во прашање. Ако тебе ти даваат хормони сметаш дека можат да те преобразат во хомосексуалец? Едит- или пак дека жени со полицистични јајници кои имаат зголемен тестостерон смениле сексуална ориентација?
@Petra777 јас не планирам брак а сакам дете. Замисли го тој хорор и брука, еманципирана жена, ситуирана, памерна не сака да биде во брак а сака дете. Ма ужас!!!
Знаете за промена може треба да слушнете и едно ЛГБТ дете и каков е неговиот живот со родители како вас. Има мал милион видеа по интернетов, ама нее, вие сте битни, вие и вашата среќа.
Имаш родители кои раѓаат дете и сакаат тоа да е среќно макар и по цен на нивната „ несреќа„ а имаш родители кои во децата гледаат инвестиција за чување на старост, за правење помпезни свадби со триста адети и вадење чаршав на прозор после 1 брачна ноќ за да се докаже дека ќерката е чиста или синот маж!!!
Или родители кои сакаат нивното дете да е од глина и да може да го моделираат тие како што сакаат и како на нив им одговара.
Не ни размислувале, и ни сега не ни размислуваат, драга, тоа е проблемот... Како што вели цитатот, полесно е да се суди отколку да се размислува, па на некои за тоа им служи мозокот. Не знам што да кажам, 1080 степени превртување очи не ми се доволни за нечии гадости. Само за нивните деца еден ден, ми е жал. Тие хормонски терапии треба да се забранети со закон, и се надевам дека организациите за ЛГБТ права ќе се изборат да станат нелегални и казниви во поголемиот дел од светот пред хомофобите тука да имаат деца.
Хммм,имам во фамилија братучед кој е хомосексуалец. Луѓе колку е несрекен . За греота е ! Јас знам оддамна за него , ми има кажано.Со мене е отворен. Но со околината хаос.Неговите знаат, ама не знам колку знаат и што знаат.. Неизреализиран, живее со стравови итн. А возрасен маж е ! Од ова искуство кога размислувам што ако син ми еден ден ми се отвори и ми каже вакво нешто , ке го поддржам 100000 % . Нема да ми биде по кеиф, не го сакам тоа за него . Ама нема да дозволам да е несрекен,мизерен и неизреализиран. Штета за тие луѓе што живеат тука, и со вакво општество. За болест не е болест ова, такви се рагаат. Мислам дека сега и многу е модерно да се биде хомосексуалец низ светот. Гледајки низ youtube, и низ интернет што се случува. Како и да е многу тешко за секој родител .Но тешко и за нив кои живеат со родители кои не можат да ги разберат .
А јас пак 28 набљудувам девојка на твоја возраст која имаше релативно долга врска, го носеше дечкото дома, т.е можам да кажам се пресели типот. Најде друга ја откачи. Знаеш каков траг има таа сега? Животот без антидепресиви и е незамислив. Изгубена е во време и простор, сменета е, жал ми е да ја гледам како се упропасти. Што е пострашно, да и се развика родител и да не дозволи толкава блискост или некој идиот да и загорчи живот само зошто наишол на згодна колешка?
Хомосексуалноста не е неубава работа, Рефке. И никогаш тоа нема да стане за нас. Пороците, насилството се... И хомофобијата исто така Човечноста и информираноста се константа, која кога ќе станеш родител треба само уште повеќе да расте. И не, една членка тука не заслужува ни трошка почит за нејзините постови. Ние не сме модератори, па не ни треба таа политичка коректност
Како е ова релевантно Петра? ^.- Факт е дека многу работи оставаат негативни трагови врз нечиј живот и ако бар малку сакаме некој ќе се обидиме ние да сме најмалку виновни за тие негативни трагови и ќе сме поддршка за надминување на моменталните негативни трагови. Да беше тема за изневерување или токсични врски ќе ти вратев посоодветно, ама не е.
Мене друго ме интересира... Кој е тој доктор што здрав, млад пациент ќе го клука со хормони кои се примаат во точно предвидени болести? И како би течел разговорот? - Здраво докторе, детево ми е геј, аман излечи го. - Нема проблем, сестро давај хормоните. Се читате ли што пишувате? Ако некогаш се најде таков "доктор", да го пријавите, комора да испита колку ја почитува Хипократовата заклетва за етичко однесување кон пациентите.
Едно е да му укажеш на детето дека греши во постапките, а друго е да го деградираш како личност и да го ништиш, да го лечиш и да го третираш како монструм само затоа што е геј!!