Нема зш да ми кажат, се гледа од километри. @Someonespecial ако е така, оти се срамат да искажат определеност, емоции, сексуални искуства како сите преостанати? Може и мене ќе ме "закопка" за пробам, од кај знаеш.
Абе се гледа и она за дисфункционалните семејства што го пишав на километри, исто кога се пронајдете одма други ви се криви
кој те пак тебе назначи да кажуваш на каде треба да водат врските аман веќе што не ке се изначитам пу
@Petra777 Дали тоа значи дека не би му дозволила на своето дете да стапи во брак со личност од спротивен пол, ако тој истиот на пример не може да има деца? Затоа што нели тоа "не води никаде"
@Petra777 треба да се срамиш пред Богот што го величаш, мислењава не доликуваат на возрасна личност. Приватност си чуваат од токсични луѓе полни со омраза како тебе, и не е зараза па да те *закопка* да пробаш.
Читајте ги Humans of New York. Има навистина humans во коментари, како и повеќето тука освен овие исклучоциве
Нема да ми биде мило искрено ама тоа е што е...Сигурно нема од дома да го избркам исто ќе го сакам тоа е мое дете.
Од толку многу стравови што ги имам за децава и нивната иднина, ова не ми паѓа ни на памет бидејќи не би се ни штрекнала. Живи, здрави и среќни деца и јас ќе бидам среќна мајка.
Ова кога ќе го прочитам не знам дали стварно верувате во ова, филм си правите или е плод на ваша имагинација и сакате да си "докажете" поента. Кој хомосексуалец тебе би ти се доверил, би ти раскажал искрено што чувствува, кога ти за ненормални ги сметаш. Па уште не гледал иднина со партнерот, хаха. Тебе, на класик конзервативец ќе ти кажува што си прави во кревет дома. Сиииигурно. Тебе може да те трола некој само и да ти прави филм дека се покајал, променил, а во душата секогаш да си носи љубов кон ист пол. Вие може да си се разубедувате себеси до утре дека е неприродно, ама поприродна работа од љубовта нема. Никој не треба да се откаже од неа. Ниту за родители, ниту за никој. Затоа што секој човек заслужува да е среќен. Со машко или женско до него, сеедно.
Болдирано!! А иначе хетеросексуланиве што се едни моногамни!!!! Се читаш ли бе ти што пишуваш?? Се пердашат кој кај ќе стигне, за 6 месеци од свадба се разведуваат, и ти ми споредуваш геј и стрејт верност?? Знаеш дека напротив, оние геј двојки кои се сакаат се во проценти помоногамни од стрејт браковите?? Оние пред црква пред се. Ај иди те молам. Што мислиш, дека ако е некој геј иде по улици и силува луѓе од ист пол?? Господе боже, место да се плаши дете да не и тргне по криминал и дрога она важно детето геј да не е !!