Ај само одговорете ми на кој начин ќе го воспитате детето да ви биде стрејт? Мене не памтам да ми збореле "ќеркоо, само мажи има да сакаш", па уште на 6 години имав симпатии кон машко другарче тогаш. Дури и дома им кажав и ме зезаа за него. А и моментално сум стрејт и имам дечко, да не ме мислите И не сe' што е природно е добро, и не се' што е неприродно е лошо. Сфатете ја факинг разликата веќе. Можам 10тина примери да набројам за ова, ама пустите ваши мозочиња немаат капацитет за тоа
Да ти мислењето ако планираш да го истераш детето од дома само затоа што е геј. Свесна си што пишуваш? ТВОЕ ДЕТЕ Е ТОА
ajde gleajte si ja vasata rabota. Da, svesna sum za toa sto go pravam. A dali ste vie svesni so toa sto go pravite?
На светов има премногу нешта кои може негативно да влијаат на вашиот живот, а вие барате уште толку. Црнци, хомосексуалци, муслимани... Еден ден сами себе нема да можете да си се поднесете.
Не би ми било сеедно, ама би прифатила со тек на време. Ако јас не го сакам и подржувам своето дете такво какво што е, кој друг би?
Темава за мене е доста болна. Од причини што мојот најдобар другар од градинка беше геј. Од 3 години се дружевме, заедно учевме и во основно до 8мо одделение, подоцна неговите се преселија во странство, веројатно поради навредите што ги трпеше во околината. Секогаш беше таков, на 3 години, приметно беше дека го привлекуваат машки. Додека во градинка јас имав прва симпатија машко, имаше исто и он прва симпатија машко на 4-5годинки. Блиски бевме, се знаев, а он се срамеше од тоа. Во основно децата баш беа сурови, општо во класот беа деца што премногу малтретираат, но тоа е друга тема. Го навредуваа што се дружи со женски, што е очигледно дека го привлекуваат машки, го тепаа, трпеше тортура. Еве го сега, во странство, за некој месец полни 18. Таму изгледа е одлично прифатен, си го смени стилот, изгледа навистина како женско, а и да признаам позгоден е на тело од многу женски. Не е тоа ненормално, ненормално е целата тортура што ја трпеше во неговото детство. Штета што го изгубивме контактот откако се пресели, но го имам на инста и фб и баш ми е мило што слободно си е тој што сака да е надвор од тука. Ако имам такво дете секако дека ќе го прифатам. Тоа не е болест, едноставно ете го привлекува истиот пол и тоа е тоа. Секако дека ќе сум му поддршка и би се борела против сите. Дури најпаметно би се преселила надвор од тука за да не мора да се крие и да си го уништува животот, бидејќи тука луѓево само знаат да осудуваат.
Па да, посоодветен термин веројатно Но, доколку останеше во државава веројатно ќе требаше да глуми дека е стрејт за да не го малтретираат.
Е ова е можеби најдоброто мислење на цела тема. Можеби некогаш треба да ставите прст на глава и да размислите за тоа со какви проблеми се соочува едно ЛГБТ дете, кое најпрво треба да се прифати самото себеси, потоа следува еден долг и макотрпен процес каде треба да им каже на родителите, а секој чувствува љубов спрема своите, сака да не е причина за нивно страдање. Потоа откако можеби никогаш нема да наиде на разбирање од своите (ако му се трефнат некои како вас), следува околината, која е најлоша. Осуда, лошотија, посакување на се најлошо на такви луѓе, кои никако, ама апсолутно никако не ви наштетиле. И нормално, секој сака да е осудуван, малтретиран, омаловажуван, да му се кажува дека е ненормален и никогаш да не може да си го држи човекот кој го сака под рака. Затоа "решаваат да станат геј" пошто нели лесно е. Е ова е секојдневието кај нас, а такво е само заради вас, почитувани господа, кои сте најкратко кажано злобни луѓе. А од вакви како вас изгинале милион луѓе во минатото, јас упорно пишувам историски факти, а вие упорно ме игнорирате и си се повторувате како расипан грамофон, неприродни, изопачени, педофилија и зоофилија, кои апсолутно немаат никаква врска со темата. Ова за вас @Petra777 и @Vitaly . Убаво ви напишав дека хомосексуалноста е постара и од христијанството, неколку страни поназад. Е сега да ви кажам што вашите истомисленици правеле. Кај муслиманите геј луѓето биле камшикувани до смрт. Освен со камшик, "религиозните" луѓе од други вери ги убивале хомосексуалците со каменување, ги палеле живи или ги фрлале од високи места. Насекаде низ светот почнала кастрација на геј луѓето. Инквизиторите во 1184 година почнале да ги носат на бесилка каде пред да ги обесат крвнички ги тепале хомосексуалците. 7 векови (седум, тоа се 700 години) не смеело да се помисли на јавно искажување на афекција кон ист пол затоа што ги убивале на најгнасни начини. Дури во 1700тите години Франција и Америка се "свестиле" па почнале да ги фрлаат во доживотен затвор, наместо да ги убиваат. Секој пат кога ќе речете дека хомофибија не постои, нека ви текне на мојов пост, да видите што се вашите претходници правеле. Сета среќа сега има некаква минимална заштита за вакви луѓе, а инаку да бевме во изминатите години, јас сум сто посто сигурна дека вие најголеми верници први ќе фрлевте камен да убиете некого.
На крајот и оваа крстоносна војна против геј популацијата и остали ќе заврши со голема победа врз крстоносците, нивните пагански религии и лажни богови, победата ќе биде прославена во главниот град со геј парада , каде што крстоносците ќе немаат никаков избор освен да гледаат немоќни , да пишуваат и заканувааат на интернетот. Да се чуствуваат немоќни да го сменат светот што иде спротивно од нивните верувања ,учења ,принципи и остало ќе биде најголемата казна за крстоносците. И да би било поубаво ако се откажете од детето поради такви причини , подобро да расте со луѓе или само макар што ќе го прифатат него ментални створења што ќе го лечат и ќе го уништат психички и физички.
Боже Петрааа. Те молам земи читни, едуцирај се па пишувај по темиве. Прво научи за што се зимаат хормонски терапии па после "продавај" памет. И, прво роди дете и израсни го, па после збори. Никој да нас не може да знае што не чека во иднина со нашите деца.
@Someonespecial Во врска со темата, јас би го прифатила моето дете како и да реши да го живее животот, секогаш ке има подршка од мене како родител. Морав да искоментирам за мислењето затоа што имам сретнато и низ други теми како истата членка се нуди на некој кој не и ни побарал. Да, гадно е! Маж да ти го напише истото, па нека е и сарказам, ке имаше бурни реакции 100%. Може и со други зборови да се искаже мислење.
Не можете на некој да му сменете мислење ако е убеден во нешто. Ако моето дете ми каже дека е геј ќе се помирам. А дали оправдувам или не е друго. Нека е она среќна само
https://www.gaystarnews.com/article...eath-325-trans-people-killed-year/#gs.Hmc9H28 Е ова ми е гадно! Да убиеш, маваш со камења и тепаш некого заради нешто што не те ни засега тебе. Не се плашам од геј луѓе туку од „верници“ кои се спремни да убијат некого заради тоа што е. Изгледајте го видеово и видете што значи љубов за свое дете. Како не ви е жал, стварно не разбирам. Детето нека ми биде здраво, живо и паметно. Другото не е важно.
Мене не ми е јасно зошто се навредувате меѓусебно и зошто ги навредувате тие кои донеле таква одлука во животот. Вас никој не ве тера да бидете нешто што не сакате ниту ве присилува. Со ова што се навредувате само покажувате какви личности сте и колку сте трпеливи. Не значи дека ако некој е геј е лош човек или прави нешто погрешно. Тоа е нивен живот и никој нема право да им се меша и да им кажува што да прават. Па дури ниту родителите иако тие како што велат ги создале нив им дале живот. Живејте си го вашиот живот не се замарајте со другите и дозволете им на вашите деца сами да си го одберат патот и да донесуваат одлуки за било што во животот. Можеби звучи банално но така е.
Проблемот е што многу родители сакаат да ги моделираат децата по некој нивни замислен терк во многу сфери па така и сексуалната. Кога основаат семејство последно што им доаѓа на памет е дека би можело токму нивното да излезе хомо. Јас до некаде и ги сфаќам тие што се загрижени што ќе каже околината. Можеме до сабајле да се лажеме дека е 21 век, но колку луѓе сеуште се огледуваат во туѓите дворови трачарат осудуваат покажуваат со прст на секој шо е поразличен Епа затоа не би ми било сеедно. Нема да ми е сеедно моето дете да треба зад затворена врата да е среќно Да не може слободно да излезе со партер држејќи се за рака Нема да ми е сеедно што ќе е одбележано, покажувани со прст само поради своја сексуална ориентација Јас ќе го прифатам како мајка многу логично,ама душата секогаш ќе ме боли што нема да може да е наполно среќен Многу повеќе би ме скршил фактот да е педофил социопат силувач убиец садист.. Тогаш би го носела на психијатар и од петни жили би се обидела да го сменам Не ставајте педофилија и хомосексуалност во ист кош Педофилот има нагон спрема дете несвесно за сексуалноста. Што значи кога би дошло до сексуален чин тоа дете е силувано. Обљубено на сила За разлика од хомосексуална врска каде две одрасли особи свесно и своеволно се впуштаат во нешто Така да среќата на детето ми е најбитна јас искрено си се надевам дека ќе е како мене, татко му и нашата околина, ама да не е да сме живи и здрави ќе се научам да живеам со тој факт. Али бркање од дома и откажување.. Поради ова не никогаш
Да се самоцитирам од лани, истиот став го имам и по една година и нема да го променам. Баш ме интересира на gay pride parade, овие што лазат на што се горди? Еве и деца во позадина „убава“ глетка имаат Греота како се воспитани од мали нозе.
Да браво, си нашла 1 (една) лоша слика и ајде сега ке ја вклучиме како анти-лгбт аргумент. Ова не го оправдувам. Зашто парада на гордоста треба да биде пристапна за сите возрасти а нормално, ова е непристојно. Ова се луѓе кои претерале и внеле BDSM на место каде што не треба. А еве како најчесто изгледаат парадите и сум сигурна дека се полни со атмосфера на љубов, среќа и гордост.
@carangigia, првата слика не е од геј парада- https://www.mirror.co.uk/news/uk-news/glastonbury-truth-behind-picture-boy-3785948 и е направена на познатиот музички фестивал Гластонбери во Англија. На политички митинзи не ви сметаше деца да се влечкаат, ама не дај боже деца во живо да видат хомосексуалци Инаку, се знае дека на геј парадите има голотија, а децата секако дека сами не отишле таму, што значи дека нивните родители се океј со тоа што нивните деца го гледаат Исто како родителите кои ти и твоите сопартијци ги браневте пред некое време во политичките теми. И да, сосема се согласувам дека екстремен бдсм елемент е непотребен во парада за љубов и толеранција.