А другите слики м? Лoшa ти е спoредбaтa. Нa прoтестите имaлo мaли децa сo знaмињa нa Мaкедoнијa, нивните рoдители сaкaле дa им oбјaснaт декa требa дa се сaкa тaткoвинaтa, a вoеднo и дa се бoрaт дa oснoвaaт тукa фaмилии. Нa шaрените прoтести се фрлaше бoјa врз спoменици нa луѓе кoи гo дaле живoтoт зa Мaкедoнијa и тaму имaше децa пa не видoв ти и твoите сoпaртијци дa се пoбуните. Тoa е тaa рaзликa. Акo нa некoј рoдител му е нoрмaлнo дете oд 4 или 5 гoд. oвa дa гo гледa, мене фaлa Бoгу не ми е нoрмaлнo. Кoгa рoдителoт ќе гo oднесе дететo нa вaквa пaрaдa дететo без рaзликa дaли сaкa или не, принуденo е дa гледa. Ете кaкo oд мaли нoзе им нaметнувaaт пoгрешни вреднoсти вo живoтoт. @zalosna жaлoснo зa децaтa, уште пoжaлoснo зa oние кoи гo oдoбрувaaт oвa.
Детето е вознемирувано и на парада сликано, исто колку што Северина беше премлатена на вемеровскиот протест Сликиве се скроз misleading и врска немаат со тоа како изгледа една парада. Не сум фан на истите, мислам нема потреба од парадирање, иако се одвиваат во најцивилизирани услови ( колку што им дозволува околината ) Дури и во такви услови, приказни ќе се спинуваат, ќе се вадат слики и наслови од ракав со цел нивно оцрнување. Меѓу нив има и платеници, луѓе кои не се во најмала рака ни би а камоли геј, платени за да направат инцидент и да се стави црна дамка врз целата манифестација. Тоа што група луѓе ќе излезат на улица да ги побараат своите права, не ве загрозува ни вас ни идните генерации. Напротив, го прават полесен патот за нив. Човештвото го загрозуваат војни и предрасуди, произлезени од квази патриотски христијански пропалици, за кои бог и татковината се се што имаат на овој свет. и кои некој си комфорт наоѓаат во патриотизмот, кој го практикуваат на скроз погрешен и твистед начин. Повеќе чувајте се од латентните гееви, отколку од правите.
Геј парадата е парада, како и онаа во Рио Де Женеиро и има луѓе со костуми, некогаш и провокативни, како и во Рио.. Каде милиони луѓе од цел свет одат да присуствуваат. Кај нас дека некој би се соблекол гол, тешко. На досегашни настани на ЛГБТ што сум присуствувала, никој не бил ни провокативно облечен, па камо ли гол Не паничете. Нема да гледате голи во МК по улица, најверојатно.. никогаш
Кога некое од дечињата,во иднина возрасни луѓе би ми соопштило дека е геј: 1.ќе се шокирам 2.сигурно нема да го прашам ни зошто ни како дека нели тоа не е прашање на избор 3.ќе се потрудам да го прифатам како такво Иако не ми звучи нормално да бидам искрена,навистина би се потрудила да разберам
Ви снема аргументи, па дојдовте до шокантните моменти од геј паради што секако се најинтересни за новинарите? Најсериозна опасност и за деца што ќе се најдат на геј парада, а и за возрасни - се агресивните хомофоби. „Алфа мажјаци“ какви што вие 2-3 тука ќе воспитате да мислат дека е океј да помодрат некој што не се срами со својата сексуална ориентација. За голи луѓе со БДСМ егзибиционизам (што секако не оправдувам) шансата да видат такви е 1/100 најмногу, ама од ваши истомисленици желни за инциденти е реално дека можат да настрадаат, па затоа ниту јас не би однела дете таму. Неодамна во Солун четворица ропаци турнале во море двајца учесници на геј парадата - а не видов никакви слики од егзибиции од таму. На такви идиоти доволен тригер им е виножитото и среќата на луѓе поразлични од нив за да реагираат ко биковите на црвената, да им се разбуди животинскиот инстинкт за насилство. Свестете се и излезете од филмот дека сте мудри и на прав пат, жално е за децата што ќе ги воспитувате.
Оф мори мајко до кај дошла темава. Си мислам за овие што хомосексуалноста им е нешто гадно и первезно, додека си мислат дека нивните деца имаат пуритански секс, (каде што во пижами и заемнета соба под јорган за да не се видат голи за 5 минути мажот се качува на жената и завршува со работа) , како би реагирале да ги начекаат во некој садо мазо секс, она хард кор СМ, тројки, четворки, оргиии?? Мислам дека нели хомоскесуалноста е најстрашното и најоерверзното нешто.
Неможам да се изначудам на грото популација во нашава земја, парадоксално, религиозни христијани, учени да шират љубов, без предрасуди, а всушност истите тие имаат најмала толеранција, да не речам, омраза према геј-популацијата. Жално е што, истите ваши мислења и тези ги наметнувате на вашето семејство, на вашите деца да вршат дискриминација на различните од вас. На крајот од денот, никој вам не ви се меша во вашиот сексуален живот, па оттука која е потребата, вие да се мешате во туѓиот. Дали моето дете би било геј или не, не треба никој да го засега. Премногу сме заостанати, неинформирани и нетолеранти за оние кои се оставени на маргините на општеството. Уште позагрижувачки е фактот, дека сеуште постојат луѓе кои сметаат дека хомосексуалноста се лечи на доктор или пак дека претставува ментална болест. Тоа повеќе говори за вашиот менталитетен склоп и дегенеричен ум. Апропо во вашата околина има повеќе хомосексуалци отколку што можете да претпоставите, тоа може да биде вашиот пријател, другар, колега, роднина, комшија со кој вие секојдневно комуницирате,живеете, другарувате, чуму таа дискриминација која доведува до нивна несреќа и чемер. И пак, премногу сме македонштина за да ги прифатиме оние кои се декларираат како различни од нас.
"А што би направиле вие" Емисијата е социјален експеримент, секоја епизода опфаќа различна тематика. Ова видео ме потсети на темава па затоа и го постирам. Гледајќи го видеото солзи ми потекоа, прво од помислата дека се уште има такви родители кои неможат да ги прифатат своите деца ако не се вклопуваат во калапот на општеството. А исто така ме расплака реакцијата,поткрепата на луѓето од околу,што значи и не е се така црно,значи сеуште има надеж за човештвото.
Да, мене ми се скрши срцето за мајката што кажа дека би го прифатила синот ако беше "драг квин" но незиниот син е починат и она само што се враќа од гробот на синот
Ако мислите дека сте многу добри родители со тоа што ќе го исфрлите детето и нема веќе да го сметате за син/ќерка, не сте. Оти во една тема зборите дека детето за ништо не е криво и дека безразлика во каква ситуација сте тоа треба да е на прво место, тука го докажувате сосем спротивното. Не навлегувам во која тема. Сум кажала еднаш и ќе кажам пак, сакам детето да ја има таа слобода да ми каже, и не нема да превртам небо и земја да го сменам, оти не може да се смени, туку ќе превртам небо и земја да му овозможам среќен живот на место подалеку од луѓе како вас. И да постои хомофобија, оти има луѓе кои не се хомо и не ги интересира што другите прават со себе, дали се хомо или не, а има и луѓе кои не само што ги засега туку се убедени дека тоа некако им влијае на нив, а стварно не знам како им влијае, оти не верувам некој што е геј навлегува во интимата нан хетеро пар и мрази некого зошто е хетеро, само обратна ситуација имаме.
Сакам да ги разберам а не можам оние што би го избркале сопственото дете само затоа што е геј. Како прво сексуалната ориентација не е избор, второ никој го нема тоа ексклузивно право да каже некому каква ориентација треба да има, трето родителска поддршка е најважна за да вашето дете да израсне во стабилна личност а не сексуалната ориентација.
Ќе го прифатам такво какво што е.Без да го осудувам, поддржувам хомосексуалност ама и да не поддржував никогаш не би му наштетила на моето дете или би го повредила. Секусалната определба е лично право и никој од нас не може да се меша друго му во тоа макар и дете да ни е. Само да е живо, здраво и среќно.
Секако дека би го прифатила. Иако би била многу разочарана. А од друга страна ќе ми би биде и страв за него поради нашиот менталитет...
Како треба да реагирам ? Па сум го откинала од душа, сум го носела под срце и како да реагирам ? Ни око нема да ми трепне, ниту пак нешто ќе се смени. Досега мајките на сите геј пријатели што ги имам велат дека знаеле дека нивните деца се геј уште пред да признаат. Тоа е природна работа, не е ни до хормони ни до гледање сцена со истополов пар па да влијае. Да гласеше темава ,,Како ќе реагиравте ако вашето дете е убиец" е тогаш и да има простор за дискутабилност, ама да ти е дете геј и ти заради тоа да го бришеш тоа е полошо и од чедоморство!
Се работи за 14 годишно машко дете.. Има потези и наликува на геј, секако сеуште е мал, но родителите се плашат.. може ли тоа да се "спречи" ? Нешто да се превземе?
Не може. Со реакција било каква само може повеќе да го збуните. А и какви се тие потези ? Мојот гинеколог е фемкаст како госип грл а има две ќерки и успешен брак 30 год веќе.